Зошто децата се крштеваат (во православието) на својата 1 година?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате тоа што друг им ја одбира религијата?!?

  • Вкупно гласачи
    179
Верните точно знаат во што и во Кого веруваат. Нечие непознавање на православната вера незначи дека православните верници немаат поим што прават.
Христос сам ништо нема запишано. Она кое е запишано во Евангелијата, запишано е од Неговите Апостоли, кои со свои очи и уши можеле да Го видат и слушнат па да го запишат кажаното од Него.
A, што значи?
 
За верните, Бог е исто толу реален колку што е реално моето постоење. Сега сигурно ќе прашаш, како може да се верува во она кое не се гледа? Во тоа и е разликата меѓу рационалното и логичното распознавање на нештата од една и верата/религијата од друга страна. Поимот „вера„ значи да се верува на невидено/неслушнато/непроверено/недопрено/неиспитано, за разлика од искуственото сознание кое е непосредно и реално. Но, „вера„ значи и да се верува во учењето кое Христос Бог ни го остави, како и да се има неограничена доверба во Бога и во Неговата грижа, дека Он најдобро знае што е за нас најдобро.
Неслучајно Христос му вели на Апостоолот Тома„: Тома, ти поверува оти виде, блажени се оние кои не виделе а поверувале„. Значи, за да може поеднинецот да верува во Бога, Кого никогаш не го видел, истиот тој поединец треба да поверува во Божјото постоење.
 
За верните, Бог е исто толу реален колку што е реално моето постоење. Сега сигурно ќе прашаш, како може да се верува во она кое не се гледа? Во тоа и е разликата меѓу рационалното и логичното распознавање на нештата од една и верата/религијата од друга страна. Поимот „вера„ значи да се веруваневидено/неслушнато/непроверено/недопрено/неиспитано, за разлика од искуственото сознание кое е непосредно и реално. на Но, „вера„ значи и да се верува во учењето кое Христос Бог ни го остави, како и да се има неограничена доверба во Бога и во Неговата грижа, дека Он најдобро знае што е за нас најдобро.
Неслучајно Христос му вели на Апостоолот Тома„: Тома, ти поверува оти виде, блажени се оние кои не виделе а поверувале„. Значи, за да може поеднинецот да верува во Бога, Кого никогаш не го видел, истиот тој поединец треба да поверува во Божјото постоење.
Ако е така, зошто не веруваш дека јас сум господ?
 
Црквата во својата пракса закрштевањето не поставува прашања за возраста на некој кој се крштева, дали е старец,зрел човек,млад или дете,зашто крштевањето е потребно на секого за спасение. Забрана за крштевање на децата до каде што сум јас запознат во Библијата не постои.Или сум грешка? Но,знам дека постои наредба за крштевање на сите народи (луѓе), и не се спомнува да се исклучат децата. На едно место се вели;,оставете ги децата да приоѓаат кон мене,зашто за такви е царството небесно,,(Мт.19,14), Точно не е речено дека треба да се крстат буквално,но е речено дека децата се способни и поканетисе да влезат во тоа царство,да бидат членови на црквата. Тие се најдостојните за да го примат Духот Свет.Тој се прима на светото крштевање преку Св.чин миропомазание и се вели,,Печат на дарот од Св.Дух,,. Во предходниот текст спомнав тоа е печатот на визата за влез во небесното царство. Е сега прашањето е кој би се осидил да децата ги казни со тоа што би му го ускратил нивното право за небесниот живот?Православните па и католиците се изјаснуваат дека,не сакаат да бидат осудени за такво дело. Децата го заслужваат тоа.
 
Не си, 100%. Ти реално постоиш и си видлив/а, без разллика што јас лично во моментов неможам да те видам. Кога ти би бил/а бог, сигурно би направил/а чудо и би се појавил во просторијава во која моменатлно престојувам, за да ме убедиш во своето постоење. очигледно е дека неможеш да направиш такво „чудо„. оти за некој кој е бог, се е можно.

Протестанската логика е следна: тие веруваат само на Писмото па ако таму нешто не е запишано, по автоматизам е недозволено. Православната „логика„ е токму спротивната: ако не е запишано, не значи дека е забрането. Светета Тајна крштевање сам Христос ја има востановено. За тоа, не вреди да се дискутира туку се прифаќа како Божја волја.
 
Не си, 100%. Ти реално постоиш и си видлив/а, без разллика што јас лично во моментов неможам да те видам. Кога ти би бил/а бог, сигурно би направил/а чудо и би се појавил во просторијава во која моменатлно престојувам, за да ме убедиш во своето постоење. очигледно е дека неможеш да направиш такво „чудо„. оти за некој кој е бог, се е можно.
Токму тоа сакав да ти го кажам.
Сакав да ти кажам дека и ти бараш докази за постоењето на господ, и дека со „малку“ финти, можеш да почнеш да веруваш дека и јас сум господ...
Сигурен си дека неможам да го направам тоа?
 
Токму тоа и го кажувам. Мала корекција: јас поверував во Божјото постоење пред некоја година, а моментот (се работи за момент а не за процес!) кога поединецот ќе поверува во Бога, православните богослови го нарекуваат „метаноја„, што значи: преумување, покајание, но воедно значи и „средба со Бога„ : Тој момент е неповторлив. Нема логика ти да бидеш бог, со кого јас би требало повторно да се сретнам.
 
Освен ако не си лажен бог, скраја да е!
 
Сакаш да кажеш дека си го видел Господ?
 
На едно место се вели;,оставете ги децата да приоѓаат кон мене,зашто за такви е царството небесно,,(Мт.19,14), Точно не е речено дека треба да се крстат буквално,но е речено дека децата се способни и поканетисе да влезат во тоа царство,да бидат членови на црквата

Многумина го земаат болдираниот стих како доказ дека Христос заповедува крштевање на децата/бебињата.
Но доколку го погледнеме тој стих во неговиот контекст тоа воопшто не е така.

"Тогаш доведоа при Него деца, за да ги положи рацете над нив и да се помоли, а учениците им бранеа. Но Исус рече: “Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на такви е царството небесно.” И кога ги положи рацете над нив, Исус си отиде оттаму."
(Матеј 19:13-15)

Од контекстот гледаме дека:
1. Христос им се обраќа на учениците кои ги сопирале децата да дојдат кај Христос велејќи им да не ги сопираат.
2. Луѓето ги донеле децата кај Исус за да ги положи рацете над нив и да се помоли за нив, а НЕ ЗА ДА ГИ КРСТИ.
3. Откако дошле децата кај Христос, ТОЈ НЕ ГИ КРСТИЛ, туку ги ставил рацете над нив и СИ ОТИШОЛ.

Заклучок:
Секој родител-христијанин треба да ги носи своите деца/бебиња во црква. Ова не е "пожелно", ниту пак опција, туку една индирекна заповед на Христос.
Како што се грижиме за телесниот развиток и здравје на децата, така треба да се грижиме и за нивниот духовен развиток и за нивното духовно здравје. Многумина родители ја запоставуаат духовната димензија во процесот на воспитувањето на децата и залутани или хипнотизирани во својот кариеризам одеднаш стануваат вџашени кога ќе го видат своето дете со шприцот во рака, во затвор, на некое порно клипче на мобилен, предозирано од алкохол и сл.

Секое дете има духовен вакум во своето срце и доколку не му обезбедите вистинска духовна храна, или како што Христос ја нареквуа: "жива вода", тоа ќе пробува да си ја изгасне својата духовна жед со било какви извори, за жал најчесто од некои безводни бунари кои не ја гаснат жедта, туку ја зголемуваат и создаваат зависност и пороци, кои водат кон деморализација и деградација на детето.
Затоа, браќа и сестри родители-христијани, дајте му ја на вашето дете живата вода за која збори Христос...
"Исус во одговор и рече: „Секој кој пие од водава, пак ќе ожедни. А кој пие од водата што Јас ќе му ја дадам нема да ожедни довека, туку водата што ќе му ја дадам, ќе стане во него извор на вода, извирајќи во вечен живот.”" (Јован 4:13,14)

Таа жива вода е Христос, Светиот Дух, Божјото проповедано Слово кое е способно да го нановороди вашето дете/бебе, но овој пат не телесно и од вас, туку одозгора, од Небесниот Татко. Затоа носете ги вашите деца во црква, изложете ги на Словото и молете се за нив, да тоа Божјо семе падне на плодна почва во нивните срца и да не биде загушено од телесните и суетни задоволства што им ги нуди деморализираната околина.
Молете се и со нетрпение очекувајте го денот кога ќе го слушнете вашето дете како, до гуша полно со вера во Христос, ви вели:
"Мамо (или Тато), САКАМ ДА СЕ КРСТАМ!" :)
 
Imam 17 godini, seuaste nekrstena...
tatko katolicki hristijanin, majka pravoslavna hristijanka...
ne me krstile ni mene ni moite braka, se so cel da ostavat na nas da resime sto sakame da staneme, dali katolici dali pravoslavni....
taka i jas mislam deka e najpravilno sekoe dete samo da ja odredi svojata religija, normalno so soglasnost odnosno da ima blagoslov od roditelite..
 
исто е и кај мене, само што кај мене и двајцата се крстени.Сепак го оставиле тоа на мене и на сестра ми да одлучиме дали сакаме да се крстиме или можеби ќе избереме друга религија.
ете ми направиле услуга, прераснав во атеист.за сестра ми е рано да се каже уште не се занимава со вакви теми.
 
Eпа во однос на тоа православната црква прави голема грешка бидејќи крштава деца на мала возраст. Откако човек ќе поверува тогаш треба да се крсти!
 
Eпа во однос на тоа православната црква прави голема грешка бидејќи крштава деца на мала возраст. Откако човек ќе поверува тогаш треба да се крсти!

Веројатноста да поверувам како крстен е многу поголема од веројатноста да поверувам како некрстен. Вториов случај е повеќе случајноист, стек од околности отколку силна потенцијална можност да се поверува во Оној Кој ог одредил крштевањето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom