Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
Признавам, од време на време правам блуднички чекори, и пуштам МТВ 1 и кога нема фудбал. Баш денеска, т.е. во овој момент ја гледам емисијата "Говориме Спориме" на националниот сервис, во која се зборува за актуелните проблеми на македонската младина која е вклучена во образовниот процес во државава.
Емисијата трае 30 минути, гостите во емисија се како паднати од Марс, водителите едвам чекаат да заврши половината час, а нашата одбрана иднина, академски граѓани и интелектуалци кои гостуваат во емисијата како публика, како Драган Чадиковски пред празен гол се мачат да формираат реченица и да го оправдаат присуството во емисијата.
После 30 минути, водителите многу се заблагодаруваат на гостите, се дели аплауз, а сижето е дека од тие 30 минути, 22 поминаа во преместување на едниот микрофон низ студиото, се зборуваше малку а не се кажа ништо, но сепак - сите беа среќни и задоволни. Можеби зошто заврши емисијата...
Добро бе... Толку ли ни е капацитетот? Кај ги бирате студентиве што треба да се борат за своите права? Од кој торент ги даунлодиравте водителите?
За ова ли се трошат пари??
Говориме, спориме, ај сеа да одмориме.
Вратете го Џери Спрингер!