Правила на композиција

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Што е композиција? За да одговориме на ова, треба прво да се запознаеме со плановите (или кадри). Кога се фотографира, се фотографира според план, а плановите се точно дефинирани во фотографијата (и во филмската индустрија) и од кои нема отстапки. Какви планови постојат?

- тотал (максимално широк агол на објективот). На пример, ако влезете во театар, се што гледа вашиот објектив (сите елементи на композицијата) кој е максимално собран и со најширок агол би било тотал.

- укроен тотал - ако го стесниме аголот на објективот (или народски кажано пукнеме со зум) на пример до бината (како предмет на интерес во композицијата), тогаш имаме укроен тотал.

- фигура би било кога едниот од актерите би го фатиле од пета до глава.

- америкен - интересното кај овој план е што почнал да се практикува во времето на вестерн филмовите поради проблемот со висината на Џон Вејн кој бил грамада од човек и пиштолот кој бил обесен и висел од половината надоле, а морал да биде фатен во кадар. Им текнало да измислат нов кадар кој го опфаќа елементот на композицијата неколку прсти од колениците па нагоре.

- средина - самото име кажува, од половина нагоре.

- биста - од гради нагоре.

- глава - обично се оставаат неколку прсти под брадата.

- детал - кога од различни причини сакаме да прикажеме дел од елементот на композицијата. На пример, Џон Вејн се фаќа за пиштолот (дел од раката и дел од пиштолот, кај што се спојуваат), Џон Вејн е нервозен (во план ја фаќаме само устата која е стегната и напната).

Ви помогна и ви разјасни барем малку? Ако да, мило ми е. Погледнете некој филм (холивудски препорачливо) и ќе видите колку се прецизни во плановите до милиметар. Нема отстапки, секој кадар е по план.

Ќе поставам и фотографии за да се доразјасни. Прашувајте слободно, ќе ја надополнуваме темава.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Eве ги плановите и практично низ примери. Вежбава е работена на споменикот на Гоце во градски парк.

Фигура:

Гоце во "америкен" план:

Средина:

Биста:

Детал:

Сте го чуле и терминот "гро план" сигурно. Што е гро план? Гро план не постои, а како термин се користи од неукост.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Oкеј, се запознавме со плановите. Што претставува композицијата на фотографијата? Што се елементи на композиција? Предметите кои се сфера на нашиот интерес се елементи на композицијата и ја создаваат композицијата на фотографијата.

Како ги распоредуваме елементите на композицијата? Фотографите не се сликари кои работат со четка, па ајде, ќе си го ставам ова тука, тука ќе нацртам тоа и тоа...Имаш елементи на композиција кои се фиксни и поставени од природата и кои не може да се поместат. Токму тука е умешноста во фотографирањето. Согледувањето на просторот, формите на елементите кои ќе се најдат во композицијата и нивното поставување се најбитни при композицијата на една фотографија.

Споменикот на Гоце во парк е едно прекрасно и совршено скулпторско дело кое може да им помогне на сите oние кои сакаат да се занимаваат со фотографија во осознавањето на ова. Пробајте, фотографирајте го според плановите, од различни агли, со различен агол на објективот, од различни страни...спукајте му едно 100 фотки, но сите според овие планови. Во секоја фотографија Гоце ќе сака да ви каже нешто различно. Никогаш повеќе нема да го гледате со исти очи.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Елементите на композицијата се распоредуваат според форма и насока. До периодот на ренесансата, сликарите ги поставувале своите елементи секогаш централно. Ама, почнале да согледуваат некои нови работи. Прочитав на другата тема од некого дека се поставувале централно да дадат рамнотежа. Тотално погрешно. Во фотографијата, централното поставување на елементите на композицијата се настојува да се избегнува секогаш кога е можно. Рамнотежата на фотографијата се постигнува преку друго.

Еве три примери. Што мислите, на која од фотографиите елементот на композицијата е правилно поставен и зошто?

Секогаш (со исклучоци, кои ќе бидат објаснети) се настојува елементот да се постави на лева или десна третина, наместо централно. Океј, на две од фотографииве Гоце се наоѓа на третина, ама како одлучуваме на која третина да го поставиме? На левата или десната?

На каде тече акцијата? На каде гледа Гоце? Секогаш, се остава слободен простор на страната на каде што тече акцијата. Значи, правилно е поставен на третата фотографија.
 
Член од
7 март 2007
Мислења
197
Поени од реакции
12
Убаво објаснување Мистичен, многу потребно и важно. За композиција, да, многу се учи од внимателно гледање некој филм.
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Убаво објаснување Мистичен, многу потребно и важно. За композиција, да, многу се учи од внимателно гледање некој филм.
Па со оглед на тоа што секој филм има Директор на Фотографија што друго треба да се каже:)
Одлично кажано Мистичен, стручната терминологија не ми беше само јасна:)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Еве уште нешто дополнително случајно ги најдов.

Како да фотографирате

1.Пазете на позадината
Гледај те позадината со својата содржина да не го одвлекува вниманието од објектот на снимање.
Едноставна и ненаметлива позадина го истакнува објектот.Некогаш поради тоа се исплатува да се најди некој нов ќош или едноставно да се промени местото
2.Приближете се
По правила што сте поблиску до предметот на снимање,фотографијата е подобра.Приближувањето ја елиминира непожелната позадинакоја го одвлекува вниманието на предметот кој се снима.Снимете така да сликата ја исполните со јасен и интересен мотив.Погледнетего упатството на вашиот фотоапарат за да дознаете колку можете да се приближите за да би добиле остра фотографија.Многу едноставни фотоапарати немозат да снимаат на дистанца помала од 1,2-1,5m
3.Објектот не мора секогаш да е во средина
Нема ништо лошо во тоа ако особата која ја снимате е во средината на фотографијата,сепак,пробајте понекогаш да ја поставите на една страна и со тоа ке постигнете динамична композиција која за окото е поинтересна .
4.Фатете и дел од околината
Кога снимате одалечени објекти,вклучетеги во фотографијата и предметите кои ви се блиску.Тие на фотографијата ке му дадат длабина и перспектива

5.Бидете “невидливи
Кога снимате луѓе,настојувајте тие да се занимаваат со некоја активност!Тогаш нема да обрнуваат внимание на вас и на фотографијата ке се осети спонтаност. Зафатете ги со нешто и нивните изрази ке бидат поприродни и опуштени.

6.Добро анализирајте го светлото!
ДОВОЛНО светло е потребно за експонирање на филмот во вашиот фотоапарат,но ДОБРО светло прави успешна фотографија!Светлото е заслужно за да фотографијата изгледа пластична,колористичка и привлечна за тој што го снимавме.Запамтете дека јаката сончева светлост не е секогаш најдобро светло за фотографијата.Многу ке се изненадат кога ке откријат дека покриеното сонце со облаци дава најдобро осветлување за снимање на луѓе.Многу јакото сонце дава оштри сенки на лицето и прави личноста да жмирка.Облачното време дава меко светло кое е идеално за портрети
7.Држете го фотоапаратот цврсто и мирно
Понекогаш потенциално добра фотографија не успева бидејки се заборават некои основни правила.Мирното држење на фотоапаратот е дефиниција за оштра фотографија.Кога го притискате откинувачот направетего тоа нежно,бидејки и мало помрднување на фотоапаратот може да биде причина за неоштра фотографија.Најдете погоден потпирач(стол,ограда,покрив на автомобил)за вашата рака или употре*ете мал статив.Блицот кој е вграден во вашиот фотоапарат не е корисен само по ноќе и затворена просторија.Користете го и во самрак и по јако сонце за да би ги ублажиле оштрите сенки.Проверете во упатството колкава е јачината на вашиот блиц,од неа зависи просторот во кој објектот ќе биде правилно осветлен обично се движи од 1,5m до 4,5m.
8. Фотоапаратот нека ви е прирака
Сите овие совети нема да ви помогнат доколку вашиот фотоапарат сте го оставиле дома.Колку неповратни моменти сте изгубиле поради тоа?Спонтаните моменти снимени на филм се непроценливи фото-спомени.За да ги фатите фотоапаратот мора да биде покрај вас.Ако вашиот стандарден фотоапарат е преголем,набавете дџепен модел кој денес го има многу во понуда
9. Без „ампутации“
[FONT=M_Swiss]Edna od naj~estite gre[ki e [FONT=&quot]“[/FONT][FONT=M_Swiss]odse~uvawe[/FONT][FONT=&quot]”[/FONT][FONT=M_Swiss] na ne~ija glava (ili drug vitelen del od teloto) . Toa voobi~aeno se slu~uva koga ste koncentrirani na ne[to drugo vo kadarot i ne vnimavate na subjektot vo pozadina[/FONT][/FONT]

10.Слаб или Силен блиц
[FONT=M_Swiss]Ova se slu~uva koga se slika na rastojanie pogolemo ili pomalo od ona potrebnoto blicot da go osvetli objektot.

edit: Napraviv gre[ka ako mo\i da se premesti postot vo temata ,,За Почетници"[/FONT]

Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
Темата е планови и елементи на композицијата , би предложила модераторот да ја преименува во правила на композиција за да имаме се на едно место .

Би продолжила таму каде застана Мистичен со основните правила при компонирање на кадарот од елементите на композицијата .

Правило на третини

Основниот принцип кај правилото на третини е имагинарна поделба на сликата на третини со две хоризонтални и две вертикални линии . Така се добиваат четири точки во кои треба да настојуваме да ги сместиме објектите на интерес на дадена фотографија .
Теоријата вели дека доколку објектот на интерес е сместен на овие четири точки , или по имагинарните линии , фотографијата станува избалансирана , а човечкото око поприродно се движи низ неа .

Линиите како елемент на композицијата

Линиите се можеби најзначајните елементи на композицијата . Кога се користат ефектно тие визуелно не водат во и низ сцената .Постојат три типа на линии: хоризонтални , вертикални и дијагонални , и секоја од нив создаваат различна доза на движење и енергија во фотографијата , а од таму и различни ефекти .

Хоризонталните линии даваат статичност , стабилност и смиреност на фотографијата . Фотографијата добива ефект на идила . Полиња , езера , реки , море , се само дел од објекти кај кои егзистираат силно изразени хоризонтални линии .Хоризонтот е неизбежната хоризонтална линија на секоја фотографија .
Поставеноста на хоризонтот во фотографијата има три позиции : во средина (middle cut ) , ја дели фотографијата на два еднакви дела по хоризонтала . Во теоријата најчесто се избегнува централно поставен хоризонт , но оваа позиција е прилично моќно орудие на фотографот посебно кога станува збор за прикажување на симетрија ( пример рефлексија ) . Имено симетријата се истакнува по хоризонтала , додека асиметријата по вертикала .
Втората позиција на хоризонтот е ( low cut ) , хоризонт на долната третина од фотографијата . При оваа позиција акцијата се случува во горните две третини на рамката .
Последната позиција на хоризонтот е high cut , горната третина на фотографијата . Овој хоризонт се употребува кога акцијата се случува во долните две третини .
Вертикалните линии додаваат движење и енергија на фотографијата , која станува експресивна и многу помоќна . Стебла од дрвја , стебленки од трева , жито , ова се само дел од вертикалните линии во природата . Внимавајте кога компонирате фотографија со вертикални линии , бидете сигурни дека тие не го водат окото на гледачот надвор од кадарот и од објектот на интерес .
Дијагонални линии продуцираат најмногу енергија и движење од било кој друг тип на линија . Дијагоналите не внесуваат директно во сцената многу поагресивно , создавајќи визуелна тензија како краен резултат од перцепцијата . Дијагоналните линии може да се имплицираат со дисторзија на перспективата или со едноставно извртување на фотоапаратот .
Најпосакувана линија на секој фотограф е нејзиното величество "The S " . Оваа линија е симбол за убавина и елеганција . Ако е добро искомпонирана во кадарот делува грациозно елегантно и создава чуство за рамнотежа и баланс .

Аголот на фотографирање

Еден од моќните начини фотографијата да биде поинтересна за човечкото око е да се игра со аголот на фотографирање . Аголот на фотографирање може прилично да ја промени композицијата и перспективата на кадарот . За што станува збор .
Да го земеме споменикот на Гоце Делчев кој го има употребено Мистичен во своите постови . Можеме да го фотографираме од некоја далечина и да го прикажеме во целост . Но исто така можеме да му се доближиме во неговата основа , при тоа дополнително да клекнеме , па дури и легнеме на тлото и да направиме фотографија . Во вториот случај споменикот го исполнува целиот кадар , дополнително ја истакнуваме неговата монументалност , истовремено потенцирајќи ја и текстурата на материјалот од кој е направен .
[FONT=&quot]Запомнете , не ги правите вашите фотографии од агол што ви се нуди при стоечка позиција . Порбајте да ја најдете најубавата страна на фотографираниот објект со промена на аголот на фотографирање . Ова посебно ќе дојде до израз ако користите широко и ултра широкоаголни објективи , кои во основа дисторзираат.

( продолжува )

[/FONT]
 
Член од
12 октомври 2007
Мислења
56
Поени од реакции
3
Одлични и многу поучни постови за сите кои сакаат да научат нешто повеќе за фотографирањето....Thanks a lottt:pipi:
 
jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16

falaaaa
bas me interesiraa ovie raboti
fala najmnogu
obozavam da slikam
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Зошто сликите од Мистичен не ми ги отвора?
 
Член од
30 септември 2009
Мислења
79
Поени од реакции
6

Чекаме

Супер поуки.. Баш ми требаа... Благодарам МНОГУ и секоја чест за напишаното. Чекаме уште :)
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
како би требало да се однесуваме и каков став да завземеме да не излезе безвезе фотографија на која има луге или само еден човек?
 
Член од
7 мај 2010
Мислења
40
Поени од реакции
0
Дали е добар апаратов за вовед во фотографија бидејќи го имам тој буџет
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Мистичен зарем и ти со Гоце Делчев :) имам мала ноќна мора од Гоце во школото на владо вељанов
 
Kajgana Shop

На врв Bottom