Зошто децата се крштеваат (во православието) на својата 1 година?

Дали го одобрувате тоа што друг им ја одбира религијата?!?

  • Вкупно гласачи
    178

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Па тоа е добро да се крштеваат порано бидејќи ако дојде до ненадејна смрт нема да умрат како христијани.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
[zEUs];1841413 напиша:
Па тоа е добро да се крштеваат порано бидејќи ако дојде до ненадејна смрт нема да умрат како христијани.
Би се изненадил колку луѓе се крстени, а не умираат како Христијани.
 
[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Би се изненадил колку луѓе се крстени, а не умираат како Христијани.
Како мислиш ?! - прават лоши дела или ...

Ја мислим дека подобро што порано да се крстат а за делата што ќе ги прават понатаму самите си одлучуваат.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Без лична вера и покајание бебето не може да биде библиски крстено. Попрскувањето или потопувањето на бебето од страна на чичкото во црна мантија е само едно вонредно бањање и нема никаква врска со Бог, христијанството или пак духовноста на тоа бебе.
Дури откако ќе порасне тоа бебе и лично ќе ја осознае верата христијанска, доколку поверува во неа, дури тогаш е спремно да се крсти.
Не заборавајте на главниот услов за крштевањето:

Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?”
А Филип му рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш."
(Дела 8:36-37, Библијата)

Бебињата не можат да веруваат од се срце во нешто што не го познаваат. Следствено, тие не можат да се крстат.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2

Објасни ми тогаш како тоа апостолите крштевале цели семејства, и тоа не само едно туку повеќе, а во ниту едно такво семејство не се нашло некое дете? Кај ти е логиката, бре Ев?

А детето ако е мало за да поверува, за тоа има некој друг - кумот.
 
Член од
10 ноември 2008
Мислења
25
Поени од реакции
0
не сум во тек но со темава но прашањето беше зашто ги крстат децата....а као што рочитав дека грев е да се носи на душа друг човек поточно родителот според црквата е крив што не го крстил своето дете и дека ке гние во црквата тоа е тапа :D тоа што сакам да кажам е дека црквата сака да си го нанесе својот став...но во тоа се повеке паѓа...прочитајте малце историја ке сфатите зашто :tapp:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
..Навистина, зашто!? Ќе ми/ни објасниш?
 
Член од
10 ноември 2008
Мислења
25
Поени од реакции
0
..Навистина, зашто!? Ќе ми/ни објасниш?
Као на пример.. црквата во првиот век била над лугето. т.е владела со лугето....Со тек на време као што се развивал мозокот на лугето кои што помислисле дека црквата можеби греши....Црквата ги убивала т.е н мн погадни начини....Као на пример дарвиновото мислење.Дека лугето не ги создал господ туку тие по пат на еволуција се создале како и многу други животни...Црквата го запалила него.И пред едно месец и нешо Католичката црква признава дека Дарвин бил у право дека лугето и сите останати животни се создале по пат на еволуција.И му се извинила...А тоа што го запалиле сред плоштад тоа што е?????А плус и тврдењето дека земјата е плоча и дека ја држат китови.После таква грешка на црквата ја нз како да и се верува...И така да црквата мора да нанесува свои други ставови као на пр. мастурбирањето е грев или децата мораат да се крстат.Затоа што никогаш луѓето нема да докажат за разлика од грешките кои што ги правеле порано во примерите што ги набројав,со земјата и еволуцијата...Баш затоа црквата иде се пониско и пониско
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?”
А Филип му рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш."
(Дела 8:36-37, Библијата)

Прашање до сите членови на овој форум:
Дали едно бебенце може да поверува во Исус Христос?
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60

Да,
кога ќе порасне.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Значи дека кога бебенцето ќе порасне, тоа ќе може да поверува во Исус и да се крсти, но додека е бебе, тоа ниту може да поверува, ниту пак да се крсти.

Се надевам дека сега го расчистивме библискиот став околу крштевањето на бебињата. Сега останува да расчистиме ако Библијата не оправдува крштевање на бебиња, тогаш зошто православната црква сепак ги крштева?
Дали се работи само за профит или пак за да си ги стекнат истите како идни муштерии уште пред да се свесни за тоа? Или пак нешто сосема трето? Вие што мислите?
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Целта на крштевањето не е бебето да поверува во господ додека се крштева, туку таа цел е бебето да поверува во господ кога ќе порасне. Целта е крштевањето да има такво влијание кое ги зголемува шансите да бебето верува во господ во иднина.
Таа цел се постигнува со крштевањето на детето.

Библискиот став неможе да се расчисти затоа што тој не е статичен.
Библијата е како пластелин, од кој црквата прави фигури, форми.
Барањето на ставот на библијата е ист како барањето на формата на пластелинот.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?”
А Филип му рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш."
(Дела 8:36-37, Библијата)

Прашање до сите членови на овој форум:
Дали едно бебенце може да поверува во Исус Христос?
Ај не се прај на мутав и кажи како може да нема ниту едно дете во овие семејства

Дела 10:24http://www.svetopismo.com.mk/index3.php Следниот ден тие пристигнаа во Кесарија. А Корнилиј ги чекаше, повикувајќи ги своите роднини и блиски пријатели. 48 И им заповеда да се крстат во името на Исус Христос.

Дела 16:15http://www.svetopismo.com.mk/index3.php А кога беше крстена таа и нејзините домашни, не замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!” И не принуди.

Дела 16:33 Во истиот час таа ноќ тој (стражарот на затворот) ги прими дома и им ги изми раните. Потоа веднаш беше крстен тој самиот и сите негови домашни.

А знаеш ли која е функцијата на кумот?

A св.Дионисиј Ареопагит за крштението на децата во своето дело “За Црковната ерархија”, Софија, 2001. стр- 117 вели дека младенците (малите деца) треба да се примаат по тој свештен начин, кога нивните родители по природа ќе ги предадат на добар наставник, од веќе просветените (крстените) членови на Црквата, и тој ќе вети дека детето, откако ќе се исполни со свештен разум, ќе го научи на одрекување од се што е демонско, а и да ги исполни божествените ветувања.

Бај д веј, св. Дионисиј е ученик на св.апостол Павле и е токму оној кој го пишува во

Дела 17:34 А некои луѓе се присоединија кон него и поверуваа. Меѓу нив беше Дионисиј Ареопагит и една жена, по име Дамара, и други со нив.

И не знам со која дрзост се сметаш себеси достоен за крштение, а децата, кои се најчисти и нејневини ги фрлаш отстрана!:tapp:

Јован 3:5 А Исус му одговори: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо; 6 зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Маран Ата, во Библијата не е спомнато ниту едно бебе кое било крстено, а ти можеш да вадиш догми од молк до утре сабајле и да му ставаш твои зборови во устата на Бог, ама тоа нема да ја промени Библиската вистина.
Во Библијата јасно е кажано дека верата е неопходен предуслов за некој да се крсти и ние веќе расчистивме дека бебињата не можат ниту имаат капацитет да поверуваат во Оној Кого не го познаваат.

Еден мој пријател еднаш ми кажа дека целата негова фамилија имаат положено за кола. Пријателов тогаш имаше внук роден само пред 3 месеци, но сепак тој не сметаше дека е потребно да ми потенцијра дека неговиот 3 месечен внук нема положено за кола :)
Нека Господ ти даде мудрост и разум да го разбереш ова.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Maran Ata, ние немаме библиски доказ дека ткн. "светец" Дионисиј го рекол тоа што го наведуваш, освен изрежисираното ткн. "православно предание" кои православните си го скроиле по своја мерка за да си ги оправдаат своите небиблиски догми.
Но затоа пак имаме библиски доказ за она што го рекол Филип:

Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?”
А Филип му рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш."
(Дела 8:36-37, Библијата)

Значи, ако веруваш - можеш, а доколку пак не веруваш - не можеш!
Бебињата не веруваат, тогаш ќе мораат да почекаат да пораснат и доколку поверуваат, ќе можат да се крстат.

Јован 3:5 А Исус му одговори: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо; 6 зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух.
Овој стих воопшто не се однесува за крштевање, во спротивно Исус јасно би рекол: доколку некој не се крсти, нема да влезе во Божјото Царство итн.
А доколку ти толкуваш дека овој стих се однесува на крштевањето, тогаш објасни ми како тоа разбојникот на крстот влегол во Божјото Царство кога тој не бил крстен? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom