Тишината !

Член од
20 јануари 2008
Мислења
119
Поени од реакции
6
Ja mrazam tisinata me potseka na mracni raboti (iskreno me potseka na smrtta na moite najmili mladi luge drugari, bratuced mi). Zatoa ja mrazam, ama ponekogas znae i da me smiri.
 
R

reactive89

Гостин
Сакам да сум саааааааааааааам... ми фали тишината... се чувствувам толку осамено без неа :( сакам тишинаааааааааа....

Тишината е најголемиот извор на креативност
Грешка си... WC-то е најголемиот извор на креативноста... прашај кого сакаш... дури и најголемите имиња на изведувачи во музиката како ерик клептон, дип парпл, вајт снејк, иглс... кажаа дека поголемиот број од нивните песни се напишани во WC... кога си завршувале работа луѓето си добивале инспирација...хахахаха... во зависност од ритамот како им паѓа она... да не кажам што... си праеле песни хахахахахаха
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
И тишината си има две страни, светла и темна. Сум ги осетил и двете, оваа втората поради конкретни причини а за првата не сум сигурен, дали допрев длабоко во себе или само една илузија си створив. Толку е тешко да се створи апсолутна тишина во умот ако не е наметната од надворешни влијанија, скротувањето на сопствениот ум е нешто најтешко што постои. А прашање е и дали треба да се скроти или да се пушти сам да се смири, бидејќи може да доведе до шизофренија, ако својот ум се посматра како непријателски. Оваа зен приказна го објаснува тоа:
http://zen.thetao.info/perceive/10oxen.htm
Инаку, преку тишина луѓето најдобро можат да се почувствуваат еден со друг, во друштво, кога ќе замолчите, тишината сама ќе ви каже дали сте еден за друг. :)
 
U

UnholY

Гостин
Грешка си... WC-то е најголемиот извор на креативноста... прашај кого сакаш... дури и најголемите имиња на изведувачи во музиката како ерик клептон, дип парпл, вајт снејк, иглс... кажаа дека поголемиот број од нивните песни се напишани во WC... кога си завршувале работа луѓето си добивале инспирација...хахахаха... во зависност од ритамот како им паѓа она... да не кажам што... си праеле песни хахахахахаха
Не се музичарите единствените на кои им е потребна инспирација....Инспирација му е потребна на секого за да креира дела било музички, литературни, ликовни и сл.
Па, во тишината човекот најдобро може да се фокусира на одредена работа,а и она кога биле во WC сепак било тишина,сигурно не си зборувале самите со себеси,а и тоа шо им паѓа одпозади не може целосно да им го одвлекува вниманието затоа шо сепак се навикнати на него,тоа е секојдневна работа така да не му се ни обрнува внимание на тој звук :)
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Кога тишината е наметната од страна, односно кога сум приморана од икс причини да ја имам во животот без да посакам (како, на пример, туѓо отфрлање кое резултира со осаменост) нормално дека ми е тешка и сакам што побрзо да заврши.
Но, кога се работи за онаа која ќе ја наречам "контемплативна" тишина, тогаш знам да извлечам уживање и задоволство од истата.
Потребна ми е исклучително многу тишината на самоволната изолација, која прави да си ги средам мислите, да се фокусирам, да дадам максимум од својот труд и уште толку многу.
Премногу луѓе и галамата која ја ствараат можам да толерирам максимум недела дена. Потоа ми е неопходен период на изолација. Всушност, сакам крајности и имам склоност се да носам до некој екстрем, па така и периодите на "бука" и "тишина". Кога сакам мир, и ѕвонењето на мобилниот ми пречи, а не па нешто повеќе. Во тие периоди сме само јас и книгите, четките, филмовите, музиката итд.
За веднаш потоа да сакам да бидам дел од "топлпа" и жедно да ги впивам сите импресии од метежот, гужвата, галамата. И се така во круг.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
91
Поени од реакции
3
Секојдневно се среќаваме со ситуации кои се стресни за нас, не заморуваат, не разочаруваат. Чекорам смирено низ вревата и забревтаноста, мислам на мирот кој можам да го најдам во тишината. Потребна ни е на сите за да се изолираме во моментите кои понекогаш ни се чинат толку тешки. Ги средувам моите чувства, моите приоритети и продолжувам понатаму. И покрај сите бури низ кои поминуваме ова е прекрасен свет.:smir:
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Ponekogas me ispolnuva,poneogas me ispraznuva,no sepak nemozam da se zamislam bez tisinata.Mi e potrebna za da se omoram od se,da si gi sredam mislite,da se vidam kaj sum..Koga seto ova ke bide ispolneto pocnuva da mi smeta,neudobno mi se,se cuvstvuvam osameno i znam deka ne mi treba poveke.Nemozam bez nea,no samo vo umerena doza.:smir:
 

Cool

Untouchable
Член од
21 февруари 2006
Мислења
467
Поени од реакции
9
Тишината е мојата душа, кога можам да разговарам со самата себе. Да се преиспитам за сите мои постапки...Тишината е дел од мене како битие. Ми дозволува да продрам во најсуштинското. Сама по себе е празна ако се нема способност да се доживее и протолкува. Тишината е свет сам за себе.
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Ја сакам! Ја сакам на моменти! Ме исполнува, како што понекогаш ме исполнуваат бучавата, гласното(ова повеќе, но на моменти зависно од расположение...имам потреба од НЕА!
Тишина, мир, слобода на размислување...Момент на донесување некои одлуки...Детално анализирање на нештата без некој да ти пречи....Фантазирање до бескрај.....Нема ништо....само ти и ТАА...го слушаш твојот внатрешен глас, создаваш слика на она што го замислуваш....Паѓам во еден мој свет каде што се чувствувам прекрасно,убаво, опуштено.....!
 

Tired..

of fаke fаces
Член од
16 октомври 2010
Мислења
150
Поени од реакции
19
Тишината, кога посакувана кога не. Но секогаш присутна, барем и на момент. Убаво е нејзиното присуство кога можеш слободно да им се препуштиш на мислите без никој да те прекинува. Некогаш можеш и мирот да си го пронајдеш во неа, некогаш навистина те заморува бидејќи те тера да размисуваш до бескрај каде доаѓа до метеж на мисли. Кога позитивно делува на нас кога не. Но навистина е присутна секаде и потребно е да научиме и како да уживаме во неа. Таа не се појавува само кога сме сами, и со присуството на другите таа е тука. Затоа е добро да знаеме како да се справиме со неа или да и се препуштиме.:wink:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас и тишината сме многу добри пријатели. Мислам дека одсекогаш било така, во суштина мразам викање, гласни звуци и хаос, единствено музика што можам да поднесам во било каква доза зависно од состојбата.
Тишината е страшно креативна работа и прибежиште, но другата страна на паричката вели дека човек кој подолго време е опкружен со тишина може да биде самодеструктивен. Духовната интелегенција е таа која прави проблем во случајов. Зависно од состојбата тишината може да ве доведе до лудило, зашто кога туѓите гласови се стишуваат, вашиот станува погласен, оној внатрешниот најчесто наречен совест и свест.
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Јас и тишината сме многу добри пријатели. Мислам дека одсекогаш било така, во суштина мразам викање, гласни звуци и хаос, единствено музика што можам да поднесам во било каква доза зависно од состојбата.
Тишината е страшно креативна работа и прибежиште, но другата страна на паричката вели дека човек кој подолго време е опкружен со тишина може да биде самодеструктивен. Духовната интелегенција е таа која прави проблем во случајов. Зависно од состојбата тишината може да ве доведе до лудило, зашто кога туѓите гласови се стишуваат, вашиот станува погласен, оној внатрешниот најчесто наречен совест и свест.
Сама поставила прашање сама одговорила,никој не разбра lol...
ама тоа е магијата на тишината да медитираш да мечтаеш.
Јас тишината ја сакам кога спијам,кога го гледам Али Риза,кога читам весник или книга,кога сум тажен,кога си фантазирам,кога се возам во автобус или воз,кога сум нервозен и така....
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
После напорниот ден на работа, трескањето по автобуси, постојаното брчење на автомобилите, вревата што ја прават луѓето, ѕвонењето на мобилниот и разговорите, замарањето со што треба и не треба мислам дека нервите ми се како вжештена жица на оган. Е тогаш ми е потребана тишина, тогаш сакам да најдам некое прибежиште, некое тивко катче каде што ќе можам да си ги средам мислите. Се чуствувам смирено, олеснувачки кога ќе стигнам во станот, кога ќе си направам едно јако кафе и ќе го испијам во тишина. Тоа се моменти кога уживам во тишината, моменти кога правам ретроспектива на минатото и визија за иднината или моменти кога едноставно не мислам на ништо. После тие 15-20 минути тишина се чуствувам како нова, повторно спремна за нови случувања.
П.С. ја сакам тишината после водењето љубов, кога ги слушам отчукувањата на нашите срца и воздишките, кога тој ќе заспие а јас така склопчена до него сеуште неможам да дојдам при себе.
 
E

elena.

Гостин
Обожавам тишина. Кога учам, читам книга, спијам, иако сите овие работи сум научила да ги правам и во гужва, повеќе сакам во тишина. А затоа што често сум сама дома, си дозволувам едночасовна тишина скоро секој ден :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom