Еве и малку вести од “Та Неа“ - напис објавен во сабота, 22.март
Свршувачка Made in USA
На масата останува отворено името “Нова Макеоднија“
репортажа на Ирина Каранасопулос
На вчерашната средба Бакојани-Милошоски oдржана во резиденцијата на американската амбасадорка во НАТО Викторија Нуланд, под “надзор“ на американскиот помошник министер за надворешни работи Даниел Фрид беа забележани пукнатини во нетолерантноста на БЈРМ. Амбицијата на американците да биде потпишан заеднички меморандум не беше постигната, барем не целосно. Согласно со информациите (од дипломатски извори), на масата останува американското инсистирање на сложеното име “Нова Македонија“.
По средбата, која траеше два часа и 45 минути, двете страни дадоа писмени изјави, во кои ја искажуваат решеноста да најдат решение во преговарачкиот процес под водство на Нимиц. Текстот на изјавите беше “во режија“ на Фрид, бидејќи американците бараат спогодбата меѓу двете страни да биде постигната со временски хоризонт пред самитот на НАТО во Букурешт. Сепак, и Бакојани, и Милошоски мислат дека е незамисливо да има таков тип на спогодба. Карактеристично за “американската инспирираност“ на изјавите од двете страни е и она што се случи со изјавата на Скопје: додека министерот за надворешни работи Антонио Милошоски сеуште не ја беше дал изјавата, американската новинска агенција објави како негова изјава текст идентичен со изјавата на Кумуцакос. Објаснението дадено во Брисел било дека најверојатно на американците им се брзало да го пуштат текстот, и едноставно, изјавата на Кумуцакос била на располагање порано одошто изјавата на скопјаните!
Дора Бакојани имала одделна едночасовна средба со Даниел Фрид пред тројната средба со Милошоски. Деталите за оваа средба не се познати. Во секој случај, како што велат дипломатските извори, на тројната средба биле направени суштински чекори. Преговорите во Брисел, се вели, придонеле “да се разбие бетонот“ кој од страна на БЈРМ го покажува воглавно премиерот Николас Груевски.
“Имаат направено чекори наназад“ - велат, споредувајќи ја средбата на Бакојани и Милошоски со средбата што министерката за надворешни работи ја имаше со премиерот Груевски пред осум дена, исто така во Брисел, кога двете страни изјавија дека остануваат цврсто на своите позиции.
Њу Јорк. Истите извори забележуваат дека во текот на средбата во резиденцијата на Нуланд имало не само размена на идеи, туку и суштинска дискусија, и дека прифаќаат дека најголемиот проблем за двете страни е името, а во помал степен широчината во која ќе се применува името. Истовремено напоменуваат, дека самиот факт што Скопје преговара за суштината значи дека веќе ја донеле конечната одлука што ќе доведе до решение - барем пред Букурешт.