Документарниот Филм "ZEITGEIST"

Член од
17 јули 2009
Мислења
89
Поени од реакции
2
чекај сега..знам ја кај е проектот венус и знам дека подебилен од тој проек денес нема!!!

тоа ти е колку да пополнат место.

сега ми спомнувате прва втора светска војна па вијетнам го има па авганистан Ирак...ај тогаш ете објаснете ми една работа...ВОЈНАТА Е ОПШТЕСТВЕНА ПОЈАВА!!

ова значи дека војни имало и пред да има банкари....и уште пред нафташи да има.

сега или банкариве имаат Time Machine Или????

така да филмот е бреинвашинг кој се совпага со денешната политичка распредеба на силите во светот..па мора да има некои кои кукаат:toe:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756

Блазе си ти, што е фино вака, камо и ја да можев така да си ги упростам работиве. 2+2=4. Војни имало пред да има банкари и нафташи. Имало, кој вика дека нема. Во филмот се кажува еден главен факт што досега секој (барем така мислев) го научил: Војни има зошто има економска нееднаквост. А ја имало одсекогаш, пред банкарите и нафташите. Што врска има тоа сега само ти си знаеш.

Знаеш како настанале првите (племенски) војни? На племињата кои живееле на ридот им снемувало вода и храна (ресурси), па се симнувале да земат од оние што живееле во рамнините. Економска нееднаквост.

Проектот Венус зборува за состојба на материјална еднаквост, состојба во која ќе има за сите. Може да ти изгледа дебилно затоа што мозокот ни е толку перен што системот во кој има глад, војни, и сиромаштија (10% од богатите имаат 95% од светското богатсво), ни изгледа сосема нормален и непроменлив.

Но идејата е нешто да се смени, и тоа е само идеја. Човекот треба да најде начин, пред да стане роб на политичарите и банкарите, засекогаш. Идеја. Идејата е она што го менува светот.

Проблемот е што повеќето луѓе немаат визија да замислат подобар свет. Затоа ќе уживаат во овој, ќе замижуваат пред војните (општествена појава :tapp:, на едно расипано општество, да) пред гладот, пред сиромаштијата, пред неправдите. И ќе го бранат овој расипан, одвратен систем. Затоа што на ТВ викаат дека е нормално...
 
кави ресурси им снемувало!!

па имале развиено односи на размена односно племињата кои живееле во ридови планини не дека им снемувало ресурси...тие биле воглавно сточарски племиња а овие другиве џземјоделски...проблемот е кога бсе појавила приватната сопственост односно кога едно племе било на повисок степен на развој и оттука стоката земјата ја сметало за своја..додека еве да земеме пример друго племе кое сеуште ловело,значи не било на тој степен на развој едноставно собирачко општество....ете тука се јавува конфликтот-едните ресурсите ги сметаат за свои а другите општи!!

економскиот бекграунд на војните е јасен,но апсурд е да велиме дека банкари или кој ти знам одзади е причина за војните..секако од војна никој нема кар освен воената индустрија-ама и тука има проблем,денес воената индустрија е најблаго речено различна од таа во 70-тите бидејки истите фирми произведуваат и цивилни и воени добра:toe:

а ова идеја за венус не е ништо ново:toe:

уште една утопија која не може да функционира барем засега а и нема ниту логика...примерот со енергијата со патувањето па кој ке се нафати да гради такви проекти само за убави очи...НИКОЈ!!!
 
D

DartWader

Гостин
Проблемот е што повеќето луѓе немаат визија да замислат подобар свет. Затоа ќе уживаат во овој, ќе замижуваат пред војните (општествена појава :tapp:, на едно расипано општество, да) пред гладот, пред сиромаштијата, пред неправдите. И ќе го бранат овој расипан, одвратен систем. Затоа што на ТВ викаат дека е нормално...
Се сложувам 100 %
 
Член од
17 февруари 2008
Мислења
25
Поени од реакции
0
Ahriman:
сега ми спомнувате прва втора светска војна па вијетнам го има па авганистан Ирак...ај тогаш ете објаснете ми една работа...ВОЈНАТА Е ОПШТЕСТВЕНА ПОЈАВА!!

ова значи дека војни имало и пред да има банкари....и уште пред нафташи да има.
Точно е тоа дека војните постојат одамна, а зошто е тоа така? Бидејќи луѓето се како животни, се јадат меѓусебе и го сфаќаат тоа како нормално, природно.
Војни се дешаваат поради нечија интерес, да се има корист од тоа.
И секаде ги има, дали е граѓанска или помеѓу двајца кои едноставно се борат за нешто. За моќ, за пари, одмазда... така да војната е одамна глобализирана појава.
Во Зејтгејст е многу добро кажано дека „Денешните терористи седат на високи позиции, во одело и ги гледаш на вести...“
Значи да бидеш терорист и да им крадеш од луѓето стана веќе „легално“ и многумина како тебе си викаат - јеби га, ќе се врткам јас по моја работа а тие на висока позиција знаат што прават :)))

Жално е, но вистинито.
 
Член од
17 јули 2009
Мислења
89
Поени од реакции
2
а да донирам за зајтгејс мувмент??
 
Член од
17 јули 2009
Мислења
89
Поени од реакции
2
епа:toe:

идејата го продава производот!

добар концепт утопија правда...многу донираат а коментари има од типот фала што ме разбудивте(awake me):helou:
 
Член од
17 февруари 2008
Мислења
25
Поени од реакции
0
епа:toe:

идејата го продава производот!

добар концепт утопија правда...многу донираат а коментари има од типот фала што ме разбудивте(awake me):helou:
Целта на донирањето е да се подржи проектот финансиски, односно да им се помогне на организаторите за покривање на нивните трошкови. Логика.
И верувај дека тоа не е Low Budget... Не се само филмовите во прашање...
 
Член од
17 јули 2009
Мислења
89
Поени од реакции
2
филмовите со цел имаат спонзори предвреме...останатото е профитна ориентација!!

И верувај дека тоа не е Low Budget...
немам вера во бог...а во некои мастермајндс да имам:toe:
 
GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Филмов е најдобро нешто што сум гледал.Најмногу ги ценам вториот и третиот дел, каде што се објаснети и обелоденети фактите за нападот 9/11 и објаснето како функционира банкарскиот систем во светот.Го препорачувам на сите што сакаат да ја дознаат вистината.Со еден збор Генијалност.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Изгледа не си го гледал првиот. Пошто третиот е просто збир од делови од првите два, нема ништо ново. 9/11 е од првиот дел.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
69
Поени од реакции
8
Луѓе, тие што ја сфаќате пораката од Zeitgeist и сакате да пројавите некоја активност знајте дека имаме форум кај што организираме Z-day 2010 на 13-ти март. Имаме и Zeitgeist Movement Macedonia на Google Groups.
Линк до форумот е http://zmmk.freeforums.org/, а до групата http://groups.google.com/group/zeitgeist-movement-mk.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Премиерата на третиот Zeitgeist филм ќе биде прикажана истовремено во 60 земји, кај нас за сега има инфо за Скопје и Прилеп, ако се појави некој друг град во меѓувреме, пишете.

Премиера на филмот Zeitgeist: Moving Forward
сабота, 15 јануари 2011 во 19:00 - недела, 16 јануари 2011 во 19:00
Кинотека на Македонија - Никола Русински 1, 1000 Скопје

Премиера на филмот Zeitgeist: Moving Forward во Прилеп
сабота, 15 јануари 2011 · 19:00 - 22:00
Сцена 105 - Дом на Културата - Прилеп
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Zeitgeist: Moving Forward

Луѓе ја гледавте премиерата на филмов/документарецов? Јас бев (во Кинотека на Македонија) и сум многу задоволен од целиот проект. Ми се допадна во целост и имам само позитивни критики. Не би сакал да дадам спојлери за да не го расипам доживувањето но ова мора да се види бидејќи се работи за нашата иднина и човештвото. Еве го трејлерот:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom