Се извинувам што закаснив на забавава. Избришав едно 50 поста, бидејќи беше ужасија да ги гледам... Едно да ви кажам, многу лесно може некој да не уништи денеска, како држава - тоа го сфатив. Доволно е било кој аутлендер да пушти една патка меѓу нас, а ние да се заколиме дури одлучиме чија е, кој ќе ја печи, кој ќе ја јаде. Жал ми е, зошто не сум воспитуван да мразам и да непочитувам право на мислење.
Принц да биде тргнат од модератор бидејќи кажал дека Македонците се недефинирана нација? Не се согласувам. Нити дека треба да не врши работа која ја врши солидно, поради неговото мислење дека бил вршен геноцид - иако е пропагандистички, на такво мислење се одговара како што одговори 1307, а не со примена на "сила".
За сите останати кои се запалија и во жарот заборавија дека откако ќе се отрезнат и ќе се разбудат, треба да продолжат да живеат во земјава каква што е - немам посебен коментар.
Ми се допаѓа кога јавно, јасно и гласно ќе прочитам дека албанците ја сакаат Македонија, ја поддржуваат Македонија - што е сосема нормално кога станува збор за мајчината земја. Од друга страна, ми се повраќа кога ќе видам распалување на некаков си национализам од една искра (читај погоре: патка) после што сите веднаш стануваме суперхерои кои ќе ја одбранат татковината од црната чума... Ма дајте, ве молам... Имаме реалност, и имаме начини на носење со неа.
Јас сум за пиво, муабет, јајце за велигден за Адиљ, баклава за бајрам за Боби. Ако некој терминолошки а и во пракса правел работи за политички цели, не мора и ние да свириме ("to blow") во кавалот.
Ова е мој суд, некој помудар нека постапи поинаку ако смета дека треба: Не банирам никого, нити од тема нити од форум. Не гледам резон во тоа, на темава... Да, во разочарување го велам ова. Што ако банирам некој? Ќе го промени мислењето? Ќе сфати дека меѓу црното и белото има и сиво? Ќе прекине со силење пред монитор?
Не срца мои. Ќе се научиме да живееме како што треба, или ќе не нема. Изборот е наш.
За крај, Добро ви утро. Повелете по дискусија на темата која гласи:
Буш одобри воена помош за Косово