Eве ги предавниците, се јавија!

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
грешка си машко такозвани астерикс, не мешај желби за власт во тема за која дискутираме за круцијална одлука за Македонија. А кога сме веќе кај „власта“ и утре да има избори, владата на груевски убедливо ќе победи...реално, така е.
па ај те молам пренеси му на гручје и латко дека се фаворити и да не не замарат со глупости, нека се посветат на побитни работи!!!!


Stanoja напиша:
Како што креираа во 2001та така и сега пробуваат,ама тие финти повеќе не палат кај народот
дали си сериозен?????:pos2: :pos2: па ни врапчињата не дрвата не веруваат веке во тие приказни.

Само како за потсетување ако имаше избори во 2001 Бранко и СДСМ ке се прошетаа исто како и 2002, па сега ти свати на кого му требаше конфликт после големото уво
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И по 10000032383434343 пат на темава...

ЗАШТО...ООО...ЗАШТО МОРА ПОЛИТИЧКИ ДА СЕ ПРЕПУКУВАТЕ!!!
МАКЕДОНИЈА Е ДРЖАВА И НЕ Е ВО СОПСТВЕНОСТ НИТУ НА ВМРО НИТУ НА СДСМ!
Треба да ги избришите од мозок партиите,аман!
Зашто одма ...ај упм..се изнервирав
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
тие имиња грција ке ги одбиеше и потоа војната ке се водеше на нивна територија, они ке беа дипломатски гранатирани за дестабилизација на регионот, а Македонија ќе имаше комотна позиција пред самитот на НАТО, односно да не менува ниту една придавка на името!!!!!
Солидно јасновидство. Да беше Љубче премиер, ќе те земеше на државна служба.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Ah sto e los toj Gruevski, voopsto ne e kooperativen. Trebase DPMNE i Gruevski da znaat da gi menadziraat meguetnickite odnosi kako SDSM t.e. da im se dade na shquiptarite, se` sto tie sakaat. Odnosno, shqiptarite da vladeat so Makedonija, kako taa da e druga Shquiprija. Pa taka, SDSM od sto bese premnogu "uspesen" vo menadziranjeto na megjuetnickite odnosi, dade 120.000 drzavjanstva na Kosovari, se albhaniziraa [so zakon donesen od SDSM] Skopje, Struga, Kicevo, veleskite sela, se dade pravo na povrzuvanje na shquiptarskite opstini t.e. cekor kon federalizacija itn.

Da sproveduvase Gruevski "prava politika" kako SDSM, trebase do sega na cela teritorija da goo vovede shqip jazikot kako oficijalno, pa i vo Strumica da doneseme shquiptari, bidejki nema tamu preveduvaci od shquip na Makedonski.

P.S. Tie sto ja napravija vojnata 2001 g. dojdoa na vlast 2002 g. DUI=UCK=ONA pravese vlada so SDSM, a ne so DPMNE. Ne se partneri DUI=UCK so DPMNE.
А со кого правеа Мајски договор, извини на прашање ?
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
И по 10000032383434343 пат на темава...

ЗАШТО...ООО...ЗАШТО МОРА ПОЛИТИЧКИ ДА СЕ ПРЕПУКУВАТЕ!!!
МАКЕДОНИЈА Е ДРЖАВА И НЕ Е ВО СОПСТВЕНОСТ НИТУ НА ВМРО НИТУ НА СДСМ!
Треба да ги избришите од мозок партиите,аман!
Зашто одма ...ај упм..се изнервирав
Па цело време и јас им трубам,без разлика на која партија припаѓаме треба да бидеме обединети,поготово во вакви моменти.

Ама кому кажуваш се тоа е партиски кодирано.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Астрикс се се знае више за 2001!

Се знае кој викаше со кого дека нема да коалицира па после одма Оп коалицаија. Излажа бесрамно и никому ништо! Коалицираа со едните , а другите како Јохан (без никаква правна постапка ги киднапираа) и одма на прв авион за Хаг.

Секогаш после одредени војни и конфликти отпосле се дознава позадината и конструкцијата. А тоа се Осмите патници на Македонија!
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Немораш да му објаснуваш, го знае сето тоа тој, само партиските узди не му дозволуваат да размислува со своја глава...




Ај сега оди, уапси го Бранко Црвенковски, и осуди го за сценирање на војната од 2001
Ова според тебе би требало да претставува доказ ? Аууууууу, не ми се верува. Добро, ако е така нека го уапсат...Само се плашам да не заврши како случајот Д-р Дејан Докиќ со несоборливите докази, ти текнува ?

Едит: Ова му доаѓа исто како јас да напишам некој катил ферман дека Трн во Око директно земал учество во рушењето на кулите близначки во САД и да се потпишам како жителите на Кабул....:pos2:
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Идентитетот останува, за името се преговара[/FONT]
Уставното име останува, исто како и одредниците за идентитетот на македонскиот народ - македонски јазик и македонска нација, а ќе треба да се преговара за меѓународно име кое ќе го замени привременото во ОН

Администрацијата на САД денеска во Брисел на средбата помеѓу министрите за надворешни работи Антонио Милошоски и Дора Бакојани ќе претстави нов предлог за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција, дознава "Вест" од дипломатски извори. Иако деталите никој не ги знае, главно е дека уставното име останува, исто како и одредниците за идентитетот на македонскиот народ - македонски јазик и македонска нација, а ќе треба да се преговара за меѓународно име кое ќе го замени привременото - Поранешна Југословенска Република Македонија со кое земјава е примена во ОН, ни изјавија истите извори. Главната задача на заменик - државниот секретар на САД Даниел Фрид, на чија иницијатива и се одржува оваа средба, е да се обиде да ги приближи колку што е можно повеќе ставовите на двете страни.
Дипломатските извори ни рекоа дека очекуваат овој предлог на САД да биде концизен и суров, и дека Македонија ќе мора да процени што добива, а што губи со евентуалното невлегување во НАТО. Пораката од САД е дека со НАТО се зачувува идентитетот, а се добива стабилност, сигурни граници и стабилна политичка клима. Додека без НАТО, во ситуација ако Албанија добие покана и со Косово без затворено прашање на границата, Македонија влегува во уште понеизвесна иднина. "Како полесно ќе го зачувате идентитетот, во стабилна држава со растечка економија која е интегрирана во меѓународна одбранбена организација или во постојани меѓуетнички караници и нестабилни влади", размислуваат дипломатите кои ги контактиравме вчера.
На последната средба помеѓу посредникот Метју Нимиц и преговарачите Никола Димитров и Адамантиос Василакис на која усно беа дадени три предлози, пратеникот на ОН стоел на позицијата дека со евентуалниот договор не смее да се загрози македонскиот идентитет. Тоа значи дека во личната карта на државата во ОН покрај новото меѓународно име остануваат термините македонска нација и македонски јазик. Тоа, претпоставуваат, би било предвидено и со американскиот предлог. Во него не би се споменувало ниту менување на пасошите, бидејќи со евентуалниот влез на Македонија во ЕУ тоа би било парадоксална ситуација. Низ Европа ќе може да се патува со лични карти, а никој, велат нашите извори, не може да бара промена на овој личен документ.
САД сакаат конечно да ја затворат приказната за нестабилниот Балкан, вклучувајќи ја и нестабилноста на Македонија. "Ако не ве турнеме во НАТО, ќе треба веќе при следните избори да се занимаваме со нови меѓупартиски договори и меѓунационални кошкања, а ние тоа не го сакаме. Време е да ја затвориме таа страница од историјата на Македонија и на Балканот и конечно да тргнете напред", велат дипломатите кои ја поддржуваат кандидатурата на Македонија за НАТО.
Сите се свесни дека Грција ја злоупотребува својата позиција како стара членка на НАТО и дека ја крши Привремената спогодба со вето за името. "Но, кој губи повеќе? Македонија или Грција?", прашуваат тие. Особено што официјална Атина веќе порачала дека ако со ветото се прекинат преговорите, таа е спремна да чека продолжување кога "Скопје ќе биде спремно". Со таа разлика што Грција како стабилна држава и членка на ЕУ и НАТО има повеќе време за чекање од Македонија.
Средбата во Брисел не треба да е одлучувачка и последна, таа е многу важна и од неа многу ќе зависи како ќе се развива понатаму овој процес. Тие велат дека оваа средба не е вистинско преговарање, туку повеќе е политички обид да се дојде до решение.
Она што странските дипломати и го забележуваат на македонската страна во преговорите е што за домашни потреби постојано ги одбива предлозите, без да дава нови. "Ова се преговори, ништо не е дефинитивно, не се преговара само за името, туку за цел пакет и Македонија не смее само да се држи до двојната формула, туку за нејзино добро е да покажува поактивна улога", сугерираат дипломатите. "Со секое ново тврдо одбивање на предлозите Македонија само си ги влошува позициите. Предлозите на Нимиц од ноември лани беа многу поповолни за Македонија од оние од февруари годинава", велат тие.
Д. Д.

***

Буш оптимист за спорот со името

"Претседателот Буш е оптимист за спорот околу името и смета дека Македонија и Грција може да најдат решение пред самитот на НАТО во април", изјави портпаролката на Белата куќа Дејна Перино. Таа не сакаше да прецизира дали Буш размислува да ја преземе иницијативата во последните моменти пред самитот.

***

МАНУ: Институциите да се однесуваат одговорно кон иднината

Македонската академија на науките и уметностите вчера со соопштение побара од македонските институции и политичи субјекти да изградат одговорен однос кон иднината.
"Претседателството на Академијата одлучи да се обрати до надлежните државни институции и до релевантните политички субјекти ,со цел да ги повика да изградат најодговорен однос кон предизвиците за иднината на нашата држава, со прифаќање на такво решение кое ќе ги гарантира нејзините перспективи како членка на НАТО и на Европската унија", е реакцијата на МАНУ за актуелните состојби кои го следат процесот на преговори за уставното име.

***

Шеќеринска: Ќе победиме во Букурешт

"Сметам дека има целосен консензус за членство во НАТО, дека тоа треба да се сработи, без да се прават притоа непотребни отстапки во делот на идентитетот и уставното име. Американската администрација, како стратегиски партнер, ќе ни помогне да се вратиме од Букурешт како победници, а ние како македонска политичка елита треба докрај да се трудиме Македонија да биде активна, конструктивна и мудра", рече вчера лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска, по средбата со амбасадорката на САД Џилијан Миловановиќ.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Ова според тебе би требало да претставува доказ ? Аууууууу, не ми се верува. Добро, ако е така нека го уапсат...Само се плашам да не заврши како случајот Д-р Дејан Докиќ со несоборливите докази, ти текнува ?
или како проневерените средства од ЕУ од страна на Шекеринска, или кривичната за Заев или...... ехее фабрики, фабрики.

Само дури има овци ке има и волна!!!!
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Незнам недели веќе наназад Осмите патници у Македонија, по познато сценарио не убедуваат и перат мозок, за Македонија да се обрзе на се и сешто во тој меѓународен договор, Данајците на ништо!

И незнам дали ги купиле само со еден викенд во Солун или им фрлиле и некоја гарсоњера у Порто Карас или Ханиоти. И по некоја амфора или Ролекс ко што изјавуваше баче Киро.

Штета што има премногу осми патници кај нас. Ние треба да ги препознаеме!
 

nacional

непобедлив
Член од
3 октомври 2007
Мислења
135
Поени од реакции
2
името за зачленување во НАТО
Големо мнозинство од граѓаните на Република Македонија, дури 83 отсто не се согласуваат државата да го промени своето уставно име за да стане дел од НАТО, покажуваат резултатите од испитување на јавното мислење што ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики.
Според анкетата, сличен е и резултатот по прашањето за употреба на името на РМ во меѓународна комуникација, каде 81 отсто од анкетираните не се согласуваат другите држави од светот и меѓународните организации да ни се обраќаат под друго име, различно од уставното.

Кај најголем дел од испитаниците или 35 отсто нема промена во довербата кон Северноатлантската алијанса. Споредено со минатата година, 16 проценти од испитаниците сега имаат поголема доверба во НАТО, додека 22 проценти помалку и веруваат на Алијансата.

Анкетата била спроведена во периодот од 6 до 8 март, врз репрезентативен примерок од 1100 испитаници, со запазени критериуми за етничка, полова и регионална припадност.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
името за зачленување во НАТО
Големо мнозинство од граѓаните на Република Македонија, дури 83 отсто не се согласуваат државата да го промени своето уставно име за да стане дел од НАТО, покажуваат резултатите од испитување на јавното мислење што ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики.
Според анкетата, сличен е и резултатот по прашањето за употреба на името на РМ во меѓународна комуникација, каде 81 отсто од анкетираните не се согласуваат другите држави од светот и меѓународните организации да ни се обраќаат под друго име, различно од уставното.

Кај најголем дел од испитаниците или 35 отсто нема промена во довербата кон Северноатлантската алијанса. Споредено со минатата година, 16 проценти од испитаниците сега имаат поголема доверба во НАТО, додека 22 проценти помалку и веруваат на Алијансата.

Анкетата била спроведена во периодот од 6 до 8 март, врз репрезентативен примерок од 1100 испитаници, со запазени критериуми за етничка, полова и регионална припадност.
Ете каде лежи зајакот...
Не треба да бидат 81,треба да бидат 100 %.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ако ги рачуна Амди Бајрам :)

Ама не мислев на тоа на што ти мислиш. Љубовта на Македонците кон земјава ја вреднувам по квалитет, не по народност.

Мајкуму, баш се мислев пред 2 дена, кој кого овде манипулира: Конкретно, гледав изјава на Гане Тодороски со која тој смета дека најповолна варијанта од понудените имиња е Република Македонија - Скопје, со која не се менувал идентитетот на народов. Дали Гане мислел на замена на референцата во билатерала со Грција? Дали мислел на потполна замена на референцата со Скопјанизираното "решение"...
Крај краева, како и да мислел стропал тешка глупост, зошто такво име единствено може да придонесе за понатамошно терминолошко Скопјанизирање од страна на јужњаците.

И сега... Дали е Гане Тодороски предавник?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom