Резолуцијата 817 и Времената спогодба

Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Grckiot parlament vo dogledno veme ...citaj 1000 i kusur godini nema da ratifikuva nisto sto ke ima vrska so Makedoncite.
Bidejki od NATO fino vi kazaa deka Grcija e vo NATO , a Makedonija saka da bide vo NATO..., a tamu kako Makedonija ne ja primaat.....sto poveke muabet na taa tema pravite ???
CARE....???? Ima :)
Ти што националност си и од која земја доаѓаш?
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Ја знаеш приказната за ослепените војници, и за секој стоти со по едно око?

concrete е по директна линија потомство на еднооките, и во гените му е да биде арогантен кон слепите.
 
Член од
15 мај 2006
Мислења
25
Поени од реакции
19
интервЈу на посредникот МетЈу Нимиц за „Гласот на Америка“
Спогодбата заврши, сега ни треба нов договор
Десет години можеби звучат како многу време, но македонското прашање е присутно речиси стотина години, можеби уште од Договорот во Букурешт во 1913, вели Нимиц

Ова е првпат двете страни да реагираат на предлогот што го дадов на 19 февруари. Обајцата ќе им ги објаснат на своите влади позициите. Имаат различни позиции. Потоа ќе видиме до кој степен и како можеме да продолжиме, изјави посредникот во преговорите за името, Метју Нимиц, во интервју за „Гласот на Америка“. Тој во изминатите денови имаше интензивни разговори во Њујорк, одделно со секој од двајцата претставници, амбасадорите Василакис и Димитров, а завчера и заедничка средба.

* Дали Македонија треба под притисок да донесува одлука што го вклучува националниот идентитет, а во полза на зачленувањето во НАТО?

- Не мислам дека е вклучено прашање на национален идентитет. Идентитетот на македонскиот народ во поранешната југословенска република Македонија не е во прашање. Јас секако имам огромна почит кон нив, нивната етничка припадност, јазик, култура и позиција на Балканот. Ова не е прашање на национален идентитет, туку на тоа дали можеме да постигнеме политичко решение за прашањето што е на маса веќе извесно време. Се обидуваме да го направиме токму тоа. Што се однесува до делот за НАТО, јас сум пратеник на ОН, кој помага во прашањето за името. Зачленувањето во НАТО не е на маса на моите преговори. Меѓутоа, треба да се биде реален и да се знае дека ова е големо прашање, дека претстои средба во Букурешт на која ќе се разговара за проширувањето на НАТО и во регионот дека има интерес да се оствари тоа. Што и да направиме за да го овозможиме тоа - ќе биде од помош. Дали може да се најде задоволително решение во временската рамка за која говориме - тоае отворено прашање.

* Кои се шансите за одржливо, договорно решение? Над 120 земји веќе ја имаат признато Македонија под уставното име - три од нив се членки на Советот за безбедност на ОН?

- Се' додека ова прашање не се реши, виси во воздухот и има последици и во билатералните односи и во регионот. Дозволете ми да кажам дека како посредник јас ги почитувам позициите на обете страни и мислам дека ги разбирам. Мислам дека ако се најде решение, ќе се отворат огромни можности Атина и Скопје да работат заеднички - двете земји и двата народа, без спорови. Тоа би бил несекојдневен придонес што ќе го отвори регионот кон евро-атлантскиот свет мошне побрзо и порешително. Ако не се реши ова прашање, ќе остане болна точка во животот на регионот и мислам дека ќе доведе до влошување на ситуацијата. Има толку многу позитивни аспекти од постигнувањето решение, и за обете земји и за целиот регион, но и толку многу негативности ако се дозволи да се провлекува и понатаму. Мислам дека народите од обете земји треба да си подадат рака и да кажат - сакаме решение. Очигледно, имаат различни гледишта за тоа што треба да биде решението. Мое гледиште е дека, освен ако не се дојде до компромис, нема да има решение. Сметам дека компромисите се благородни потфати. На луѓето што прават компромиси треба да им се даде голем политички кредит. Ако луѓето сакаат решение што е 100 проценти во нивна корист, тоа е мошне фина позиција, но не и начин да се најде решение.

* Ако јадрото на проблемот е дека Македонија го смета прашањето за билатерално, а Грција смета дека е меѓународно, што можат ОН да направат повеќе од тоа што веќе направиле? Преговорите траат повеќе од една деценија...

- Меѓународните проблеми се тешки. Временската рамка за решавање може да биде години или месеци, а понекогаш проблемите што изгледаат нерешливи, се решаваат на неколку начини. Еден начин е кога се менуваат околностите. За нешто што личи тешко во текот на една, пет или десет години подоцна луѓето велат - ова може да го решиме - ситуацијата е поинаква. Исто така - лидерство. Во обете земји има силни лидерства, мошне интелигентни луѓе. Тие знаат што е залогот, знаат кои се можностите за успех, знаат кои се ризиците од неуспех, и иако имаат цврсти ставови, исто така знаат дека како остварени политички лидери не постигнуваат успех лесно и не го остваруваат стопроцентно. Треба да се приспособите кон соседот. Лидерството е различно со годините и овој пат можеби лидерството во обете земји е во ситуација во која може да се справиме со ова. Може да бидете песимист или оптимист. Десет години можеби звучат како долго време, но македонското прашање можеби е присутно речиси стотина години, можеби уште од Договорот во Букурешт во 1913, нели? Не сакам да губам надеж. Реален сум, но не сакам да загубам надеж.

* Како планирате да ги надминете разликите? Грција вели дека Македонија е на потег да покаже подготвеност за компромис, а Македонија укажува дека направила големи компромиси досега со промената на знамето и на Уставот.

- Беа направени компромиси. Привремената спогодба беше мошне важен чекор. Јас бев американски преговарач за Првремената спогодба 1994-95 година. Мислам дека јас сум единствениот се' уште активен во преговорите од 1994 наваму. Некои луѓе мислат дека е чудно да се биде посветен толку долго, но се сеќавам на тоа време. Беа направени компромиси во тоа време, но спогодбата заврши. Сега говориме за нов договор и луѓето треба да погледнат што може сега да се направи, а што не. Мислам дека прашањето не е да се гледа назад, туку напред.
 
Член од
3 март 2008
Мислења
831
Поени од реакции
31
Покана е едно а полноправно членство е друго. Затоа Македонија ќе стане полноправна членка на Нато кога тоа ќе се ратификува во грчкиот парламент. Откука и главното прашање:
Кога и за што грчкиот парламент ќе го ратификува Македонското членство во Нато?
Одговорот е лесен, тогаш кога Македонија ќе го исполни она што го бара Грција или многу поневеројатното САД да ја нагази(само на кој начин) Грција да попушти.
Мислам дека сами ке си го набиеме колецот в газ на референдум кој би гласел:
Дали сте против промената на референцата ФИРОМ во Република Северна Македонија како трајно решение?
На оваа би предходела вжештената веќе почната кампања НАТО или ИМЕ зачинета со рикањето на планинарите.
Референдумот секако нема да биде успешен по што ни се повторува истото како за територијалната поделба.
SAD moze mnogu lesno da go resi problemot, preku Sovetot za Bezbednost, kade sto nikoja clenka nema problem so imeto na Republika Makedonija.Toa sto ke stoi vo novata rezolucija, toa Grcija ke mora da go prifati(barem formalno) kako Ustavno ime na RM.
Togas nema da moze da go koristi imeto kako "otvoreno iridentisticko prasanje" i kako precka za NATO i EU.
No prasanjeto e dali USA saka da go napravi toa za Makedonija?
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
NE.....NE SAKA .....!!!
Zosto bi sakala ???? Koga ni nie NE SAKAME....
 
Член од
1 јуни 2007
Мислења
404
Поени од реакции
2
Како да се свртиш...во моментов....ебани сме......
Не постои сила која ќе ги натера педериве да го сменат ставот и да прифатат компромис......

Ништо од НАТО.....

Сега за сега.....
 

Go2bed

Vasilij Zajcev
Член од
2 март 2005
Мислења
972
Поени од реакции
13
Како да се свртиш...во моментов....ебани сме......
Не постои сила која ќе ги натера педериве да го сменат ставот и да прифатат компромис......

Ништо од НАТО.....

Сега за сега.....
е добро де....голема работа ако не не примат во НАТО..го праша некој народов наш дали сака во НАТО.во сојуз каде што не се почитува правото на секоја членка , нема потреба да се зачлениме.ако се случи тоа што треба да се случи нема да изгубиме ние , ќе изгуби само САД и НАТО, мислите дека ова нема да ја разнуша алијансата???...Американците не смеаат да си дозволат едни цигани ( грци), се извинувам на нашите роми( цигани), да ја кројат политиката на НАТО..не верувам
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Јебеш НАТО, јебеш грција...Даго признаеме Северен Кипар!

Да ја признаеме Баскија!
Да го признаеме Косово!
Да ја признаеме пиринска Македонија!
Да ја признаеме Егејска Македонија!
Да ја признаеме Чамерија!

Да живеат слободно народите и народностите!!!

јеп јеп
 
Член од
1 јуни 2007
Мислења
404
Поени од реакции
2
Јебеш НАТО, јебеш грција...Даго признаеме Северен Кипар!

Да ја признаеме Баскија!
Да го признаеме Косово!
Да ја признаеме пиринска Македонија!
Да ја признаеме Егејска Македонија!
Да ја признаеме Чамерија!

Да живеат слободно народите и народностите!!!

јеп јеп
Аман бе ТРНУ....:pos2::pos2::pos2:

Шо ти стана посабајле.....раволуција дигаш......

И ја би сакал да ги признаеме....Македонииве....за другите ме боли к...т, ама тие луѓе шо живеат таму нема да сакаат да се одвојат......Не се будали и тие.....

Туку дај нека каже некој нешо позитивно за целава работа....
Ај освежете со некоја убава информација.....
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Иако е се поизвесно дека не сакаме под секаков услов да влеземе во НАТО,САД со малку сила ќе не пикне во алијансата:

Атина, 4 март (МИА) - Медијаторот Метју Нимиц утре доаѓа во Скопје во нов обид да се најде решение за спорот со името. Не е исклучено по разговорите со македонските државни претставници специјалниот посредник на ОН да ја посети и Атина, пишува денеска грчкиот весник „Та неа“.
Повикувајќи се на дипломатски извори весникот наведува дека раководството на ПЈРМ побарало нова средба со Нимиц по силниот притисок што го извршиле САД по неуспешната рунда преговори во Њујорк.
„Невтамборики“ пишува дека под силен американски притисок е и Атина. Покрај компромис за името и откажување од ветото за приемот на Македонија во НАТО, од Грција се бара и да го зголеми своето учество во мисиите на Алијансата, истакнува весникот.
„Етнос“ наведува дека продолжуваат дипломатските напори за приближување на ставовите меѓу Скопје и Атина, нагласувајќи оти „пазарењата“ ќе траат се до Самитот на НАТО во Букурешт.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
„Невтамборики“ пишува дека под силен американски притисок е и Атина. Покрај компромис за името и откажување од ветото за приемот на Македонија во НАТО, од Грција се бара и да го зголеми своето учество во мисиите на Алијансата, истакнува весникот.
“Невтемборики“ не пишува, туку цитира дел од интервјуто што претставникот на ПАСОК во парламентот и поранешен министер за надворешни работи, албанецот со грчко име Теодорос Пангалос го дал за радио станицата 105.5, комнетирајќи го ставот на владата по однос на интеграцијата на БЈРМ во НАТО.

еве дословно што пишува “невтамборики“

Το ΚΚΕ σχολιάζοντας τις συνομιλίες Μπακογιάννη - Σέφερ, εκτιμά πως «επιβεβαιώνουν ότι πίσω απ' τις διαπραγματεύσεις για το όνομα της FYROM, η ελληνική κυβέρνηση διαπραγματεύεται την ενεργητικότερη στρατιωτική συμμετοχή στους στρατούς κατοχής της Ε.Ε. και του ΝΑΤΟ που επιθυμούν οι ιμπεριαλιστικοί οργανισμοί...

целиот напис:
http://www.naftemporiki.gr/news/static/08/03/04/1484142.htm
превод:

“Претставникот на ПАСОК коментирајќи ги разговорите Бакојани - Шефер, оцени дека тие потврдуваат дека, во позадината на преговорите за името на БЈРМ, грчката влада се договара за поенергично воено присуство во мисиите на НАТО и ЕУ, според желбите на империјалистичките организации...“

-----------

Од зајадлива опозициска критика кон владата, медиумите фабрикуваат и препродаваат “вести“, притоа филувани со зборот Македонија, кое име никогаш, во ниеден случај, не се употребува во грчки медиуми. Или не нарекуваат Скопје, или , во најдобар случај, БЈРМ.

Ако си луд да веруваш на се што ти сервираат, верувај.
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
eve go majstorov kako trese zeleni...sufiks prefiks mefiks..ancient macedonia mu predlaga niv..

 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
................................

.............Ако си луд да веруваш на се што ти сервират, верувај.
da e samo toj lesna rabota.....neznam dali narodov svaka deka samo nie se bavime sami so sebe.... ZA NIKOGO DRUGOGO NE POSTOIME VO NIVNATA SVEST............
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Јебеш НАТО, јебеш грција...Даго признаеме Северен Кипар!

Да ја признаеме Баскија!
Да го признаеме Косово!
Да ја признаеме пиринска Македонија!
Да ја признаеме Егејска Македонија!
Да ја признаеме Чамерија!

Да живеат слободно народите и народностите!!!

јеп јеп
Шкотска, Шлезија, Аљаска.. Северен Чад... ехеејј ај ќе излезат и други желби:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom