Тишината !

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
Ја мразам тишината. Ја чувствувам како напор ,како глувост, како да ми зборуваат моите мисли и ме тераат на непромислени акции .Тишината ми делува како некој провокатор на мојот импулсивен карактер,поточно ме смирува , а мразам да сум смирена на тој тап ,чуден ,на моменти визионерски начин. Кога сум со некој до мене,тишината тотално ме убива,затоа што ја чувствувам и како физички товар,како да ме притиска на градите, но тоа е, не можам да престанам да зборувам и да делувам , а аналогно на тоа се судирам со тишината. Не, не сакам кога ми зборува .Прегласна е ,дури и за мене.
 
не бадијала depesh mode enjoy the silence значи и мене ми годи од сето ова брзо темпо на живеење некогаш е добро онака искулирано да се размисли до каде си и како понатаму да се продолжи тишината ти ја дава душевната хармониа оној мал простор време кој ти е даден само за себе во секој случај ок е
 
Најчесто знам да се заборавам на кров во раните утрински часови, изолиран на 12ти спрат, сообраќајот скоро замрен, скоро идеална тишина во урбана средина. Тогаш можам да се препуштам на себе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom