Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Додека се мисли на тоа, најверојатно ни еднаш нема да се доживее оргазмот.Што мислите, кога започнувате со сексот, овде мислам претежно на девојките, тешко ли ви оди да дојдете до оргазам?
Или фактот дека после вториот, третиот пат сеуште доаѓате до максимум два пати е до типот со кој што го имате сексот?
Какви работи ви се вратат во глава?
Дека можеби потоа сеуште нема да можете да достигнувате повеќе од 2 оргазми?
Дека ќе ви треба долго време за да свршите?
Или најтрагично дека тој свршил, пред вие воопшто да се загреете?
:devojce 1:
Обично е до типот, но не е толку до неговите техники, колку што е до тоа колку тој и одговара на девојката, колку можат да се опуштат и колку да си овозможат добар секс. Како за неа така и за него всушност.
Иначе, ако прашуваш за тоа за секој нареден пат, па дали со тоа се зголемува и бројот на огразмите и тоа е логично. Секој нареден пат сте поопуштени и двајцата, секој нареден пат се` повеќе се познавате и повеќе можете да уживате, па со тоа си доаѓа и врвот или повеќето врвови.
Значи нема некоја дефиниција или граница, а ни определено фиксно време. Може да се случи девојката неколку пати да сврши пред машкото, може ни еднаш, може еднаш ... нема никаква дефиниција и редослед. Но затоа, ако партијата заврши не доволно добро за едниот, има можности тоа да се поправи следниот пат, па тој после него, па тој после него итн.
Важно е да се сака, да се ужива и да не се замара многу мозокот со тоа.