Зошто не тераат да учиме предмети што не ни се потребни за понатаму?

  • Креатор на темата Креатор на темата E*V*I*L~G*I*R*L
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што без разлика на тоа што ти ќе работиш понатака во животот ти треба да имаш одредена општа култура. Не би требало да се ограничуваш само на знаења од твоја област. На пример кога ќе седнеш со друштво кафе и еве пример учиш медицина неможеш ти постојано да зборуваш само во рамките на таа област, мислам најреално гледано на сите ни се потребни тие изучувања за тие ’’непотребни’’ предмети .
 
добро прашање, секогаш сум велел дека особено во стручните училишта да се отстрани се што не е потребно, а да се зголеми бројот на предмети потрени од струката. но тоа е то, хехехе мора да има работа ЗА Сите.
 
ХАхххахахха уште еден добар патетичен пост.Не се откажувај девојко топ си без вакви мизерни постови не би било интересно.Па и потписиве кавгаџика,мрчало итн оф леле деца да не организирате банда хехехе

Пс... дај нека се логираат и другарките не е интересно вака со четвртина мозок да разговарам дај соберете се создадете една целина па поже ке падне некој поинтересен муабет......

А да да сакав да билдам постови верувај ке сум имал многу повеке од сега али ако така гледаме твоите бројки указуваат на такво нешто упс пак тресна глупост анк су ...... греФче сам себе го убијал со секој нареден пост:pos: :pos:

Ја не знам што ти е поентава со вреѓањево.
Се чувствуваш од гомно подоле па ај сеа да не си сам, нас ќе не вреѓаш. Абе дете иди играј тапка и не туку замарај по форуми, со своите патетично-мизерни постови, бидејќи на нас ни е секако интересно и без тебе.

Готово, завршив со тебе,немам намера да се замарам со едноклеточни животни како тебе. Пријатно!

Па ти сега вреѓај до кога сакаш...

||Шмугле|| напиша:
Затоа што без разлика на тоа што ти ќе работиш понатака во животот ти треба да имаш одредена општа култура. Не би требало да се ограничуваш само на знаења од твоја област. На пример кога ќе седнеш со друштво кафе и еве пример учиш медицина неможеш ти постојано да зборуваш само во рамките на таа област, мислам најреално гледано на сите ни се потребни тие изучувања за тие ’’непотребни’’ предмети .

Добар пост :)
Многу добро кажано.
 
Ех сакав да престанам да се нервирам поради ограничените мислења на некои форумџии ама еве морам да пишам уште еден пост
Добро бе што направивте од темата, ајде доста со ова вреѓање и омаловажување досадно стана веќе не личи на годините.ако сакате отворете тема за ова за кое дискутираме веќе неколку дена оставете ја оваа да олади малку.И дај пишувајте постови со факти и мислења а не со емотови .
И поштедете ме од реплики кај што пишува нашол кој да каже блабла..
Уште еднаш едно фала до оној кој ми даде нов опис - тресачка. и поздрав до истиот со желби во наредниот период да научи дека в не е еднакво на л, односно guwab е уствари гулаб.
 
хахахахахахахахах:pos: :pos2:
 
Жалосно е ова. Не тераат да учиме предмети што понатака воопшто нема да ни требаат. Јас ако сум одбрала јазичен смер, што ќе ми е понатака математика, биологија, хемија, физика...зарем 2 години учење се малку? Ама целава оваа работа сеправи од една мн. проста причина. Се повеќе професори има, а се помалку часови треба да држат, и ако ги исфрлат од програмата, да се учат тие предмети минимум до 3 год., тогаш пола професори, ќе останат без плата и работа!
 
Добро, но гледаш ли што учиме биологија за трета? Човечкото тело. Ова што сега го учиме биологија е најважно од моментално сите теми по сите предмети што ги имаме учено досега и што ќе ги учиме. Има теми кои се сосема непотребни, но од каде знаеш, можеби на некој од твојот клас ќе му текне да оди медицински, или па на ПМФ, или па на Ветеринарен? Не значи дека ако одбрал насока, финито, се решил каде да студира.
Еве ти пример, во нашата генерација не се оформи клас математичко Б. А има повеќе деца кои сакаат да одат на Медицински. Голем хендикеп би бил тоа да не учат биологија, хемија и физика во трета. И на крај, сепак си одбрала гимназија, мораш да се соочиш со сите можни предности и недостатоци на гимназиското образование. Мислиш мене ми се учи латински две години? :)
 
Па тоа е целата поента. Зошто да учам јас Биологија или ти Латински јазик кога никогаш нема да ти бидат потребни за понатамошно образование. Таква ни е државата и нема што да се превземе, едноставно само не оптоваруваат со све и свашта. А, да.. ке заборавев, Природно Математичко А во четврта предмет Филозофија, Бог да чува.
 
Гимназија си. Сестрано образование, римембр?:vozbud:
 
Добро, но гледаш ли што учиме биологија за трета? Човечкото тело. Ова што сега го учиме биологија е најважно од моментално сите теми по сите предмети што ги имаме учено досега и што ќе ги учиме. Има теми кои се сосема непотребни, но од каде знаеш, можеби на некој од твојот клас ќе му текне да оди медицински, или па на ПМФ, или па на Ветеринарен? Не значи дека ако одбрал насока, финито, се решил каде да студира.
Еве ти пример, во нашата генерација не се оформи клас математичко Б. А има повеќе деца кои сакаат да одат на Медицински. Голем хендикеп би бил тоа да не учат биологија, хемија и физика во трета. И на крај, сепак си одбрала гимназија, мораш да се соочиш со сите можни предности и недостатоци на гимназиското образование. Мислиш мене ми се учи латински две години? :)
Епа тоа е тоа што го зборам. Да беше наставната програма, добро направена, биологија мн. порано ќе учевме за најважното-човекот, наместо да учиме во 1 година за инсектите од што се изградени. Што има врска што е гимназија? Баш поради тоа во 3 се бираат смерови. Да беше добро направена програмата, секој ќе одеше на смер, за кој што мисли дека би му бил потребен за понатака да продолжи. Зашто во 3 год. не сме веќе толку мали, да знаеме што сакаме понатака да правиме во животот, така да горе доле сите знаеме што сакаме да студираме. Ок, после може да се предомислиме, ама не се случува тоа толку често. Токму за тоа се поставени тие смерови. А ти и твојот латински...не заборавај дека изборен предмет ти е, си избра јазичен смер, а јазичен смер без латински...не иде:):helou:
 
За болдот: Можеби некој сака да оди на Земјоделски, Ветеринарен факултет, мора да има барем некоја основа:wink:.
Па баш затоа ти велам. Според мене, треба да си го вратат гимназиското образование по старо. Тогаш поквалитетно беше образованието а и генерациите пред нас повеќе ги разбираат некои работи. Сега ова е гола вода.
 
а шо да речам јас шо во музичко ми клаваат предмет естетика и бизнис....не знам каква врска имаат со музиката тие...а се сомневам дека ке ми требаат тие понатаму во животот..
 
Не знам зошто сите упорно повторуваат ,,општа култура,,кога ова што нас ни се случува нема врска со општа култура?Самиот збор општа ви кажува се!На сите полиња треба да се има одредени мали и општи знаења.Зар некогаш на маса ќе падне муабет на тема колку овци има во австралија?Или колку километри квадратни изнесува територијата на индија?За другите предмети да не зборувам...
И цело време најдобри оцени имаат ,,бубалиците,,кои на карта не можат европа да ја најдат ама затоа знаат еден куп безпотребни бројки...
Јас мислам дека сепак треба се да биде по општо и пред се да ја знаеме практичната примена на нешто то-а не само да се учи затоа што ,,така треба,,.Затоа не можеме да се споредиме(по образование)со ниедна европска земја(:kesa:)од се знаеме по нешто а ништо не знаеме целосно...
 
Затоа што без разлика на тоа што ти ќе работиш понатака во животот ти треба да имаш одредена општа култура. Не би требало да се ограничуваш само на знаења од твоја област. На пример кога ќе седнеш со друштво кафе и еве пример учиш медицина неможеш ти постојано да зборуваш само во рамките на таа област, мислам најреално гледано на сите ни се потребни тие изучувања за тие ’’непотребни’’ предмети .

апсолутно се согласувам! и јас порано се прашував зошто не мачат со глупости, но сега кога сум повозрасна(имам 20 години) свакам дека не сум учела некои работи за џабе! порано или подоцна ке ти требаат некои работи што си ги учела баш од тој предмет шо си мислела дека нема да ти треба.
 
јас барем мислам дека околу проблемот треба да ѕирнеме во бројот на часови во неделата како и односот на професорот кон ученикот. Да имаш 4 дена по 7 часа и 1 ден 6 часа не е лесно, се преморуваш, а остатокот од времето дома треба да го поминеш учејќи. Па тие што се сега професори имале 4 дена по 4 часа и еднаш 5, и се концентрирале на она корисното, па затоа и успеале. Дај ви се молам 100 страници за генетика во втора година гимназија за 16 годишни деца, све во детаљи. Па имам другари чии родители се видни и квалитетни доктори....тие генетика учеле на факултет, а да не го изоставиме фактот дека голем број од професорите испрашуваат нешта кои не се ни спомнати во учебникот или на час...ми збореле за прашање „зошто желките плачат кога несат јајца“ од едно средно училиште во Скопје. Хмм, чудно одговорот бил „зошто им одела прашина во очите“:uvo:, а за тоа некој ученик добил 1.
Има некои предмети со пренатрупани детаљи, ама професорот не ти ги бара...ретки се таквите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom