Флертот во врска, добар како игра или не...

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Ти под слобода во врска подразбираш пиење кафе со другарки?
многу од паровите немаат таква слобода да искочи да се најде со другар и да пие девојката кафе незнам што е тука чудно можеби не се изјаснуваат тука типците како љубоморни суштестава и секако и облеката игра улога некои не сакаат деколтето на девојката да е отворено или пак миничи да носи а за некоја забава да не правам муабет не доаѓа у предвид или пак недај боже да не му креваш од некоја одредена причина па после треба да објаснуваш дека си со професор не си кренал и бла бла........ значи ова го има секој втор пар во земјичкава наша па фала богу имам и другарки гледам шо се дешава окулу мене а и јас сум била бо долга врска така да се зависи од пединецот :toe:
 
Јас сум на мислење дека на овие парови и така им треба.Треба добро да ги затвориш некаде два метра под земја ни сонце да не видат.Незнам што е тука чудно.Ова неможеш да го внесеш од проста причина што е нормална потреба да имаш некој друг со кој си бил и пред да се појави тој марсовец во твојот живот.Јас не го сместувам тоа како слобода во врска,туку како болна врска.
Јас сум цел живот во врска,а под слобода како што е опишано во темава,подразбирам секаков вид на фаќање кривина,од флерт,шмекање,додворување,лумпување секоја вечер.Кај мене тоа не влегува под поимот врска на двајца,туку врска без врска.Затоа и прашав кој успеал на тој начин да биде со особата подолго од неколку месеци,кога на едниот ќе му прек*рчи.
 
Слобода во врска у смисла да шврља лево десно без притоа да се очекува да не го земам тоа толку при срце, е ретардирана работа и збори за изместен систем на вредности. Не сакаш постојан партнер, немај, никој не те тера со сила. Ако сакаш постојан партнер почитувај го кога ти предочува кои работи му сметаат кај тебе бидејќи се добронамерни(ова за себе зборам, ок има и такви шо манипулираат за не знам какви цели).
Значи, апсолутна предиспозиција за успешна врска е да се сочува сопствената слобода. Меѓутоа слободата е индивидуална работа, а врската опфаќа уште една личност. Ако ти поради твојата таканаречена слобода,свесно ја загрозуваш врската тогаш немаш право да се буниш. Значи не зборам ја за подреденост и робовладетелски однос, контроли и такви работи, туку ако другата страна ми предочи дека таа постапка ме повредува мене а со тоа и нашата врска, зошто тогаш ако тврдам дека ја сакам би правел нешто да ја повредам?
Довербата е клучна. Не лажете ги партнерите побогу. Тоа не ти кажав мислев ќе се налутиш е нешто крајно лицемерно и ко шо вика една песна, Извукла си циглу из темеља љубави, кажаната болна вистина полесно може да се заборави отколку преќутената вистина, бидејќи после тоа неизбежно е да се вртка по глава уште којзнае колку други работи преќутела и се заебува врската, макар и да не е така и да постои тој црв само во нашите глави и на ниедно друго место. Така е програмирано, ако дозанеме дека ни е кажано нешто само затоа што сме сакале да го чуеме тоа тогаш како да веруваш некому, можеби и тоа го кажува а друго мисли? Тоа е ко оноа со уредувањето на државите, меѓу тоталитарни и либерални. У тоталитарни имаш сигурност ама немаш слобода, а во либерални имаш слобода ама немаш сигурност. Така и во врските, сакаш слобода изволте, али од кај знаеш може недоквакана е па ќе ја злоупотреби слободата со викенди со друг дечко(немаш сигурност), сакаш сигурност, изволте манијачи ја коа ќе се врати нека се јави од домашен, од школо дома директно, на кафе само кај тебе(нема слобода). Ова е црно-бело, не е најчесто вака, ама има многу вакви примери и од едниот и од другиот случај.
Флертување е релативна работа и никој не знае која е границата. Едно е сврзување муабет друго е флерт(иако можеби звучи one thing, leads to another) има разлика. Прво е изразување непочит за партнерот, второ кој е толку умесен во лицемерието за да се биде стопосто сигурен дека сепак само флертува?

Значи, клучна е довербата, да знаеш што сакаш, спремност на компромиси, зрелост и многу секс. А и нормално добро познавање на личноста со која си влегол во врска.
 
Во врска сте, но флертот со друг ви претставува задоволство. Да објаснам на што мислам...

Не ве интересира (привлекува) повеќе од партнерот оној со кој флертувате, не сакате да бидете со него, туку уживате во самата игра, го сакате чувството дека ловите(ве ловат), одите до некое ниво и потоа се повлекувате. Нормално, и повлекувањето може да биде интересно доколку си зацелите да биде без никакви траги на тој со кого флертувате, едноставно (најдобро) да останете само пријатели.

Јас не сум против, затоа што не сакам да се лишам од задоволството на ментални игри со други (како што е и дискутирањето).

Но сепак, знам кој го сакам (во ситуацијата е мојата девојка) но сакам да флертувам. Неколку пати и кажав дека сум флертувал без намера, но не наидов на целосно разбирање во врска со ова.

И што мислите дали флертот е добар или лош за врската?
Ментална игра која ја управувате или може да се лизне од раце и да премине во физичка игра?:)Флертувате ли бе луѓе на ладново:))
 
И што мислите дали флертот е добар или лош за врската?
Ментална игра која ја управувате или може да се лизне од раце и да премине во физичка игра?:)Флертувате ли бе луѓе на ладново:))

да флертуваме на ладново,па и кога е топло флертуваме :)
инаку флертот во врска кога се двајцата заедно во друштво не е добар,може да дојде до конфликт ако некој од двајцата се љуборморни.
инаку љубоморни се они што не се сигурни во себе.
 
Ич не сакам да флертувам,освен ако некој е толку...незнам ај,да речеме прав лепотан,ама тоа тешко да биде оти јас си го имам најубавиот:back:
И многу пати,флертувале некои цури со него,како еднаш една докторка кај шо бевме на преглед ке го стопеше со очи и уште се нервирам коа ке ми текне:jaj:
Ми пречи и тие шо флертуваат ги гледам како пречки па морам да ги отстранам:pos2:
Флертот е добар за врската(но се во граници нели)предизвикува слатка љубомора.

Порано(кога бев млада:pipi:),да,флертував многу,самата таа игра е интересна и возбудлива,но секогаш знаев каде да сопрам или да продолжам:vozbud:
 
Мислам дека е во ред, се додека е флерт а не премине во нешто друго. Мислам дека дури е и здрав за една врска. Секако, се што е претерано не чини, па така и флертувањето. Флертувајте, но не ја заборавајте личноста со која сте заедно, ако имате некого.
 
Ти под слобода во врска подразбираш пиење кафе со другарки?

а што ти подразбираш слобода во врска.
јас сум имал слобода во врска 3 години и 1 годнина.ниту таа ниту јас сме немале ограничувања од било каков карактер.па и седење со дурагари и та со другарки и носење она деколтеа,тесни панталончиња .....и се друго.
ако имаш ограничени сваќања ке си немаш слобода во врска.

п.с.ти леандра колку време си во врска?
 
Ти под слобода во врска подразбираш пиење кафе со другарки?
Според мене нема другарство меѓу машко и женско,така да таквите излегувања најчесто предизвикуваат проблеми.:nesum:
 
7 години и еден месец.Доволно?:)))

мислам дека е предолго за една врска повеке од 2-3 годни.се што е повеќе од 2-3 години е премногу за мене.отупуваш бе чоек :) гушење до коска се 7 години.или е до него или е до тебе.а можеби е до двајцата.но ти си знаеш паметна си........

и ај кажи сега дали си флертувала за овие 7 години кога си била со дечкото.ама биди искрена
 
Кое фајде од сериозна врска ако си поставуваш лимит од 2-3 години?

На почеток кога ја запознаваш цурата ја предупредуваш дека подалеку од 2-3 години нема да стигне со тебе? Многу незрело делуваш.

Како и се друго што е претерано е штетно, така и флертот, ако се претерува.

Сепак, Leandra има право, ако личноста нема доволна самоконтрола, флертот може да одведе и до разни други глупости.
 
Добра работа е секако, прво заради себе ако имаш девојка не е крај на свет и не значи дека треба да го изгубиш чувството да се биде провокатор и ловец. Второ колку и да и пречи на партнерката сепак потајно и потсвесно и годи што нејзиниот дечко предизвикува реакции кај другите девојки, а таа го има покрај себе. Добро е за врската, ама се во нормална количина и граници :smir:
 
Кое фајде од сериозна врска ако си поставуваш лимит од 2-3 години?

На почеток кога ја запознаваш цурата ја предупредуваш дека подалеку од 2-3 години нема да стигне со тебе? Многу незрело делуваш.

Како и се друго што е претерано е штетно, така и флертот, ако се претерува.

Сепак, Leandra има право, ако личноста нема доволна самоконтрола, флертот може да одведе и до разни други глупости.

не бе ,лошо си ме сватил ,ако ти не ја дознаеш девојката за 1-2-3 години што мустра е ,7 години е премногу.или немаш особина да препознаеш и да оцениш партнер или не те бива....тоа што го напишав 2-3 е чисто онака оптш муабет ,далеку дека ја предупредувам....смешен си.
нема никаква логика да си губам време 7 годни да се мавтам лево десно кога на крајот може да останеш со прстот у уста.еден мој другар на 6 година раскина со девојата и после 2 месеци фати друга и ја ожени.
не велам дека тие што одат долго не се зимаат,но ризикот е поголем да раскинат.
флертот е само освежување во една врска,да се разбие монотонија и да се проба нешто што потајно го посакуваме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom