asterix_m
Регулатор
- Член од
- 19 април 2006
- Мислења
- 2.765
- Поени од реакции
- 33
Македонија има големи шанси да добие покана за НАТО освен ако во меѓувреме не направи голема глупост. На ваквата добронамерна порака на дипломати од Брисел пред неколку месеци, македонските власти побрзаа да покажат дека можат да направат не една, туку повеќе глупости. И тоа не кога било, туку само 20 дена пред самитот на НАТО во Букурешт. Македонија имаше навистина неуспешни влади, но на ниеден премиер не му успеа сите процеси да ги испушти од контрола за толку кратко време, како што му се случи тоа на Никола Груевски. Му пречеше претседателот, му пречеше СДСМ, му пречеше ДУИ. Но, се покажа дека нема среќа ни со „своите“. НСДП периодично го уценува, а од вчера грб му сврте и ДПА. Груевски остана сам. По 17 години транзиција, на 20 дена до Букурешт, Македонија спадна на премиер што сади дрвца и во недоглед продуцира бесмислени реклами, но нема никаков став за стратегиски прашања и се крие во глувчешка дупка. Неговото популистичко менаџирање на политиката според принципот „не е важно какви потези влечам, туку како ќе ги изрекламирам во јавноста“, сега му стигна како задоцнета пријава за неплатен данок. Тоа и беше реално да се очекува, имајќи предвид дека изминативе две години не изменаџира ниту еден крупен политички проблем. Се определи за бокс во политички мува-категорија, наменет за еднократна манипулација на јавноста. Се изнагледавме инсценирани популистички мечеви, во кои противникот однапред мораше да биде прогласен за предавник, за да може владиниот боксер лажно да биде овенчан како патриот. Во таква ударна доза на еден авторитарен маниризам, дури и лидерот на ДПА во еден период на отворена партиска сцена беше прогласен за „војвода“. Активисти на ВМРО-ДПМНЕ ги искршија рацете од аплаузи за да го охрабрат суперегото на Тачи, кој две години послушно ја играше улогата на „чистач-елиминатор“ во односите Груевски-Ахмети.
Тачи беше промовиран во единица мерка за соживот, ама беше јасно дека мерката не е баждарена на државно, туку на кабинетско ниво. Тој беше неопходен за да го омаловажува Мајскиот договор со Ахмети, кој од „неважен усмен договор“ успеа да стигне некако до титулата „парче хартија“, но никогаш не стана сериозна политичка тема. И сега пресврт! Токму Тачи рони крокодилски солзи по оспоруваниот договор и ја напушта Владата... Ако ги оставиме настрана матните мотиви за тој кукавички чин, може да се констатира дека граѓаните никогаш не биле толку исплашени за иднината на земјава. Со право. Никој не знае што имаме сега - влада во оставка или малцинска влада. Едно е јасно - до 2 април нема време за формирање влада на широка коалиција. Што може да се направи за да се спаси ситуацијата? Има две можни решенија. Прво, заминувањето на ДПА од Владата во договор со таа партија да биде замрзнато до 3 април за да може кабинетот на Груевски да носи одлуки и да работи со полн капацитет. Ако тоа не е можно, до самитот во Букурешт треба да функционира малцинска влада на која треба да и' биде даден полн кредибилитет, за да може во соработка и во консултации со сите политички субјекти да носи одлуки за идните настани и процеси. Вторава варијанта мора што поскоро да влезе во сила за да може да течат почнатите процеси.
Денеска е петок, а веќе в понеделник продолжуваат разговорите за името. Јавноста мора да добие одговор има ли премиерот став за сегашната криза и каков ќе биде политичкиот курс на земјава во овој суптилен и судбоносен период. Опозициските партии треба да дадат максимален придонес за да се надмине кризата, да не ја користат за лов во матно, а мерењето на партиските рејтинзи да го одложат за по 3 април. Само така може да се покаже дека на сите им е цел стабилна и интегрирана Македонија, а услов за НАТО е политичка стабилност и функционалност на институциите. Во овој момент сите треба да заборават на предвремени избори, бидејќи тоа не е решение, туку самоубиствено продлабочување на сегашната криза. За жал, Груевски задоцнето ќе извлече поука дека водењето политика и садењето популистички тикви се сосема различни работи. Ненаучената лекција сега му се враќа како бумеранг за водењето самобендисана, неосновано нарцисоидна и неефикасна политика. Тој треба да излезе пред јавноста за да им одговори на граѓаните на едно единствено прашање: Дали е воопшто сигурен дека сака да ја внесе земјава во НАТО?