Човековата неинформираност и потребата да се наметне , дозволуваат вулгаризација на вредностите , со низок тон на омаложување .
Дадените ставови се карактеристика на делот од општествениот слој ,кој во себе не содржи карактеристики на свесно согледување.
Намерното минимизирање на политичките структури , ја исполнува меланхонијата во малите ниско развиени општини , што не наведува до заклучок , дека политичката свест во Македонија се наоѓа на ниско општествено ниво . Со тоа се јавува потребата од нова витална структура , способна да ги разреши наметнатите инфраструктурни системи и да ја доближи политичката наука до критичните слоеви .
За таа цел подребно е да се следи делото на прф. Гарфиелд , кој во своето капитално дело ќе го наведе решението согледано од реалната опција .
соопштението од институтот за решавање критични мислења
директор
гоца
Аферим за болдираното.

:salut:
Сепак треба да се дополни твоето излагање за да се дообјаснат некои работи, посебно за оние кои сметаат дека треба таквите лица да се убиваат, тие лица кои се инаку наши родители, дедовци или баби.
Како прво, нивниот начин на создавање на мисла и донесување заклучок е резултат на силна и сурова систематска манипулација која беше спроведена врз нив од тогашната власт.
Второ, нашата историска и посовремена општествена реалност на поробен народ исто така создава негативен однос кон се` што е власт во Македонија.
Едно, затоа што секоја власт во Македонија во подалечното и поблиско минато не била ниту е од народот за народот туку била наметната или со сила како окупатор или преку измама врз институционално небразовано население.
Друго, затоа што претходниот режим, како и окупаторите, работеле по системот покори се или умри. Нормално при такви услови за живеење таквиот избор лесно се решава бидејки и не е некаков избор.
Трето, кога некој неможе себеси да се обвини за сопствениот неуспех тогаш премногу лесно може да изнаоѓа секакви виновници секаде и секогаш.
Четврто, левичарството кое сеуште доминира кај нас функционира преку мал број на пеодинци кои апсолутно владеат со останатите по системот на стадото овци со својот овчар. Овчарите размислуваат и донесуваат одлуки додека другите послушно и покорно ги спроведуваат. Овчарите се тие кои се грижат за стадото. На овците не им останува (дозволува) сами за себе да се грижат затоа се апсолутно зависни. Така и лицата во нашето општество со поодминати години се директно зависни некој да се грижи за нив, ако тоа не го прави како што треба тогаш им останува само да блеат од незадоволство бидејки им е отстранета самоиницијативата. Најлошо е тоа што и одреден процент на млади живеат на ист начин иако за тоа нема потреба, односно е крајно непродуктивно.
Покрај се`, во се` што уживаме денес го уживаме токму поради трудот, вложувањата и жртвувањата на тие кои денес во овој пост се критикувани.
Патем, секој кој не се занимава со потрагата по сопствената среќа и постојано се занимава со среќата на колективот неминовно ќе заврши како лицата во прашање на овој пост.
Забелешка
Се обидов упростено да ја прикажам сликата на нашата општествена и индивидуална реалност. Причините и последиците од состојбите кај нас се толку обемни што не може во еден пост да се опфатат. Доколку има нешто нејасно.... Знаете веќе!!!