Википедија на Македонски со 15.000 стории

Член од
16 јануари 2008
Мислења
10
Поени од реакции
0
Превземено од прес центарот на Википедија:

Почитувани,

Ни претставува огромно задоволство да ве известиме дека Википедија на македонски јазик ја надмина бројката од 15.000 статии. Википедија претставува единствена енциклопедија на македонски јазик достапна на интернет за корисниците ширум светот.

Википедија на македонски јазик има околу 2900 регистрирани корисници и десет администратори, кои заедно со останатите нерегистрирани корисници работат на достапност на светското знаење на македонски јазик. Википедија има развиено и тематски портали од различни области, како што се порталите за: Класична музика, Математика, Уметност, Географија, Европа, Историја, Технологија, и Археологија, како и повеќе портали во фаза на конструкција, преку кои корисниците можат побрзо да стигнат до бараната информација.

Со оглед на тоа што во Македонија сеуште не постои општа енциклопедија на Македонски јазик издадена во било која форма, значењето на овој проект е огромно со оглед на фактот дека на новите генерации им е потребен и овозможен пристап до глобалното знаење на мајчин јазик.

Википедија е единствената слободна и бесплатна светска енциклопедија достапна на повеќе од 250 јазици. Верзија на англиски јазик брои повеќе од два милиона статии, додека постојат петнаесетина други јазични изданија со над 100.000 статии од сите сфери на животот. Изданието на Википедија на македонски јазик го завзема своето место на листата јазични изданија силно промовирајќи го македонскиот јазик на светската мапа на јазици.

Ги повикуваме сите љубители на знаењето корисниците на интернет да го посетат нашиот веб сајт http://mk.wikipedia.org каде што ќе можат да ги прошират своите знаења а можеби и ќе помогнат во креирањето на една подобра енциклопедија со своето активно учество. Пристапот до содржините на Википедија е бесплатен и не е потребна никаква регистрација.

Со почит,
Тимот на Википедија на македонски јазик
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Првин поздрав за исвестувањето но мислам дека скоро сите знаат дека викито е бесплатно, а се надевам и дека сторииве брзо ќе нараснат.
 
Член од
16 јануари 2008
Мислења
10
Поени од реакции
0
ех македончиња :)

Првин поздрав за исвестувањето но мислам дека скоро сите знаат дека викито е бесплатно, а се надевам и дека сторииве брзо ќе нараснат.
Дај боже, само уште во македонија од регионов им е табу на македонциве да седнат и да споделат знаење. Ако може ништо да не прават арно ќе им биде :)
 
Член од
16 јануари 2008
Мислења
10
Поени од реакции
0
Ајде да се надваме дека се поголемиот број на корисници ќе скокнат да пишуваат статии, 15 мин дневно не е ништо за нас постарите, ама за новите генерации е многу важно да имаат извор на информации на нив мајчин јазик. Јас додека растев, нерви кинев што немам материјали онлине, јас искрено пишувам кога имам време, зошто некое дете сега додеа учи да неможе да си прочита на свој јазик информација...
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Епа да ја постирам и матурската (Париски мировен договор - оној кога не поделија) само треба да ја скенирам..... го изгубив пишаното од комјутер после еден гнасен вирус... поздрав

п.с Имам и материјали од стручна литература - Биологија - Микробиологија и сл.
 
Епа тоа е супер :) Јас истото го направив со некои мои материјали, само малце треба да се средат односно да се викифицираат, и ете готов материјал да учат други луѓе. Не ја разбирам да бидам искрен себичноста на некои мои другари кога им го предложив истото. Следуваше одговор: Ееее како да не некој да учи на мој труд. СРАМОТА типичен македонски одговор и однесување. Дур е така кај нас, Бугарите имаат околу 60.000 статии на википедија, дури и Албанија има околу 20.000 :( Да не праиме муабет за Хрватска и Србија
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Ајде да се надваме дека се поголемиот број на корисници ќе скокнат да пишуваат статии, 15 мин дневно не е ништо за нас постарите, ама за новите генерации е многу важно да имаат извор на информации на нив мајчин јазик. Јас додека растев, нерви кинев што немам материјали онлине, јас искрено пишувам кога имам време, зошто некое дете сега додеа учи да неможе да си прочита на свој јазик информација...
Значи би сакал еден предлог.

Сите сме запознаети за курсевите кои се организираат низ цела Македонија. Зошто 1 час не се посвети на Wikipedia форматирање?

И, за домашно, на сите курсисти, да напишат и уредат по 1 статија на википедија. Така, 15.000 луѓе од различни професии би направиле нешто корисно за Македонскиот Вики простор...

Не сум сигурен, но мислам дека ова имаше успеано во Израел, Полска, Романија, и уште неколку земји
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Супер .... само како предлогов да стигне до потребните уши или очи.
 
Член од
16 јануари 2008
Мислења
10
Поени од реакции
0
Значи би сакал еден предлог.

Сите сме запознаети за курсевите кои се организираат низ цела Македонија. Зошто 1 час не се посвети на Wikipedia форматирање?

И, за домашно, на сите курсисти, да напишат и уредат по 1 статија на википедија. Така, 15.000 луѓе од различни професии би направиле нешто корисно за Македонскиот Вики простор...

Не сум сигурен, но мислам дека ова имаше успеано во Израел, Полска, Романија, и уште неколку земји
Ако не се лажам ова некој од влада треба да го направи :) Краем краева не ни мора да ги учат, упатството за ВИКИФИЦИРАЊЕ се 5-6 чекори, во една статија е се собрано, ама да супер идеја е ова :) :helou:
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
да да, и јас сум среќен за Вики, диме одличен предлог, ти си во таков круг на луѓе каде што можиш да стапиш во контакт со тие што ги држат курсевите за компјутери, и тие да те поврзат со надлежните и така ова да се вметне во програмата.

Инаку немам дадено некој кизнај како допринос за Вики, со исклучок на неколку дополнувања во Историја, една цела статија, корекции во Економија, и цела статија во Економија.
Било како, спремен сум да пишувам по една статија денот од она што го студирам, но имам проблем: немам време да ги рецензирам да ги средувам и форматирам... и затоа ќе ги плескам така raw, па ако има некој повеќе време нека ги ревидира.
 
IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
браво, само напред. и јас едно време бев активиран(ама премногу кратко).ќе гледам тоа да го сторам повторно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom