Што имаат заедничко петте соседи на Мaкедонија?

P

Princ

Гостин
Се лутиме бидејќи во ниту еден случај не не ословиле така без задна намера. Тој збор е навредлив ти кога го кажуваш. Ти мене можеш да ме наречеш албанец само и исклучиво ако целта ти е да ме навредиш. Во спротивно, викај ме албанец. И двајцата ќе сме среќни и весели.
Во однос на она дека албанците последниве 20 години не се баш пријателски настроени кон македонците ќе ти кажам дека и јас го имам приметено тоа, и тоа има длабоки корени. За секое "зошто?" јас имам "затоа." ама ако почнеме да го разглабаме и тоа ќе отиде темава јабана бидејќи и двајцата нормално имаме различни гледишта.
 
Член од
13 јануари 2008
Мислења
570
Поени од реакции
18
Да,да се разбира секоја работа си има 2 вистини. Како што ако фатиме да се караме за, на пример, оние 2 што ги осудија за крвна одмазда ти ќе речеш дека биле „светци“ и немале никаква вина. Но да не навлагаме во тоа, јасно е како ден дека за мене има една, а за тебе друга вистина.

Сепак, во последниве 20 години реалноста е друга. Македонците со ништо не им згрешија и наштетија на Албанците, барем не како што тоа го направи Милошевич во Косово. Македонците никогаш не малтретирале или извршиле масакр на Албанци, сите права си ги имавте и пред рамковниот договор, можеби односот не бил најкоректен, но кога ќе се спореди со малцинските права на малцинствата во другите околни земји, имавте најдобра положба од сите, дефинитивно!
 
P

Princ

Гостин
Оние 2 што ги осудија за крвна одмазда не е важно дали мислам јас дека биле "светци" или не бидејќи ни по име не ги знам, но ме иритира што македонецот што го убија дека уби некој од нивните беше осуден на толку мала казна затвор (или не беше ич, не сум баш информиран) додека пак нив судот ги осуди доживотно. Двоен аршин, не? Убиство е убиство. Македонецот убива албанец - бујрум 6 месеци (или колку и да е). Албанецот убива македонец - си го јадел доживотно.

За вториот пасус горе-доле се согласувам со тебе (иако кога го прочитав постот имав 2 слики во главата: 1. српската полиција тепа косовари на протест; и 2. македонската полиција тепа албанци од македонија на протест 1994 година) ама пак затоа на македонија не и се случи она што и се случи на србија.
Србите малтретираа и извршија масакри врз албанци - станаа србија ко нокија.
Македонците не малтретираа и не извршија масакри врз албанци - Македонија изразено во м2 е истата онаа како и последниве 20 години.
Се разбираме сега?
 
Член од
13 јануари 2008
Мислења
570
Поени од реакции
18
Ха, ха очигледно не си баш информиран. Човекот беше осуден на 2 години, зашто тоа беше убиство во самоодбрана, т.е. не било убиство со умисла. Во сите земји така би го осудиле. А тие 2, не само што со умисла му вратија, туку и го убија неговиот недолжен шура, и ги ранија нивните 2 сопруги. Па види сега на кантар, што колку тежи. Но да го оставиме тоа.

А македонската полиција, не тепала Македонци до сега? Особено од 2001 па наваму? Но и тоа да го оставиме.

Овој вториов дел, малку ти е ироничен. Ко демек вие сте најјаките, т.е. избран, господски народ, па вие одлучувате. За србите немавте милост, за нас великодушно ни се смилувавте, ни ја оставивте земјата ко Sonny Ericsson. :) Дури ни ја надоградивте. :)

Ај, веќе готово, не полемизирам со тебе, се плашам како ли ќе реши светото албанско малцинство за мене на судниот ден. :):)
 
P

Princ

Гостин
Ти прв почна со споредба помеѓу србите-албанците и македонците-албанците :)
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
србите-албанците и македонците-албанците :)
Сосема различна приказна...

Некој 60 години се трудеше да се заборави Охридското востание, само поради „братство и единство“...Ама тоа во друга тема
 
Член од
13 јануари 2008
Мислења
570
Поени од реакции
18
Па нормално, ете тоа е битна споредба. Зашто многу Албанци, не прават разлика меѓу Македонците и Србите, и дури си мислат дека ние сме сојузници со нив, и дека сме имале заедничка политика со нив против вас. Чисто за да им се разјасни на Албанците.

А мене ме интересира една друга работа. Каква е поврзаноста на Албанците од Македонија со Албанија? Водите потекло од Албанија? Од Албанија сте дошле тука? Нели, Али Ахмети рече дека тој бил правнук на Александар Македонски и првиот човеколик мајмун на овие простори бил негов личен предок? Зошто тогаш да се викате Албанци, ако немате врска со Албанија и сте тука во Македонија 5 милениуми.
 
P

Princ

Гостин
Каква е поврзаноста на Албанците од Македонија со Албанија?
Албанците се директни потомци на илирите а илирите живееле во овие предели. Заклучок: Албанците во македонија не мора да се дојдени од некаде кога се запрашуваш од кај јас тука на пример. Отсекогаш сум бил тука. Сите мои предци колку што се има пренесено од колено на колено биле од тука.
 
Член од
13 јануари 2008
Мислења
570
Поени од реакции
18
Не ме разбра очигледно.

Не те прашав од кај ти тука. Туку која е поврзаноста на Албанците од Македонија со Албанија, како држава и територија, воопшто. Според здравата логика, штом некој се вика и го викаат Албанец, најверојатно води потекло од Албанија, нели?

Па ако сте вие од секогаш тука, немате роднини во Албанија, немате потекло од таму, зошто се викате Албанци?
 
P

Princ

Гостин
Сакав да ти објаснам... дека Илирија била една држава која се протегала од еден дел на црна гора, косово, до близина на ниш, западниот дел на македонија, чемерија (дел од грција) и албанија. Значи сето тоа било Илирија додека не дошле словените во средновековието и ја окупирале земјата. Е сега, Албанците го зеле токму тоа име од еден илирско племе Албаној. Потоа, Албанија (Илирија) како етничка држава за првпат се има распарчено во 1878.

... а потоа се одлучив да ти пастирам неколку линкови да прочиташ историја бидејќи ако се потрудам да ти објаснам во кратки црти (и така не мислам во подолги црти да ти објаснувам) нема да ме разбереш и ќе ја промашам поентата.

http://en.wikipedia.org/wiki/Albanoi
http://en.wikipedia.org/wiki/History_of_Albania
http://en.wikipedia.org/wiki/Albania_in_the_Middle_Ages
Книги за историја...
итн...
 
Член од
13 јануари 2008
Мислења
570
Поени од реакции
18
Да, да Википедија - слободната енцикопедија, каде што може секој да уредува! Англиската, особено! Отиди и види што пишува за секоја македонска историска личност, се разбира статии уредувани од Бугари, па нормално се знае што стои во тие статии и колку се веродостојни.

Територијата на Илирите како што знам јас, т.е. Илирија, не била во границите на Голема Албанија како што си ја замислувате вие, туку Илирските племиња живееле вдолж целиот јадрански брег. Односно од Копер во Словенија, преку цела Далмација (во Хрватска), Херцеговина по долината на Неретва (во јужна БиХ), Црна Гора, денешна Албанија и западното приморје на Грција, до крф, т.е. Епир.

Македонија си била на Македонците. Западна Македонија си била во рамките на античко-македонската област Горна Македонија. Но, тргни го тоа настрана.

Значи Далматинците се всушност „браќа“ со Албанците? Односно Далматинците, Херцеговците и Црногорците се сродни со Албанците, како народи кои ја населуваат некогашна Илирија, а со тоа имаат големи можности да имаат дел од илирските гени, како и вие Албанците се разбира.
 
Член од
16 март 2008
Мислења
18
Поени од реакции
0
сега ми е јасно кој ми ставал забрани по темиве, ни лошо ни ништо само заради вистината.
 
P

Princ

Гостин
Да, да, Христо Пиринец ќе ми раскажува за Илирите мене...
Ајде, секој со своето :)
Поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom