- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.494
- Поени од реакции
- 18.517
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=30423&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
Државата нема да им плати ниту денар на деветтемина касапи од Крива Паланка кои седум години имаат бруцелоза. Така пресуди судот иако се заразиле по вина на ветеринарната управа. Управата иако законски била обврзана да ја уништи заразената стока од бруцелоза, сепак потпишала договор за колење на заболени животни со фирмата Адриа, сопственост на црногорски бизнисмен. Таа фирма ги ангажирала кривопаланечките касапи, но не ги известила дека овците и козите се заразени. 10-те илјади животни се колеле цела 2001 кај Кавадарци - деветтемина касапи за дневница го жртвувале здравјето - кога дознале за бактеријата било доцна - стоката веќе била заклана, нездравото месо со лажни декларации продадено, а сопственикот на Адриа, одговорен за колењето исчезнал од Македонија.
Додека ги колеле овците, касапите не биле надгледувани од ветеринарен инспектор иако тоа е задолжително. За заразеното месо кое го продавале месните индустрии седум години не е отворена никаква истрага. На касапите и денес не им е јасно како Ветеринарната управа дозволила колење на бруцелозна стока без никаква заштита и без да ги извести какви животни колат. Токму затоа бараа отштета од државата, но и да ги наплатат парите кои ги потрошиле за прегледи и лекови.
--------------------------------------------------------------
Добро бе дел од ова месо се јадело овде во Македонија, абе имале ум овие...