Ваша поезија!

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Бесплатна песна



Аздисав од слободата
да се мотам низ продавници
да пробувам облека
што никогаш нема да ја купам
од единствена причина, што е прескапа
но само сакам да го почувствувам минијатурниот триумф
на празнење на нервозата
врз грбовите на напатените продавачки
кои ме убедуваат
дека газот не ми е голем
дека имам лице како Индијанка и ми стои портокалово.
Капитулирам во оној момент
кога сфаќам дека дома имам завеси и материјал за покривање тросед
и од него може да излезе луда кошула и чанта за на Пикадили
и почнувам да отварам креативни кули
во нив место принцези, ќе спијат моите нервозни мозочни нули.
И почнувам
со кројачки занес, да творам збор по збор
како пачворк наредена мојата мисла, без да чека одговор.
Место комплекс и забушавена коса од умор
да си смислам нова победа утре.
Се протнувам низ уличните калдрми
и повторно сум триумфаџија
Место скап ресторан и салвета на гради
јадам бурек и раванија.
Да живеам сакам така
до моментот на расипување,
тогаш некој барем ќе знам
со лицемерие по рамо ќе ме поттупне.
 

Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
напишано од сестра ми која добила инспирација од некоја си типка што ја замара...:pos2:

Мислиш Дека Си Некоја Ебана Лепотанка,
А Уствари Изгледаш Ко Да Те Тепале Со Палка.
Велиш Дека Го Имаш Скопје Во Рака,
Глеј Си Ѓи Другарите,Зашо Очигледно Никој Друг Не Те Сака.
Сакаш Да Се Облекуваш Во Марки Ко Gucchi & Prada,
А Тоа Изгледа Во Шутка Го Бараш.
Штикли,Миничи И Скапа Бижутерија,
Девојко Изгледаш На Ефтина Материја.
Се Дигаш,Се Фураш,Се Правиш Некоја Јака Пичка,
А Уствари Немаш Гз Ни Да Убиеш Птичка.
Мислиш Дека Немаш Никаква Мана,
А Уствари Дечко Ми Ти Е Слаба Страна.
Убавите Девојки За Тебе Се Курви Бедни,
Девојко Прво Погледни Се Самата Себеси.
Си Ги Напумпала Цицките,
А Уствари Си Рамна Ко Даска,
Па Ај Сеа Иди И Плачи,
Кај Татичко И Мама.
Се Бедираш Зашо Мислиш Дека Јас Ти Го Ќарив,
Не Ми Треба Ти Го Враќам На Златен Послужавник.
Огледалцето И Пудрата Се Секогаш До Тебе,
Па Многу Нормално Иначе Никој Нема Да Те Ебе.
Ти Си Била Некоја Кучка Бесна ??
Не Бе Злато Тебе Сеуште Пичката Ти Е Премногу Тесна.
Се Дивиш Зашо Бившиот Те Смувал Во Мрак,
А Он Уствари Сакал Да Ти Го Бапне Пак.
Цигари,Алхохол И Журки Бесни,
Само Да Знаеш Дека Тоа Ти Се Срања Тешки.
На Сите Слики Си Насмеана До Уши,
Само Едно Ке Ти Кажам Златна Ќути И Пуши !!
За Мене Се Биел Некој Многу Лош Глас,
Па Боље Тоа Него Да Плачам За Некој Небитен Маж.
Очигледно Јас Сум Ти Главна Преокупација,
Епа Тоа Ти Е Кога Немаш Никаква Занимација.
А Чекај Што ?? Ти Си Била Измислена За Мене ?!?!
Пффф Женска Ме Боли Глава Од Дегенки Како Тебе !!
За Мојот Живот Ти Збориш И Се Замараш,
Немој Да Те Фатам И Да Те Пуцам Со Калаш.
Пет Илјади Пати Си Рекла Курва За Мене,
А Уствари Сакаш Да Кажеш Дека Тоа Се Однесува За Тебе.
Поздрав Идиотко Не Ме Бригаш,
Иди На Друго Место Курот Да Го ПРИМАШ !!!

Ова Е За Сите Кучки Што Ме Мразат,
А Јас Имам Само Уште Едно Да Ви Кажам.
Поздрав Мочли Ја Сум На Врвот И Се Смеам,
Дур Сите Други Со Жал Ве ЕБАТ !!!
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Додека

Дали сонувам додека те бакнувам
додека спиеш мирно до мене
Додека сонцето изгрева зад твоите образи
радоста извира од очите мои

Сакам да сонувам, мирис да чувствувам
мирис кој ме потсетува на тебе
Додека сонцето грее во душата твоја
додека радоста живее во мене

Дали згаснуваш додека опиен стојам
пред твоето ангелско лице
Додека сонцето заоѓа во срцето твое
во моето никогаш нема
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Мојот патник



Патник
на точак
трчам по него..
Господине,
си го заборавивте
времето
закачено
на оној ѕиден часовник
со орнаменти
од експресионизмот
и влеговте
во погрешна чекалница.
Овде,
нема ни сопирачки
нема ни задоволство
само неколку грама чоколада
врзана за мојата кошула
остаток од погрешен бакнеж.
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
На крстопатов стојам
За ронка милост од луѓето молам и барам
Демоните на душата да ги нахранам
Ме раскинаа парчиња ме сторија
Гладни се веќе три дена
Урликот нивни викот неподнослив во ушите е
Со канџите парчина сега лакомо кинат

Ангелите ме оставиа одамна
Избегаа исплашено незнам зошто
Со светлоста нивна ме штитеа
Со песната ме хранеа
Насмевката бликаше
И лицето се везден озарено беше

О ноќи мои празни
О дни мои мачни
Исти сте како тие што минаа
Знам и утрешниот ден ќе го заразите

Да одам на друг крстопат
Знам и таму луѓето зачудено ќе ме гледаат
Некои дури и навреди тешки ќе кажат
Некои само главите ќе ги завртат и ќе ме одминат

Времето на милоста знам ме одмина
Времето на суровоста ненајавено дојде
Полека ноќта наближува
Ракава празна сеуште е
Не се плашам од темнината
Но урликот е се пострашен
Болката е се поголема


Молитвена песна

Никодин Чернодримски
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Знам за едно место големо колку бесконечноста
Мало колку погледот изгубен
Знам за едно место каде среќата е тага голема
Каде радоста е товар голем
Го знам но и го знаат
И другите поети
Но во своите тајни дневници го чуваат
Прво во срцето свои го создаваат
Потоа со ронки од душата го хранат
Со солзи горчливи го заливаат
Како цвеќе го одгледуваат
Кога осаменоста ќе ги пронајде
Од мирисот негов се опијануваат

Го знам тоа место
Но сеуште во дневникот не сум го напишал
Листовите ги собирам
Со конци ете утре ќе ги врзам
Со чворови дванаесет ќе заврзам
И така дневник ќе направам

Знам и затоа пишувам
Некои сега ќе се налутат
Тајната голема што ја откривам
Некои клетви можеби ќе фрлат
Некои отпадник ќе ме наречат
Сеедно ми е
Знам за тоа место
Знам и затоа пишувам

Тајната на дневникот

Никодин Чернодримски
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Да напишам песна за смрта
Повторно ме натера животот
Простете не зборувам јас
Тоа просторот одекнува со ехот
Вели само смртниците се плашат од неа
Тие кои за вечноста знаат
Како премин ја гледаат

Миговна е само миг трае
Миг кој ни окото не го знае
Миг кој само времето го чува

Сонувачите
Како коњаник ја опишуваат
Кој прави тропот страшен
Незнаат незнаат го знам тоа

Плашливците
......колебливците
...................среброљубците
Приказни страшни сега кажуваат
Старица грда со лити партали
Ја виделе таква
Лажат лажат
Се лажат прво себеси

Простете можам уште долго
Долго долго да ви кажувам
Но новиот чекор ме кани
Новиот чекор ме носи
Вели времето да не го запирам
Миговите да не ги бројам
Само чекорите да ги правам

Неброени Мигови

Никодин Чернодримски
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Бараше, но не најде...

Бараше излез...не најде...
Сите патишта и беа затворени...
Бараше трошка љубов...не најде...
Љубовта неа ја беше изоставила...
Бараше трошка внимание...не најде...
Никој неа не ја забележуваше...
Бараше малку,но не најде ништо...
Но сепак не се откажа...
И токму кога мислеше дека нашла
излез, малку љубов и внимание
се излажа...
Беше заробена во неговите канџи
од кои никој не побегнал...
Го почувствува горчливиот вкус
на љубовта и вниманието...
Сега само бараше излез...слобода...
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Се наведнува кон огнот
Ѓаволите инстинктивно го намирисаа
Сега веќе не може да оделее
Луцифер е премногу силен

Толку е длабоко навлезен под нејзината кожа
Веќе не размислуваше за себе
Сега му беше жал што ќе биде оддалечен
Сега притисокот е преголем

40 апчиња за смирување и пола литро виски подоцна
Тој ги отвора очите на болнички кревет
Покрај сите пари и девојки и прекрасното семејство
Пак не можеше да го прежали своето минато

Изгубената младост никогаш, никогаш, никогаш, никогаш не се враќа!!!
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Бродолом...

Запловувајќи во животното море,
сфатив дека не е секогаш така мирно
како што навидум изгледа...
Кога првата бура започна се јавија моите сомнежи
за мојата пловидба...

Зошто воопшто сум запловила,
ако не знам добро да пливам?
Зошто сум го намокрила телото,
ако се ежам од влажност?
Зошто воопшто се качив во бродот,
кога знаев дека не е сигурен,
и дека ќе најдам многу препреки на патот?

Зарем не знаев за морските ѕверки,
кои демнеат и го чекаат мојот пораз?
Зарем не знаев дека тие само си чекаат свои жртви,
кои ќе паднат заборавени на дното на морето?

Знаев...знаев за се...
Сепак решив и запловив,
не гледајќи назад...
А сега?
Ќе има ли некој да ме спаси
од бродоломот кој сама го предизвикав?
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Статива.


Тешка ноќ
Бурна ноќ
Дишам или не?
Море дишам.
Чекам уште еден гол.
Една шанса.
Последна минута.
Шут!!!
Статива!!!
Зошто?
Зошто нема одговор?
Зошто сите ме зафркаваат?
Кажи ми?
Чекај имало уште.
3 минути, Z минути, Y минути.
 
Член од
27 април 2007
Мислења
26
Поени од реакции
4
Твојата земја, мојата земја
(На Збигњев Бјенковски)

Кога ти доаѓаш во мојата земја
под тежината на твојот искусен поглед
манастирите влегуваат во светата книга на уметноста.

Кога јас доаѓам во твојата земја
под неискусноста на мојот поглед
катедралите излегуваат од светата книга на уметноста.

Кога ти доаѓаш во мојата земја
столетните дрва те штитат
од горливите јужни зраци.

Сонцето од твојата земја се заборави во мојата.

Кога јас доаѓам во твојата земја
столетните дрва ме штитат
од северните бисерни капки.

Дождот од мојата земја имигрираше во твојата.

Во твојата земја хоризонтот одлетува
во права линија меѓу морето и небото.

Во мојата земја хоризонтот се крши
во одсјајот меѓу снегот и сонцето.

Твојата земја се повива
под тежината на премолчаното.

Мојата земја се витка
под тежината на кажаното.

Во твојата земја историјата влегува во музеите.
Во мојата земја историјата ни ги опседнува душите.

Бесплатна песна



Аздисав од слободата
да се мотам низ продавници
да пробувам облека
што никогаш нема да ја купам
од единствена причина, што е прескапа
но само сакам да го почувствувам минијатурниот триумф
на празнење на нервозата
врз грбовите на напатените продавачки
кои ме убедуваат
дека газот не ми е голем
дека имам лице како Индијанка и ми стои портокалово.
Капитулирам во оној момент
кога сфаќам дека дома имам завеси и материјал за покривање тросед
и од него може да излезе луда кошула и чанта за на Пикадили
и почнувам да отварам креативни кули
во нив место принцези, ќе спијат моите нервозни мозочни нули.
И почнувам
со кројачки занес, да творам збор по збор
како пачворк наредена мојата мисла, без да чека одговор.
Место комплекс и забушавена коса од умор
да си смислам нова победа утре.
Се протнувам низ уличните калдрми
и повторно сум триумфаџија
Место скап ресторан и салвета на гради
јадам бурек и раванија.
Да живеам сакам така
до моментот на расипување,
тогаш некој барем ќе знам
со лицемерие по рамо ќе ме поттупне.

Луксуз

(на Медеа)


Влегувам во шик дуќани.
Наутро.

(продавачките се се’уште одморени, љубезни, насмеани)

Мириса на свежо и ново и скапо
Толку скапо, дури виртуелно.

Се зборува тивко, како во црква.

Допирот на изложените рафинирани убавини со податна текстура
И префинети бои под моите прсти е уште посензуален оти
Никој уште не ја нарушил естетиката на
Внимателно избраната сценографија.

(се разбира, со потпис)


Излегувајќи, го понесувам сиот тој луксуз со себе во новиот ден.

Дел сум од него со самото постоење.

Ми треба само уште колку за кафе.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Жена



Јас сум силна жена
а можеби и само сакам да бидам...
Патувам небесно на свилени облаци
и сакам сама да откривам
што е можно повеќе...
Од себе, за себе... и наоколу
да испливувам на површина
да се качувам на врвови
смело и со причина,
да создадам ветер и бура
што нови мириси ќе донесе...
Јас сум жена...
Во процес на осамостојување.
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Голобрадо и гологлаво момче стоеше на аголот
Надежта своја силно ја стегаше во рацете
На хартија пожолтена беше таа напишана
Од многу поодамна уште како дете
Никој сериозно не ја свати
Никој сериозно не ни ја погледна
Ја нарекоа само обична детска фантазија
Не ја остави ниту миг на земја да падне
Се плашеше земјата да не му ја изеде
Исто онака како што една снага изеде
Што него сон му беше
Се плашеше од ветерот да не ми ја однесе
Ја знаеше неговата сила
Бури правеше и другите ветришта ги лутеше
Ги тераше да му се придружат кога во поход одеше
Од водата бегаше
Напати само ликот свој ќе и го покажеше
И тивко и зборуваше немој да ме заборавиш
Одразов мој ти го давам играјси со него на месечинава
Но надежта не ти ја давам
Кога до оган ќе се доближеше само грбот го вртеше
Лукав беше и лукавство во себе оганот криеше
Напати во ладните ноќи со топлината го мамеше
Во близина своја го покануваше
А кога почита не че ја добиеше
Пламени јазици насекаде блуеше
Збеснат ѕвер тогаш беше
Голобрадо и гологлаво момче стоеше на аголот
Надежта своја силно во рака ја стегаше
На хартија пожолтена беше таа напишана
Ги слушна неодамна скитниците како шепотат
Вечерва на полноќ самовилите ќе шетаат
Надежите ќе ги собираат
Грст од благослови ќе делат
Голобрадо и гологлаво момче стоеше на аголот
Со погледот вперен во мракот.

Хартија Пожолтена

Никодин Чернодримски

Се загледав себеси во непрегледното пространство
За окото тоа беше поле непрегледно со зеленило исполнето
За душата тоа беше бескрајот недогледен
Се загледав себеси и со времето трка започнав
Од час во час погледот заморен стануваше
Замор тоа беше тежок како идниот час
Душата од радост само со восклик кажуваше
Да не ја прекинувам врвката што се издолжуваше
Да не го запирам летот во место

Се загледав себеси во непрегледното пространство
Се загледав и со умор заминав на починка
Очите задоволни беа
Душата од радост само потскокнуваше
И дадов уште едно ноќно премрежие
Таа излет го нарече и не чекаше ни минута ете тука

Се препуштив на бесконечноста
Течеше како река тивка
Исполнета со милиони надежи и желби
Исполнета со милиони бои и нијанси
Кој сега гласови тивки беа

Се препуштив на бесконечноста
Се додека воскликот и радоста ја слушав
Душата ме водеше низ световите
Ете бајки за многумина се
Ете како сказни чудесни се прераскажани
Од тие кои претходни се препуштија на бесконечноста

Воскликот на душата

Никодин Чернодримски
 

FlOwEr gIrL

ҳҲҳlove my sunshineҳҲҳ
Член од
8 август 2008
Мислења
344
Поени од реакции
13
[FONT=&quot]Just anoter moment of loneliness[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Where are the times that we spent in happiness and laugh [/FONT]
[FONT=&quot]the good mornings in bed together?[/FONT]
[FONT=&quot]Where is the love that you keep just for me,[/FONT]
[FONT=&quot]where is it I want to see it, I want to feel it.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]I want you to be by my side,[/FONT]
[FONT=&quot]everyday, everynight.[/FONT]
[FONT=&quot]I want to feel your touch, your breath on my neck,[/FONT]
[FONT=&quot]your kiss on my lips.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Honey, I miss you in every breath I take,[/FONT]
[FONT=&quot]I miss you in every step I make,[/FONT]
[FONT=&quot]I miss you in my moments of sadness,[/FONT]
[FONT=&quot]and the moments of joy and happiness[FONT=&quot].[/FONT][/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Dedicated to my sunshine:love2:[FONT=&quot]
[/FONT]
[/FONT]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom