Ја читам темава, од самиот почеток, од моментот на првиот пост.
На почетокот дури сакав врз првите 2-3 коментари да се спротиставам на претходните постови, во смисла дека треба да се почека дека не треба да се избрзува, дека треба да показеме лице на добридушички пред доагањето на овој..немец ..
Но по првиот ден и првите шпекулации за нов предлог и за некакви прифакања на предлози или референдум, експресно го сменив мислењето.
Браво дечки Македонци.
Што викаше мајка ми, подобро сеа да те истепам пред да одиш на писмена, отколку кога ке се вратиш-нема фајде.
Разнесено во смисла и со дух, со импресија и возбуда (која и кај другите дава до знаење дека моземе) како од еден пост доминото тргна и само за два дена ваква организација.
Мирно, достоинствено да им кажеме прво на нашите или 'нашите' дека колку и да звучи тврдоглаво и бескомпромисно, ние ИМАМЕ едно Име, чисто и јасно РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, без зачини од типот на суфикси и префикси., а потоа и на останататите да ја пренесеме истата порака.
Пред година и пол ова го напишав во прозни искри на кајгана...
http://forum.kajgana.com/showthread.php?p=458770#post458770
Поддршка