Помош! - ми треба одредено дело/проект...

nelo

Смрта е сигурна, животот не е!
Член од
29 мај 2008
Мислења
109
Поени од реакции
0
Нешо за патувањата на Марко Поло!!!!:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
15 јануари 2009
Мислења
66
Поени од реакции
7
Нешто како концепт или увод за состав "Мартовско Утро" ве молам што побрзо ми треба за утре а никако не ми иди идеја што би чкрапал
 
Член од
2 февруари 2007
Мислења
21
Поени од реакции
0
Дечки ајде ве молам ако некој знае било што за глобализацијата нека напише макар неколку зборови зошто многу итно ми преба.:vozbud::vozbud:
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Член од
18 ноември 2008
Мислења
50
Поени од реакции
5
ХАМЛЕТ!!! ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ!!! ПОМОШ!!!

дон кихот... хелп:vozbud:
 
ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Абре книгите се земаат од библиотека,се читаат и за да не молиш по форуми ок??
 
M

Mario Gómez

Гостин
Oбработка на Ревизор од Гогољ...помошшшш...:pipi::wink:
 
Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Oбработка на Ревизор од Гогољ...помошшшш...:pipi::wink:
Комедијата Ревизор е извонредна карикатура и жестока сатира на руското провинциско чиновништво во триесеттите години на минатиот век,во која е исмеан,целокупниот бирократско-чиновнички поредок на тогашната Русија.

Всушност ова не е драма иста како другите,таа е посебна.Овде нема љубовна интрига,нема централен херој-таков херој е всушност чиновничкиот сталеж,составен од грабачи и ограбени,груби и нежни,бесппоштедни кон послабите,а понизни пред посилните.
Градоначалникот свесен за неправилностите кои се случуваат во државните институции како и грешките и пропустите во неговата работа ќе го натераат да се загрежи бидејќи во градот пристигнал ревизорот.
Градон е мошне итар и нечесен.Спрема сите се однесува грубо и ги омаловажува,но спрема Хлетаков,за кого мисли дека има повисок чин од неговиот сака да се покаже во најдобро светло.

Заплетот во драмава започнува кога г.динот Хлетаков кој е обичен сиромав чиновник,кој уште ги троши парите на неговиот татко ќе биде помешан со Ревизорот.Тој кога ќе види дека му се дала шанса да изигра улога на која не се надевал,но која му одговара,го раздиплува карактерот на својата личност.Тој лаже но често и самиот верува во тоа што го вели.

Расплетот на драмата настанува со заминувањето на Хлестаков и со пристигнувањето на вистинскиот Ревизор.Сите се лути,бесни и изненадени и постојано си ја префрлаат вината од еден на друг.Свесни дека ги ограбил и измамил тие се понижени и засрамени.
Гогољ оставил на нас читателите да го замислиме понатамошниот тек на настаните.
Комедијата Ревизор го издржала најтешкиот испит за уметничко дело-времето.Таа и денес е постојано присутна во театарскиот репертоар.Зошто лицемерието,корупцијата,површноста сеуште не исчезнале и во оваа наша цивилизирана епоха.

Еве нешто накратко се надевам дека ти помогнав:smir:
 
Фала ептен многу:back:
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Aко може некој да напише неколку цитати од расказот "Шинел" од Гогољ кои би одговарале со темата "Тешко е да немаш, а потешко да имаш, па да изгубиш", бидејќи ја немам книгата, а би ми послужиле некои добри цитати во писмената што ја правам утре. Фала однапред :smir:
 
Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Aко може некој да напише неколку цитати од расказот "Шинел" од Гогољ кои би одговарале со темата "Тешко е да немаш, а потешко да имаш, па да изгубиш", бидејќи ја немам книгата, а би ми послужиле некои добри цитати во писмената што ја правам утре. Фала однапред :smir:
Па повели:

"Акакиј Акакиевич чувствуваше од некое време дека необичносилно го прободува во плеќите, и покрај тоа што се трудеше да го претрча колку е можно побрзо патот од станот до канцеларијата. И најпосле си помисли, да не би нешто да е крив за тоа неговиот капут. Кога внимателно го прегледа дома, откри дека на два-три места, токму на грбот и на рамената станал веќе вистинско цедило: штофот толку се излижал, та низ него се провидело, а поставата се развлекла. Треба да се напомене дека и капутот на Акакиј Акакиевич беше предмет на чиновничките шеги; му го одзедоа дури и благородното име капут и го викаа шлафрок."

"Акакиј Акакиевич мислеше и мислеше и најпосле реши да ги смали секојдневните издатоци барем за една година, и тоа вака: да не пие навечер чај, да не пали свеќа,....,да гази лесно за ѓоновите да му траат подолго."

"Незнам како но сите во установата разбраа дека Акакиј Акакиевич, има нов шинел и дека повеќе не го носи оној шлафрок. Сите веднаш потрчаа во претсобјето да го видат новиот шинел на А.А. Почнаа да му честитаат и со него така срдечно да се поздравуваат, така што тој најпрвин само се потсмевнуваше, а потоа се засрами."

"Најпосле некој чиновник, некој помошник шеф на отсек, веројатно затоа за да покаже дека не е ни малку горд и дека се познава дури и со подолните од себе рече:'Па добро, јас давам вечера место Акакиј Акакиевич и молам да дојдете денеска кај мене на чај...'. Акакиј почна да се ивинува дека неможе да дојде, но сите се нафрлија на него дека тоа е неучтиво, дека е срамота, и тој немаше каде."

"...забележа наеднаш дека пред него стојат некакви луѓе со мустаќи, но не можеше добро да ги распознае. Му се стемни пред очите, а срцето почна да му чука. 'А, еве го мојот шинел', рече еден од оние со силен глас и го зграпчи за јаката....Акакиј Акакиевич почувствува само како му го соблекоа шинелот, го удрија со нога такашто тој се спружи колку што е долг, а потоа се онесвести."

''Утредента дојде сосоем блед и во стариот капут кој сега изгледаше уште помизерен. Иако имаше и такви чиновници кои и сега правеа шеги за сметка на А.А., сепак приказната за грабнувањето на шинелот многумина ги разжалости."

"Виулицата свиреше по улиците, Акакиј Акакиевич одеше со широко отворена уста и постојано слегуваше од тротоарот; ветерот по петроградскиот обичај шибаше на сите четири страни, од сите странични улици. За момент од студот му отече грлото и кога се долече некако до дома, не беше во состојба да изговори ни еден збор, па целиот отечен, се струполи во постела."
"Најпосле А.А. умре. Властите не ја запечатија собата ниту извршија попис на предметите, прво поради тоа што немаше наследник, а второ, затоа што наследството беше мало....Акакиј А. го однесоа на гробишта и го погребаа. Петроград остана без Акакија А. како во него никогаш да не живеел."

Мислам дека овие цитати ти се доволни, не само зашто се обилни и можеш да бираш, туку и затоа што веќе ми паднаа раце од пишување....
 
GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
како можам да ја најдам Ишмаил од Владимир Арсениевиќ и Александар Зограф??
за на компјутер ми треба не е битно каков формат

едит:и љубов за 17ипол долари од Чарлс Буковски
 
Kajgana Shop

На врв Bottom