Пинг-Понг!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
kaj moze da se najdat ping pong topcinja ?????????

Секаде во спортските продавници.
Орка
Најк
Адидас

Секаде, дека што се продава нешто за спорт.
 
Многу интересен е и занесува па не мислиш на времето ни на тоа колку си уморен.

Добар е и за кондиција и интересен е за играње. А и за загревање е добар. Одамна кога вежбав кик бокс случајно одиграв еден саат пинг понг пред тренингот. Така добро бев загреан та вадев удари што до тогаш не ги можев, удар со нога од скок со свртување за 360 степени :)
Тогаш стварно сфатив она што викаат дека загревањето е ВАЖЕН дел од тренингот.

:wink:
 
Интересен спорт. Играв интензивно пред 2 години, но сепак со оглед на тоа што немав спаринг партнер се пензионирав:). Добар спорт за релаксација и особено е добро да се игра зимно време кога надвор е -10, а во просторијата +25.
 
најдобар спорт за размртување и одржување кондиција... техника има премногу ! играв порано многу али како иде времеве и обврскиве... се послабо... ретко некад коа имам слободно време
 
Здраво, ке може ли некој да ми каже дали има сала во Велес каде што ке можам да отидам да играм Пинг Понг со некого, без разлика дали се наплаќа за изнајмување и слични ствари. Во главно да можам да одам кога сакам доколку не е зафатено во тој термин. Ве молам одговорете ми доколку знаете! Ви благодарам однапред. :smir:
 
Mnogu sakam da si napravime edno turnirce pa da vidime koj ke pobedi ! Aj da se dogovoreme
 
Играм во училиште, но бидејќи сега не работи училиштето ако може да ми кажете некои места во Скопје каде што може да се игра и секако цена.
Партизан 4 (Карпош 4) 100 ден. саат, Палата (центар) ми се чини 120 ден. саат. Ако идеш у второво земи си палка пошо крш им се.
 
Не само што им се крш, туку и просторот да прднеш ќе се угушиш. За аматери е местото, не можеш 2 чекори да направиш без да се удриш во некој флипер, билјард или фудбалче. Катастрофа. Препорачувам да идете во Партизан, пространо е и изобилува со социјалистички пингпонгарски дух :)
 
И ако одите во Партизан, ќе видите 2 - 3 пара на чичковци (да не речам дедовци:)) и да не се излажете дека заради годините се слаби па да им играте во парови, зашто ќе ве направат растур :pos:
 
Да, ради тие старците увек мораш да резервираш првин. Поготово преку викенд.
 
абре луге каде има пинг понг клубови овде во гевгелија нема апсолутно ништо..јас имам пинг понг маса дома веке има 2 години..многу добар спорт е но овде кај мене нема ни клубови ни ништо
 
Кој е најдобар материјал за изработка на пинг понг маса??? Иверица, медијапан, босанка ????
 
абре луге каде има пинг понг клубови овде во гевгелија нема апсолутно ништо..јас имам пинг понг маса дома веке има 2 години..многу добар спорт е но овде кај мене нема ни клубови ни ништо

И у Скопје не е нешто посебен,ретко можеш да најдеш некој клуб..А и на тв слабо го спомнуваат овој Спорт за жал..
 
И у Скопје не е нешто посебен,ретко можеш да најдеш некој клуб..А и на тв слабо го спомнуваат овој Спорт за жал..

Во Скопје има најмногу клубови за разлика од другите градови каде има само по 1 клуб. Логично е тоа ако знаеме дека е и поголем град, нели? =)

Клубот "Влае" мометнално врши упис на нови членови деца до 14 година. Тренинзите се секој вторник и четврток во Борис Трајковски.

А за афирмираноста на овој спорт за жал нема никаква. Нема заинтересираност од спортските новинари да ги известуваат резултатите од македонската лига ниту пак од натпреварите каде наши репрезентативци се натпреваруваат во странство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom