- Член од
- 20 мај 2008
- Мислења
- 961
- Поени од реакции
- 43
Леле имавме и ние една таква, не ни беше некоја блиска другарка, школска само, но знаеше да се јави за викенд и ќе рече “Идам и јас“. Во ред, доаѓаше, излегувавме на кафе... Но, многу не замараше со муабети за некои луѓе (кои не ги познаваме), со тоа колку е таа привлечна, фотогенична (умре циганката што ја фалеше), колку знаела она да скажува далги (?????????????), како во дискотека била излезена со некојси Пеце, а од една страна ја гледал бившиот (заедно со девојката), а од друга некој додворувач (што неа не и се свиѓаше? но од уста не го вадеше)... Едноставно не можевме да бидеме на мира од неа. Ќе поканев другарка кај мене, а другава се јавува за испаѓање, јас пробувам да ја откачам и на крај ќе си се поканеше сама на гости... Жив удав! По некое време сама се повлече, но и сега ако се сретнеме продолжува да замара со истите муабети.
Еден другар таквите луѓе ги вика УФО, како тој лепакот
Еден другар таквите луѓе ги вика УФО, како тој лепакот
