Што боли повеќе, психичката или физичката болка?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Zavisi od posledicite ako fizickata ostavila posledica po zdravjeto togas nesporedlivo ke boli poveke...a psihickata moze da boli i da se preboli:back:
 
И двете болат.
Само што психичката болка го уништува човекот и неговата самодоверба,може да се повлече во себе,да се изолира.
Сепак и физичката боли,но како и да е...модриците,скршениците си одат,ама болката врежана во мозокот останува!
 
Болката е различна. Исто ко да споредуваме солзи. Иста појава, а се јавува и од радост и од тага.

Физичката болка го разорува телото, но знае и да го скрши духот (при сериозни повреди, особено оние со трајни последици). Психичката цели кон срцето и душата, но може да поттикне уништување на телото.

Која боли повеќе? Менструалната.:)

Шала на страна, кога веќе би морала да изберам, ќе кажам дека психичката има поголеми последици.
 
Не дај боже да те сполетат и двете наеднаш.....
 
Што боли повеќе?

Психичка: Да видиш девојка ти како сексуално општи со магаре?

Физичка: Сексуално да општиш со магаре?

:dabe:
 
Болката е болка. И физичката и психичката предизвикуваат болка. Нормално интензитетот не е ист.

Физичката е надворешна. За некое време како и да е ќе помине. Можеби ќе остави лузна која од време на време ќе потсетува на тој момент, ама барем ќе помине.

За разлика од физичката, психичката болка е онаа која има поголем интензитет на траење. Во некои случаи поминува, или можеби само привидно поминува. На крајот излегува дека секогаш таа психичка болка ќе биде во твое присутство. Не дај боже, ама некогаш се случува и од една да преминеш во друга уште полоша психичка состојба. Поголема е пхихичката дефинитивно.
 
Ја знаете она со мечката и шумарот..физичките повреди оставаат лузни на телото..ама психичките засекогаш оставаат лузни во душата...Посебно ако ги потиснеме во потсвеста..
 
Хм, доста се разликуваат болка која се осеќа во душата, и болка која се осеќа на телото... А и плус, зависи од личноста и од видот на болката секако. Но кога би бирал, психичката...
 
Физичката болка е минлива.Освен при ептен тешки болести.
И психичката болка е минлива,исто,само тука има еден проблем.Додека трае,се добива чувството дека никогаш нема да престане.И колку повеке трае,таквото чувство станува се поинтензивно,се додека личноста стане убедена дека болката ке остане засекогаш и нема никогаш во животот да доживее задоволство.
За срека,тоа е само илузија...
 
Мислам дека е еднаква зависи од степенот на болката без разлика дали е физичка или психичка
 
Психичката дефнитивно,ем повеќе боли ем остава последици.Физичката колку и да е болна ке помине со тек на време,додека пак психичката додека е присутна прави повеќе бељи-пр.менување на расположење,и кога ќе се свеснеш веќе е доцна,не можеш да поправиш некои работи,и тоа носи нова психичка болка,па после тоа друга,па друга итн итн...
Физичката не боли до толку,најмногу боли во моментот на нанесувањето.Меѓутоа,зависи од кого е направена физичката,ако е направена од некоја блиска личнот што не сте очекувале дека тоа ќе ви направи,ќе ви донесе и психичка(ова у пакет :)).Ако некој што не ви значи до толку ве повреди ќе ви биде полесно,ќе ве боли само физички,и ќе знаете дека и вие можете тоа со иста мера да му направите,ама ако е некој што не би можеле да го повредите,ќе се чувствувате предадени(а тоа се рачуна у психичка болка).
 
Кај е сега Гаго да ве праша како мерите и која скала ја користите за мерење на болката и дали зборувате фигуративно кога одлучувате која болка е поголема?:)
Јас ваква ненаучна мерка ќе земам (од прилика) едно мало подизгорување со масло (ручек време) и една навреда. Пак не можам да измерам. Навреда е ама зависи од кој доаѓа, не ме болат исто навредите од сите луге. Добивам уште една варијабла во мерењето.Па маслото и тоа е специфичен проблем. Имаш од обично сончогледово масло имаш маслиново масло, масло од соја (најново), зависи и колку е загреано и така до бесконечност. Не сум по природните науки. По таа логика никогаш нема да измерам. Јас сум тажен човек и не знам ништо.:icon_frow
 
Психичката ..
Кажано е погоре дека физичката е минлива, да не се повторувам , а и од лично искуство велам психичката ...
 
Според мене психичката...и мнооогу потешко се заборава.
Во секој случај несакам да почувствувам никогаш повеќе ни психичка ни физичка....или многу барам?:pipi:
 
Јас мислам дека психичката болка боли повеќе од физичката затоа што психичките повреди трајат подолгот и повеќе можат да го разорат човекот па под дејство на тие психички болки да настанат некои физички или како што кажа Дизајар да настанат некои други психички болки додека и физичката болко боли и знае да потрае но зависи од интезитетот на повредата и на крај се зависи од личноста како се тоа ке го поднесе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom