Рецензија : Crysis

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Хммм како да се почне за една игра околу која толку е зборено,која е толку фалена и наводно треба да претставува револуција во компјутерската графика (а како што ќе видите и во текот на рецензијата и физиката во игрите).
Епа имам идеја како да го почнам ова тешко патување :)

Сакам да им се заблагодарам на П.Овердрајв (кој ја обезбеди играта) и The Man (кој ја обезбеди Vista-та - иако одамна, сепак не го заборавам) без кои оваа рецензија немаше да биде каква што треба да биде (и заслужува).
Значи, да започнеме...



Crysis е игра произведена и продуцирана од Crytek, фирмата што ја произведе веќе познатата (не толку по гејмплеј,него по графика) Far Cry.
Но зашто играта не се вика Far Cry 2?
Бидејќи се е во профит.Значи...Crytek ги смени издавачките куќи (од Ubisoft прејде во EA Games),а брендот остана кај Ubisoft.Дали тоа Ubi плати за него или се било дел од договорот уште пред да стане позната Far Cry,не знаеме.
Но Far Cry 2 е на пат,а Crysis веќе е пред нас.

Но доста со бирократија...:wink:

Crysis имаше повеќе тешки задачи пред себе
1.Да ја внесе Dx10 графиката во живот (сите досегашни игри беа бледа симулација)
2.Да покаже дека Vista може да има предности во гејмингот
3.Да покаже колку браќата Yerli (сопственици и програмери во Crytek) созреале и еволуиралеќ
4.Да ни донесе толку реална вода,што би ја пиеле :)

Колку од ова се оствари?
Дознајте во оваа Р.Е.Ц.Е.Н.З.И.Ј.А.

Приказна
Стандардниот сетинг.
Вие сте командос кој има многу пригоден надимак Nomad (чудно како морав да читам на официјалната страница за никот,предтоа мислев дека сте No-man) и пратен да истражи исчезнувањето на некој научник на (погодете) пуст остров.
Сега не знам дали во тимот Yerli немаат некој креативец,но две игри едно по друго да ги ставиш на ист остров,e малце премногу некреативно:wink:
Но можеби,само на таков начин можеа да ни ја донесат Dx10 графиката во полн сјај...
Anyway, играта сепак има оригиналност,и тоа е воведување на ново оружје досега невидено во некоја друга игра.Тоа сте вие :)
Nano-suit е (како што наговестува самото име) "одело" кое содржи милион мали нано роботи,кои по ваша наредба го модифицираат вашето тело со некоја додатна моќ.



1.Armor Mode - По default NS (nano-suit) е наместен да ви дава додатна заштита преку арморот.
2.Speed Mode - Може да ви даде додатна брзина за претрчување преку некои области (нема многу да ја користите)
3.Cloak Mode - Највеќе користената опција.NS привремено ве прави невидлив,но како што се движите невидливоста се троши,а NS цел се празни при секое пукање додека во Cloak Mode
4.Strenght Mode - Јас би рекол,најзабавната работа во Crysis.Додатна сила,при која со боксови може да рушите куќи,и буткате возила,да рипате 6 метри во воздух.

Како што забележавте,полето за приказна го искористив за да ве запознаам и воведам со играта.Тоа е така бидејќи приказната во Crysis е неинвентивна,премногу проѕирна и не "држи вода" едноставно.
Златното правилото и тука важи : За добра приказна,пуштете си добар филм :)

Gameplay
Ако ја тргнеме настрана графиката (а тоа ќе го направиме со тоа што играта ќе ја сетираме со сите графички сетинзи на medium),би добиле помалку визуелно упечатливо искуство,но сепак еднакво игриво.

NS ви дава прекрасни можности,а Crysis зрачи со некоја полу-линеарност,што значи дека и при повторно играње можете различно да ги преминете вашите непријатели.
Играта има толку многу опции што навистина за да ги искористите сите ќе мора најмалку два пати да ја изиграте.
Тука е и модификацијата на пушките,sleep куршумите,flash bang-овите и многуте други оружја (Арнолд Шварценегерскиот миниган е исто така застапен),како и бројните копнени,воздушни и океански :))) возила кои ќе ја се погрижат во ниеден момент да не ви биде монотоно во играта



А ако ги комбинирате со можностите на NS,ќе го добиете ова :)


Значи,не се плашете,Crysis не внесува многу иновативност,но нема да ви биде досадно во буквално ниеден момент кога ќе ја играте

Графика и Звук
Хух...знам дека сликите зборат 1000 зборови,но јас ќе пробам да ви ја опишам со мои зборови :)
Crysis во моментов го држи приматот на визуелно чудо меѓу игрите,и ако имате доволно јак компјутер за да ја вртите на High (или не дај боже Very High) навистина е грев да ја немате снимено оваа игра.:wink:
Претпоставувам дека отприлика (помалку или повеќе) сите ја знаете прекрасната графика која ја нуди,па затоа нема да повторувам едни исти работи.
Мене конкретно ме интересираше DirectX 10 графиката и вистинската in-game(не од промоциски слики) разлика.
И морам да нагласам,малку сум разочаран :(
Поради претходни проблеми со компатабилноста на мојата матична и графичка,играта прво ја поминав во Dx9 во XP.
На втората инсталација (и со нова P35 матична) ја снимив конечно во Vista-та и тргнав во откривањето на вистинската приказна за DirectX 10.
Се чуствував како да сум ги отворил списанијата Развигор и она другото :))) и дека си играм пронајди ги разликите:tapp:
Мислам толку се минорни и небитни тие разлики,што стварно би се запрашале дали освен очиглениот пад во перформанси,има нешто различно.
А дека не сум бил единствен кој си играл најди ги разликите подоле:)

Dx9


Dx10


Dx9


Dx10


1.Водата не е различна.Единствено има повеќе бранови (?????!!!!!)
2.Текстурите на земјата се подобрени и испакнати.Но воопшто не придонесуваа за подобар општ впечаток
3.Најпозитивното нешто е како сонцето се пробива низ дрвата во Dx10.Останав буквално без зборови,и како мало дете менував 20 мин позиции за да си играм со светлината.Брилијатно направено,а и го поправи малку општиот впечаток за Dx10 :)



Едно нешто само ми остана нејасно.Зашто опциите physics и particles не можат да се стават на Very High во XP?
Јас колку што знам DX не е задолжен за физиката.Чист маркетиншки трик,само за да ве натера да купите Vista.

Звукот во Crysis е феноменално направен.Секоја пушка звучи поинаку,кога менувате оружја,центрирате или менувате шаржери се слушаат оние кликања од пиштолот или пушката какви што има само во високобуџетски филмови :)
Voice-acting-от е сосема друга приказна.Додека некој од вашите колеги се перфектно изглумени (Psycho :)), останатите се дури и под просекот. Jester е возрасен набилдан маж со глас како дете,а пак вашиот глас:kesa:...тотална утка од Crytek.

Физика
Физиката во играта е толку добра,што мора да има посебен дел за неа.
Crysis им покажува на другите дизајнери како тоа треба да изгледа.
Во Crysis сите дрвени и лимени работи имаат реални својства.
Дури и дрвата може да ги косите (мора да имате за кога ќе дојде зима понатаму во играта :)).
По пет минути поминати во Crysis веќе имате чуство како се во неа е реално направено,па дури и нештата што не се.Можеби е малку преувеличена,ама создава неверојатен филинг на високобуџетен филм.



Заборавете на half Life 2, Crysis е новиот неприкосновен крал на физиката.Толку е понапред од Half Life 2,што HL2 изгледа спрема Crysis,како HL 1 спрема HL2.

Ултра Мудар Заклучок
Не ви треба заклучок.Ги видовте сликите,го прочитавте текстот.
Crysis е врвот на технологијата во моментов.
Што да кажам освен : Играјте,играјте и играјте!!!


Јас се лажам или десното е поубаво? :)


П.С. Уште сте на темава...Играјте!!!! :wink:
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Јас ја играм се на најјако што може и графиката е ЛОМ! Супер игра, се најдобро само сега до каде што сум малку ми се тешки мисиите... и поспоро ми оди... ај поздрав ....
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Убава рецензија Мац, треба и јас да си ја ставам играва, а колку зафаќа?
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Фала, него ја претераа со игриве све по 10+ гига :)
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Да да, толку зафаќа, 12 гигабајти... али треба и јак компјутер.... играва е лом.. ај поздрав
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
387
Поени од реакции
27
Супер е ова, но имам еден проблем. Инсталирав виста x64 и си ја инсталирам Crysis, но никако да најдам крак за Bin64? Може ли некој да ми помогне ? Да најде па да постира или пак да ми прати пп ? Фала.
 
Член од
20 октомври 2007
Мислења
208
Поени од реакции
5
Znam deka e lom!!!Ali treba i malce pari da si potrosite za da ja igrate ovaja igra!!! Najveke za konfiguracija :D
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Ја инсталирав дома (конечно) па да споеделам мислење.

- Топ графика, добро оптимизирана за Low и Medium сетинзите, но намерно неоптимизирана на high/very high со цел да те натера да си купиш ново ПЦ.
- Еден од најдобрите саундтракови што го имам чуено у последно време, моментално го симињам од торент.
- Добра физика
- Шкарт прича
- Можеле контролите послободни за едитирање да ги направат (на пр, секоја моќ на различно дугме, и да може стелотот на тогл)
- Катастрофално лош АИ, корејците се сите ретардирани, незнам како така ги пуштаат у војска да идат.
- Многу интересен гејмплеј, комбинирање на моќите и сл.

За Мац:
Незнам зашто викаш дека супербрзината е бескорисна кога јас се убивам од користење, најмалце користам армор и сила додуше. Ко нинџа - криј се/трчи ко луд. Еве како ми изгледа напад на вооружена патрола од 4ца глупи корејци:

- Влагам у стелт, ги чекам да ме одминат, по потреба ги маркирам со двогледот, да ги има на мапа, да не кидне некој несакајки.
- Палам супербрзина, се залетувам накај еден од нив и му даам headbutt, паѓа на земја.
- Дур се така збунети, го фаќам вториот за врат, мењам у суперсила, и го џиткам накај другите двајца (доволно се глупи да стојат еден до друг, или еден пред друг)
- Сега сите 4ца се на земја, само вадам машинка и си ги решетам, со пригушивач нормално.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Абе заеби тоа,нема комбинација која ја надминува стелт + шатган :)
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Абе све е ТОП за играва, само што е прелесна! Неможат да те убијат! Идеш, пукаш 15 души, рушиш све, експлозии и чуда, и само ќе си трчнеш негде, тураш стелт, и ко ништо да не било :):):)
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Абе све е ТОП за играва, само што е прелесна! Неможат да те убијат! Идеш, пукаш 15 души, рушиш све, експлозии и чуда, и само ќе си трчнеш негде, тураш стелт, и ко ништо да не било :):):)
Па фората е да бидеш супериорен. Немаат сите nanosuit.
 
Член од
1 август 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
37
imam graficka NVIDIA geForce 8600GT ke moze da ja igram?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom