Дефинитивно негативен епилог.
1. Избрзано или не, со добра или лоша организација, на плоштад имаше незначителен број луѓе ако се има во предвид дека се работи за национален идентитет и слично. Ај да речеме околу 2000 луѓе, од кои околу 75% средношколци киднати од настава. На Јуниор Куп има повеќе луѓе, јебига. Па има и камери од плоштад на ИдиВиди или шо знам каде, некој од Грција да гледа ќе се смее. А само за еден ден во јули 10 пати повеќе Македонци влегуваат во Грција со виза на ливче за да фрлаат пари во буџетот на соседите и да им го испушат по еднаш.
2. Да ја оставиме на страна бројноста, колку сме толку сме нели. Ама демек сме цивилизирани, мирен протест, ДР Македонија.. абе ајде, двајца без тројца и уште се бламираме со глупости пред амбасада, нереди и не знам што. Дивјаци. А истите тие летово ќе одат со виза на ливче да им го пушат во Лептокарија. Смешно. Ама дури и мало стадо овци ќе се загубат ако нема овчар, во случајов: бина, авторитетен лидер што знае со говор да ја разгори националната свест итн.
Ова е некое друго време, има политичари, институции, луѓе што треба да се бават со државните интереси, избрани се за тоа и за тоа земаат плата. И вечерва ги разгледуваат тие прашања и претходно и во иднина. Како краен начин на изјаснување постои референдум. Ова се деликатни ситуации, не може ниту со глава во ѕид, ниту како ќе каже Петко од Канада. Протест е исто така одлична работа, ама ако има бројност, контрола и јасна порака. Исто како што е Фернандо Торес одличен, ама само како дава голови и неговата екипа победува :wink: