Себично е да сакам се`?

Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Што мислите дали е себично, егоистично од една персона да сака се во животот?
Себично да го посакувам сето тоа што би ме направило среќна? Ни најмалку.Себично е да мислиш само на себе, на својата среќа.

Се помирувате со тоа што го имате и оставате на тоа што ќе ви даде животот или се борите за тоа се што го сакате?
Јас сум личност што верува во судбина, но во судбина што јас самата си ја градам а претходно била запишана и таква и ќе ми биде.Односно, ќе ја изградам онака како што ми била и запишана.Оставам на тоа што животот ќе ми даде ама знам дека нема да ми даде ако јас самата не се изборам за тоа што го сакам.

Мислите ли дека понекогаш фактот дека сакате се е причината поради која, тоа што го имате никогаш не ви е доволно?
Не.Барем сега не мислам така.Знам што сакам и знам колку може да ми биде доволно.Кога ќе го имам тоа доволно тогаш ќе имам се'.
Сакам се' што ќе ми биде доволно.Ништо помалку ни ништо повеќе.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Мислам дека не е себично да се сака се` во животот. Па ние живееме за да просперираме во животот, за да имаме успеси, за да напредуваме, сакаме многу работи и убаво е кога се сака да се има се`, зашто на тој начин се трудиме за да успееме, тоа "се" да си го дозволиме.
Па од друга страна луѓето што не посакуваат многу мислам дека се и понеуспешни. Тие не се трудат доволно и не посакуваат да одат на повисоко ниво во животот.
Но кога се сака се` треба тоа да си го дозволуваме во граници на нормалата, да не им наштетуваме на луѓето во наша близина и на самата околина. Затоа што често луѓето желни за успеси сакаат до тоа да стигнат на секој можен начин притоа кршејки ги правните и моралните норми. Е тоа е веќе себично.
Но сепак убаво е да се сака се` и ако се трудиш тоа да си го оствариш.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
:helou: "Се" е недостижно. Секогаш кога мислиш дека си го достигнал ќе се појави др. и никогаш нема да имаш се.Не мисли на она што го немаш како да го имаш,туку избери што е најскапоцено од она што го имаш,и помисли колку би копнеел ако го немаш ,за мене најскапоцен е мирот ,а во трката по
"се" внимавај да не останеш без него.:smir: :smir: :smir:
 
Член од
19 февруари 2008
Мислења
103
Поени од реакции
1
ne e sebično da sakaš se, ama samo dodeka ne gaziš se i site pred tebe i goristiš čisti sredstva i postapki za da go dobieš toa so go sakas. ako ja premineš granicata i vo taa borba povrediš nekogo, togaš ne go zaslužuvaš i toa što sega go imaš.
p.s. i ja sakam se
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Не е страшно во животот да сакаш се.Страшно е на кој начин сакаш тоа да го постигнеш.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
,,Се,, ме уморува, ме прави незадоволна и ме враќа на позицијата на која сум се помирила со ,,доволно,, а доволното пак ми дава чувство на мир и исполнетост. Не сакам ,,се,, сакам доволно.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

,,Се,, ме уморува, ме прави незадоволна и ме враќа на позицијата на која сум се помирила со ,,доволно,, а доволното пак ми дава чувство на мир и исполнетост. Не сакам ,,се,, сакам доволно.
Зарем доволно не е се?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Дали е себично да сакам се? Па не сакам се... Сакам само одредени работи кои ми прават задоволство и уживање. И најбитно од се... не е битно да се дојде до сите работи, едноставно треба да се знае да се ужива во она што се има, но и да се има реални и достижни цели.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не е себично нити пак егоистично.Не рекле за џабе:
„ЦЕЛО Е КОГА ИМА СЕ“ , паметни си биле луѓето.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Што мислите дали е себично, егоистично од една персона да сака се во животот?Иако напоменувам дека тоа се е релативен поим и дека се за сите е различна работа.
Се помирувате со тоа што го имате и оставате на тоа што ќе ви даде животот или се борите за тоа се што го сакате?
Мислите ли дека понекогаш фактот дека сакате се е причината поради која, тоа што го имате никогаш не ви е доволно?
:devojce 1:​
Јас како доста ограничен човек во своите желби, мислам дека е себично да се сака се`. Иако тоа е релативна работа, во превод значи сакам многу!
Не дека се помирувам со тоа што го имам, но сакам само малку повеќе, што е доволно да имам мотив за живеење и таман за да можам да го остварам. Знам дека тоа не е многу кога правам една споредба на моите и туѓите желби. Некогаш се чувствувам непријатно кога некој ќе почне да набројува што се` сака да има и постигне, наспроти мојата листа од 5 реченици. Незнам дали нешто не е во ред со мене или со другите.:pos2:
И да, мислам дека најголема причина за тоа што луѓето што имаат никогаш да не им е доволно е алчността.:toe:
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Зарем доволно не е се?
Бооо, одговор по 5 месеци...

Не, доволно е комромис, `се е `се. Ако на СЕ гледам како на многу мачна долга и неисцрпна патека тогаш ја скратувам патеката со Доволно и да во право си, Доволно ми станува СЕ. :)
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Мислам деко тоа не е ни себично ни егоистично. Јас сакам да имам се и не мислам да е себично дури и се стремам кон тоа, а како? Па еве 4та година гимназија да успеам и со факултет после кој знае што може да ми се случи, можеби ќе измислам нешто што ге стане хит и ќе добијам многу пари па ќе имам се. Така да ако сакаме се може да ни служи како мотив како цел за понатаму во животот.
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Не е себично да се сака се,тоа е лакомо.Сакам мој остров,сакам авион,сакам ферари...Но дали навистина ги сакам тие работи или мислам дека животов ке ми биде поубав и полесен со нив?
Да се сака се значи,според мене,да не се знае што се сака.
 
С

Сатори

Гостин
Не е себично да се сака се,тоа е лакомо.Сакам мој остров,сакам авион,сакам ферари...Но дали навистина ги сакам тие работи или мислам дека животов ке ми биде поубав и полесен со нив?
Да се сака се значи,според мене,да не се знае што се сака.
Не сум налетала на поапсурдна реченица од оваа каде веројатно писателот сакал да излезе длабокоумен, ама со таа контрадијкција тоа е тешко возможно. :uvo:

Но, темата не е поставена во смисла на матријални достигнувања, туку рамнотежа за се постигнување во животот, кариера, фамилија, социјален живот и итн.
Ама пак, ако некој се дефинира во ферари и авион, тогаш можеби и тоа се, ќе се граничи со алчност и егоизам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom