Името не се брани на улица, не се докажува со викање, особено не на лош македонски јазик, уште помалку со хулиганство; најмалку со кукање, меѓусебно обвинување дотерано до пизма и прикриена радост дека ќе му се изнаситиме на мајчиниот што ќе го загуби името! Сето тоа ни се случува. Не гледате ли?
Разноразните “експерти”, “интелектуалци”, “новинари” викачи кои постојано само кукаат дека ќе го загубиме името, деновиве исфрлија и пена дека останавме без име и држава, идентитет и нација, а никако не кажуваат што да се прави! Ì се обраќаат на улицата како решение во спортот број еден во Македонија - трката за рејтинг. И тие го турија своето лажиче сосема нарцисоидно, небаре ќе одат на избори.
Би ги прашал: Заговараме ли да ни се случи народ и личен мазохистички оргазам?! Онака милошевиќевски?!
Можам само да кажам дека докрај неодговорно, а уште помалку рационално им парираат на подметнатите провокации на Атина, на тамошниот печат и на воспалените националисти на кои местото не им е во Европската Унија. Моите колеги министри, пратеници, експерти за ЕУ и НАТО, во овие два бастиона на демократијата, на универзалните човекови права и на солидарноста, жалат што во своите редови ги примиле Јунанистанците од југот на Балканот. Тоа постојано и со резигнација, за жал, ми го кажуваат, очекувајќи од нас да бидеме попаметни и да попуштиме.
Така можеби и би можеле да се однесуваме доколку сме рамноправни во вината, кабаетлии и ние и Грците. Ама не сме! : Грција е недемократска земја, не ги почитува придобивките на ЕУ, не е солидарна и не ги споделува со другите безбедносните обврски од НАТО.
Ако некому треба да му се даде вето и да се избрка од обете европски организации на демократските и солидарни држави, тоа е Грција!
Повторно им наседнавме на Грците, а тие постојано ни потклаваат по еден и друг Тројански коњ, имено за да не покренеме ние кампања, со цел да ги допрашаме нашите сојузници во НАТО и ЕУ дали навистина им треба една несаглам држава во однос на универзалните човекови права. И, дали таквата држава не е токму контрадикција на сите вредности и придобивки на обете организации?
Нема пакет на Нимиц, има само отворена рамка со размислување и дополнување како да течат натамошните разговори со Грција за нивниот проблем со нашето име.
Самите разговори се наш максимален компромис на кој Грците не можат да му парираат со ништо.
Ние, само од тој агол, имаме доволно причини во името на нашите војници што се борат за демократија и одбрана на Европа во Авганистан, Ирак, Босна, Либан... да бараме да ја суспендираат Грција во НАТО. Дури и да ја избркаат.
Има ли земја на светот како нашата што си дозволува да разговара макар за своето име со друга, и тоа под диктат?
Нема земја што на НАТО му донесла толку главоболки како Грција. Постојано се во воена затегнатост со Турција, уште имаат територијални претензии, а сега се вртат и кон нас и со уште еден сосед создаваат криза. Општат со нас и, што е најстрашно, со НАТО и ЕУ со диктати, уцени и закани.
Ако ја прочитате повелбата на НАТО, ќе видите дека оваа воено-политичка организација имено е создадена за да ги елиминира овие грчки манири од односите меѓу земјите!
Конечно, Грција ќе заслужи да биде не само суспендирана, туку исклучена од НАТО ако со ветото, на кое нема право, ако со своето агресивно држење, закани и диктати кон Македонија, му нанесе, а веќе и му нанесува, сериозна штета на НАТО. Ќе го уништи неговиот темел: солидарноста меѓу државите!
Непримањето на Македонија во НАТО е спротивно на неговата повелба, бидејќи нашата земја ги исполнува сите услови за членство.
Со јасно изразена политичка волја и општ консензус на народите, Македонија сака да биде членка на НАТО. Ние сме далеку подемократска држава од Грција. Негуваме малцински права на ниво повисоко од повелбата за Човекови права на Европа, додека Грција гони Македонци, Турци и Албанци само оти не сакаат да бидат Грци. Учествуваме во сите операции на НАТО со цели 4 отсто од нашите оружени сили, а Грција само со 0,1 отсто!
Конечно, непримањето на Македонија ќе покаже дека НАТО е виц, смешка, бидејќи не само што не е солидарен, туку паѓа на испитот на стратешката одбрана на ЕУ поради Грција која на светот гледа од истиот агол од кој Европа ја мерка нејзиниот најголем непријател фундаментализмот, кого имено го карактеризираат исти шовинистички и исклучиви диктати како и тие на Грција!
Талибанците кои дословно до еден ги истребија Хазарите од Авганистан, или БААС партијата на Садам Хусеин, која со бомби и гас ги “чистеше” Курдите само оти не сакаа да бидат Арапи, како што Македонците, Турците и Албанците ги чистат оти не сакаат да бидат Грци!
Непримањето на Македонија во НАТО ќе биде лоша порака да силите со кои војуваме на фронтот на демократијата против тероризмот. Ќе разберат дека не само што нема единство, туку најважното крило на НАТО, непосредно потпрено на фронтовите во Ирак, Авганистан, Израел, Палестина и Либан, е со дупка во него, а Алијансата потресена однатре, лидерот САД вулгарно дезавиурани!
Македонија ќе биде членка на НАТО со или без Грција. Доволно е да бидеме упорни во афирмирањето на нашите предности - колку и да сме несовршени, подобри сме од Грците.
Ништоповеќе!
Каде греши? Каде згреши? Што грешно кажа??
Не лајте, читајте. Пена фати дека Грција е ќелеш и треба како се ќелеш да се справуваме. Со клоца.
Сердаре гледам не си читал ова. Ај сеа дали треба да се думаме.
Инаку, во архивата на Форум, откога е уредник, не само од него, ама до скоро сите наведени умни думи излегуваат.
Проверете, прочитајте, видете, па после речете дека немаше умни кои молчеа, ами имаше умни кои предочуваа, ама кој да слуша.