Буш одобри воена помош за Косово + бонус балкански турлитава муабети

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Абе некако како само да бараат закачка со Русите, ама нешто некако чудни ми се русиве, пред прогласувањето на независноста на Косово, постојано крекаа, а по тоа некако тоа како нагло да престана и ништо од истокот, само така посериозно ми делуваа дека ако НАТО го пречекори мандатот ќе одговорат воено. сега за сега светот е во Америка.
 
Член од
20 февруари 2008
Мислења
210
Поени од реакции
3

i sekogas taka ke bidit!a rusija samo vo istorija!
 
Sturmgewehr

gadget
Член од
9 март 2008
Мислења
537
Поени од реакции
35
Абе некако како само да бараат закачка со Русите, ама нешто некако чудни ми се русиве, пред прогласувањето на независноста на Косово, постојано крекаа, а по тоа некако тоа како нагло да престана и ништо од истокот, само така посериозно ми делуваа дека ако НАТО го пречекори мандатот ќе одговорат воено. сега за сега светот е во Америка.
Русите се стра приказна ги видовме. За се кукат а ништо не прават ти гледфај од екопномска страна, како се води војна, епа бате војна не се води само со пушка таа војна баа финанскиска подршка и има големи трошоци не мислам Русија не оти не мислам али сигурен сум дека Русија ништо нема да направи, на Русија и војна и фалит и ке потоне целава нема како да ја издрши војнава ме свакаш Светска сила е али што ако е тие Атоските и рѓосуват по акацини и ништо.

Русија не прајт шамата си знае до кај и е черата до таму ги пушта нозете.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
ќе кажам само едно.. недопустливо е селаштината и македонска и албанска да пцуе и вреѓа тука на форумов, затоа постојат модератори кои треба да ги бришат таквите постови...

Ама кога модераторот во неколку наврати ми кажува колку сме ние Македонците недефинрана нација и ред други навреди тоа треба да биде санкционирано од повисоко ниво...
Princ под хитно да го врати модератор статусот, или администраторите да му го одземат поради експлицитни навреди на Македонците.

Не барам да се воведи опција "банирај албанец" туку да се воведи опција банирај сељак, а сељак се знае како се идентифкува. Се разбира не треба да кажам што треба да се стори со сите кои ги вреѓаат и Албанците.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Русите се стра приказна ги видовме. За се кукат а ништо не прават ти гледфај од екопномска страна, како се води војна, епа бате војна не се води само со пушка таа војна баа финанскиска подршка и има големи трошоци не мислам Русија не оти не мислам али сигурен сум дека Русија ништо нема да направи, на Русија и војна и фалит и ке потоне целава нема како да ја издрши војнава ме свакаш Светска сила е али што ако е тие Атоските и рѓосуват по акацини и ништо.

Русија не прајт шамата си знае до кај и е черата до таму ги пушта нозете.
Русија ја пушти еднаш чергата колку што сакаше да ја пушти и цела Европа простенка од Руската чизма.Можеби намерата на САД и овојпат е истата,некако Европа како да им забега малку а?Се сеќавам како пола Германија научи да зборува Руски едно време,но тоа за Албанците и нема да биде тешко со оглед дека имаат добро познавање од Српски,барем оние кој живеат на Косово и во Македонија.:smir:
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Се извинувам што закаснив на забавава. Избришав едно 50 поста, бидејќи беше ужасија да ги гледам... Едно да ви кажам, многу лесно може некој да не уништи денеска, како држава - тоа го сфатив. Доволно е било кој аутлендер да пушти една патка меѓу нас, а ние да се заколиме дури одлучиме чија е, кој ќе ја печи, кој ќе ја јаде. Жал ми е, зошто не сум воспитуван да мразам и да непочитувам право на мислење.

Принц да биде тргнат од модератор бидејќи кажал дека Македонците се недефинирана нација? Не се согласувам. Нити дека треба да не врши работа која ја врши солидно, поради неговото мислење дека бил вршен геноцид - иако е пропагандистички, на такво мислење се одговара како што одговори 1307, а не со примена на "сила".

За сите останати кои се запалија и во жарот заборавија дека откако ќе се отрезнат и ќе се разбудат, треба да продолжат да живеат во земјава каква што е - немам посебен коментар.

Ми се допаѓа кога јавно, јасно и гласно ќе прочитам дека албанците ја сакаат Македонија, ја поддржуваат Македонија - што е сосема нормално кога станува збор за мајчината земја. Од друга страна, ми се повраќа кога ќе видам распалување на некаков си национализам од една искра (читај погоре: патка) после што сите веднаш стануваме суперхерои кои ќе ја одбранат татковината од црната чума... Ма дајте, ве молам... Имаме реалност, и имаме начини на носење со неа.

Јас сум за пиво, муабет, јајце за велигден за Адиљ, баклава за бајрам за Боби. Ако некој терминолошки а и во пракса правел работи за политички цели, не мора и ние да свириме ("to blow") во кавалот.

Ова е мој суд, некој помудар нека постапи поинаку ако смета дека треба: Не банирам никого, нити од тема нити од форум. Не гледам резон во тоа, на темава... Да, во разочарување го велам ова. Што ако банирам некој? Ќе го промени мислењето? Ќе сфати дека меѓу црното и белото има и сиво? Ќе прекине со силење пред монитор?

Не срца мои. Ќе се научиме да живееме како што треба, или ќе не нема. Изборот е наш.

За крај, Добро ви утро. Повелете по дискусија на темата која гласи: Буш одобри воена помош за Косово
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Доволно е било кој аутлендер да пушти една патка меѓу нас, а ние да се заколиме дури одлучиме чија е, кој ќе ја печи, кој ќе ја јаде. ... За крај, Добро ви утро. Повелете по дискусија на темата која гласи: Буш одобри воена помош за Косово
Прости Серпико, но токму темата е таа што потпалува. Дедо Буш ни пушти една патка чија задача не е ништо друго освен тоа што го напиша ти: “распалување на некаков си национализам од една искра после што сите веднаш стануваме суперхерои кои ќе ја одбранат татковината од црната чума“.

Не треба да си Ајнштан па да разбереш што значи оружје во рацете на Хашим Тачи, Агим Чеку и Рамуш Харадинај, Ниту е потребно да разбереш што значи за нас, а што за албанците американската поткрепа за Али Ахмети и разноразните “команданти“. Ниту пак е потребно многу ум за да се разбере заради што и кому му беше потребна пропагандната реторика на Медлин Олбрајт за “геноцид“ врз албанците.

Ставот на повеќето албанци кон дволичната потпалувачка патка на дедо Буш е чист - ја одобруваат, им го потхранува егото. Не е добар, би сакал да чујам коментар од типот “прво сум човек, а потоа албанец“.

Ставот на повеќето македонци е длабоко, до коска амбивалентен. Растргнати меѓу љубовта кон њато и Буш, од една страна, и болката поради не така одамнешните албански насилства потпомогнати од истите тие њато и ус, ја разрешуваат неподносливата противречност со типичен психолошки механизам - ја проектираат омразата врз албанците. Би сакал да видам позрело однесување.

А темава, навистина оптоварува и е тешка, речиси невозможна да биде дискутирана само како политичко препукување.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Прости Серпико, но токму темата е таа што потпалува. Дедо Буш ни пушти една патка чија задача не е ништо друго освен тоа што го напиша ти: “распалување на некаков си национализам од една искра после што сите веднаш стануваме суперхерои кои ќе ја одбранат татковината од црната чума“.
Знам се, ама сакам Face the fear! терапија. Башка, паткака ќе пропаткува во комшии. Ворнер Брос стајл, Дафи Дак ин да хаус.

Со затварање на теми не се променуваат мислења. Не сум лековерен па да мислам дека со напишан пост се менува долгогодишна пропаганда/ гени/ (пот)свест... Ама во шо друго да верувам?
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Со затварање на теми не се променуваат мислења. Не сум лековерен па да мислам дека со напишан пост се менува долгогодишна пропаганда/ гени/ (пот)свест... Ама во шо друго да верувам?
Не реков дека темата треба да се затвори. Точно е, еден напишан пост не менува долгогодишна пропаганда, но, точно е и обратното: она што со збор е создадено, може со зборови и да се смени. Секој придонес, колку и да е мал, макар двајца да го прочитаат, се брои. Како што самиот рече, од грутка може да стане лавина. Туркај ја грутката на твоја страна.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Zanimliva e kusata pamet na nasiov prijateli Nato amerikanci...iako za volja na vistinata takvi se i ova EU pedofilive....odprilika kako ona sto go naredi serpiko:
Јас сум за пиво, муабет, јајце за велигден за Адиљ, баклава за бајрам за Боби. Ако некој терминолошки, а и во пракса правел работи за политички цели, не мора и ние да свириме ("to blow") во кавалот......iako i Serpiko se demantira so vtorata sentenca :)
Inaku kolku se sekavam amerikanskine kurvi uporno ni objasnuvaa deka Su 25 ne e avion za nas , bidejki za minuta ke ja preleta Makedonija, ne moze asalno ni da napravi zaokret za sletanje :)....zatoa i naseto nebo ke go pokrivaat Bugarite , a nie ke se bavime so helikopterski transport....... :)
Ne znam od kade sega F-16 na lepeskata na karta narecena Kosovo ???
Samo za da nasava Sturmgewehr spie mirno...deka nikoj nema da go presira i eventualno prodava za REZERVNI DELOVI ???? :)....... jebi ga....
............amerikancive izgleda zaboravile koj gi "izmislil" gemidziite, deka i onoj nivniot proizvod Bil Ladalkata e samo obicen copy "cat".....baluuuu... :)
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Реков дека Не Мора. Или на друго мислеше?

Игри без граници. Ама сепак, со визи.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Серпико, кога модератор пишува дека Македонците се геноциден народ и уште неколку умоболни тврдења од веќе видената пропагандна машинерија и кога тоа го потврдува веќе во следниот пост дека Македонците не знаат ни хеликоптер да управуваат и дека се недефинирани суштества и ти како администратор а со тоа и Кајгана не гледате ништо лошо во тие тврдења, тогаш навистина на знам што повеќе да речам, менталитет ќе е или нешто друго???

Каде е тука достоинството или и тоа веќе станало само мртво слово на хартија?
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
"Хеликоптерот" дојде како одговор на "справувањето со оружје во Албанија". Не сум адвокат,и двата коментари беа грозни. Никој санкциониран...

А за геноцидниот Македонски народ... :) Абе, секој си читал свои книги. А Принц, Штурмгевер...незнам, било кој албанец - нека каже што мисли за геноцидноста наша. Јас прочитав и размислив, не отфрлив нити една теза априори. Откако размислив, сфатив дека со право сум се насмеал кисело првиот пат. А пак ќе го спомнам - 1307 сосема пристојно одговори на напишаното, што е единствена шанса да го разубедиме Принца дека сме му геноцидно настроени.

Тоа е личен став на Принц, не на Кајгана. В ред?
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
не заборавајте дека и „се надевал дека сега албанците на косово ке вршат геноцид врз не-албанското население“

Нема да ми смета модератор кој ќе си ја сака националноста, ама не модератор кој ќе вреѓа цела нација, држава и дури ќе се согласува, ќе повикува и ќе се надева на геноциди.

Не си прав Серпико, и ако не си во состојба и позиција да пресечеш, покажи ги постовите на сите админи па одлучете.

Доколку целокупната администрација мисли дека Принц и понатаму треба да биди модератор, тогаш да знајме...
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
"Хеликоптерот" дојде како одговор на "справувањето со оружје во Албанија". Не сум адвокат,и двата коментари беа грозни. Никој санкциониран...

А за геноцидниот Македонски народ... :) Абе, секој си читал свои книги. А Принц, Штурмгевер...незнам, било кој албанец - нека каже што мисли за геноцидноста наша. Јас прочитав и размислив, не отфрлив нити една теза априори. Откако размислив, сфатив дека со право сум се насмеал кисело првиот пат. А пак ќе го спомнам - 1307 сосема пристојно одговори на напишаното, што е единствена шанса да го разубедиме Принца дека сме му геноцидно настроени.

Тоа е личен став на Принц, не на Кајгана. В ред?
Не, воопшто не е во ред!!! Но бидејќи нема да се разбереме би ја завршил тука дискусијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom