После милион пати споменување на битката кај Арачиново како голема победа на македонскта армија, за некакви си бели знамиња , за некакво си кукавичко однесување на ОНА, и после седум гофини војна за вистината, еве еден од неутрална страна кој што бил активно вклучен во сите случувања како гледа на целава ситуација:
„Во тивката ноќ одеднаш се слушнаа пукотници од далечина, а мојот мобилен телефон повторно заѕвони и Џон Кејн се пожали: ’Ке му кажеш ли на финиот генерал- мајор дека неговите луѓе се' уште пукаат на нас?’
Добриот генерал беше Мирослав Стојановски од Македонската армија. Тој ја надгледуваше деликатната операција на малиот невооружен тим на НАТО кој влегуваше во Арачиново каде што веќе пет дена се војуваше“.
Така почнува книгата на Марк Лејти „Спречувањето на војната во Македонија, превентивна дипломатија за 21 век“ за македонскиот воен конфликт во 2001 година, што е прво инсајдерско сведочење за конфликтот од меѓународен учесник во политичките договори што се водеа зад затворени врати во кабинетот на претседателот Борис Трајковски. Лејти беше специјален советник на тогашниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, а потоа, како што тврди, и дел од Кабинетот на претседателот Трајковски, портпарол на НАТО и советник на командантот за операции.
Во книгата Лејти го опишува Трајковски како емотивна личност и модерен политичар иако, вели Лејти, бил член на ВМРО-ДПМНЕ каде што се наоѓале најсилните опструктори, или како што ги нарекува тврдокорци, за решавањето на кризата со политички средства. Лејти го портретира македонскиот претседател како човек со западни погледи и личен интегритет, и политичар што успеал да се издигне над партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тој беше силен атрибут на македонскиот мрачен и корумпиран политички систем. Трајковски беше осамен глас што пред конфузната, уплашена и лута македонска јавност ја бранеше непопуларната политика за начинот на менаџирање на кризата“, сведочи Лејти.
Лејти во книгата ја опишува Македонија како двомилионска тивка провинција на некогашна Југославија која транзитирала кон суверена нација и оттука нејзината влада немала искуство да менаџира такви кризи. Иако, вели, таленти не недостасуваа.
Во почетокот, вели Лејти, дејствував како советник за медиумите, а потоа околностите ме натераа да работам и поважни работи, па дури и да му пишувам говори на Трајковски.
За инволвирањето на НАТО во кризата Лејти потсетува дека одлуката била иницирана на мини-самитот на НАТО во Брисел во јуни 2001 година. Тогаш работниот ручек со американскиот претседател Џорџ Буш бил речиси целосно посветен на случувањата во Македонија, по што се родила идејата за поблиско ангажирање на НАТО. „Македонската влада не беше среќна со предлогот, но кога ги прашавме дали тие имаат друго решение, не понудија“, се сеќава тој.
Со Али Ахмети се сретнале во Шипковица на првата средба со тимот на НАТО. „Али Ахмети, чија личност достигна речиси митски димензии, за НАТО беше никој и ништо, човек што се појавил од никаде. Во почетокот НАТО не го сфати сериозно Ахмети, што е уште една илустрација за високата цена што ја плативме поради немањето доволно информации од теренот“, пишува Лејти.
Лејти понатаму раскажува дека владата била парализирана од шок и изненадување кога терористите стасале до Арачиново. Меѓутоа, исто така, било шлаканица за Робертсон и Солана влегувањето на македонските безбедносни сили во Арачиново. Тие се залагале терористите да се повлечат од скопското предградие со убедување, а не со примена на сила.
Почетокот на полициската акција во Арачиново, Лејти ја опишува како експлозивна. Маса од етнички Македонци го поздравувале хеликоптерот што одел да дејствува во селото, медиумите биле еуфорични во известувањето дека безбедносните сили се покажале надмоќни.
„Но извештаите на НАТО покажуваа поинаква слика. Еден од офицерите на НАТО се двоглед ја посматраше ситуацијата од еден од блиските ридови и виде дека нападот на македонските безбедносни сили е пред колапс. Битката за Арачиново се претвори во спектакл за масата што навиваше од автопатот, но оцената на експертите беше сосема спротивна. Тоа ме натера да отидам кај луѓето на претседателот Трајковски. Неговиот советник за национална безбедност, Никола Димитров, многу бистар и влијателен, во почетокот не веруваше на она што му кажав. Среде разговорот влета еден од телохранителите на претседателот со полна воена опрема и со ’калашников‘ во рацете, лицето прекриено со пот и прашина од Арачиново. ’Боже, тешко е, тешко е’, рече тој. Како што поминуваа часовите, македонските лица стануваа се' посиви. Претседателот и неговиот кабинет имаа ветено брза победа, но и по два дена немаше речиси никакви резултати“.
Драмата во претседателскиот кабинет била голема, раскажува Лејти. Трајковски и неговите соработници дискутирале на македонски јазик. „Не може да ги пуштите да си одат сосе оружјето. Тоа би било големо понижување за нас“, му рекол Трајковски на Питер Фејт, човекот што беше алфа и омега на тимот на НАТО. Фејт го потсетил Трајковски дека терористите не се опколени, туку дека ќе се повлечат доброволно. „Ако им го земете оружјето, нема повлекување“, рекол Фејт.
„Во серијата состаноци и телефонски повици дебатата се вжешти, луѓето губеа контрола - еден од тимот на Питер Фејт беше избркан од просторијата, бидејќи беше груб кон претседателот Трајковски“, вели Лејти.
исвор - "Утрински Весник"