Фул-тајм опозиција

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
53
Веб-сајт
www.kajgana.com
Инспириран од постари луѓе кои ми дојде преку глава да ги слушам секој ден со години истото.Сте сретнале вие луѓе кои кој и да биде на власт они само го пцујат наоѓаат мани и солат памет вака требало онака требало,има тука некој таков?
 
nisko intelegentni luge bez nikakov recnik i poznavanje na sostojbite , samo da se najdat u muabet..ne znam sto te nerviraat ..samo gi izbegnuvaj
 
Најлесно е да пцуеш по власта она стално нечини. :star::costumed2

:pos2:
 
Човековата неинформираност и потребата да се наметне , дозволуваат вулгаризација на вредностите , со низок тон на омаложување .
Дадените ставови се карактеристика на делот од општествениот слој ,кој во себе не содржи карактеристики на свесно согледување.
Намерното минимизирање на политичките структури , ја исполнува меланхонијата во малите ниско развиени општини , што не наведува до заклучок , дека политичката свест во Македонија се наоѓа на ниско општествено ниво . Со тоа се јавува потребата од нова витална структура , способна да ги разреши наметнатите инфраструктурни системи и да ја доближи политичката наука до критичните слоеви .
За таа цел подребно е да се следи делото на прф. Гарфиелд , кој во своето капитално дело ќе го наведе решението согледано од реалната опција .


соопштението од институтот за решавање критични мислења
директор
гоца
 
Инспириран од постари луѓе кои ми дојде преку глава да ги слушам секој ден со години истото.Сте сретнале вие луѓе кои кој и да биде на власт они само го пцујат наоѓаат мани и солат памет вака требало онака требало,има тука некој таков?

Сега баш и неразбрав најдобро ? Се работи за опозицијата или старите лугје? За старите лугје (комунисти) кој што верувам свесно не донесле до овој степен денеска има само едно решение.Да ги соберат сите и на камени мост со токмак во чело , зашто за тоа и заслужуваа. Секоја чест на исклучоци.:toe:
 
Мрно, и ти ли за АБЦ си отворил тема. Остајте го форумџијата на мира бре...

edit: за постот под мене... :pos:
 
Човековата неинформираност и потребата да се наметне , дозволуваат вулгаризација на вредностите , со низок тон на омаложување .
Дадените ставови се карактеристика на делот од општествениот слој ,кој во себе не содржи карактеристики на свесно согледување.
Намерното минимизирање на политичките структури , ја исполнува меланхонијата во малите ниско развиени општини , што не наведува до заклучок , дека политичката свест во Македонија се наоѓа на ниско општествено ниво . Со тоа се јавува потребата од нова витална структура , способна да ги разреши наметнатите инфраструктурни системи и да ја доближи политичката наука до критичните слоеви .
За таа цел подребно е да се следи делото на прф. Гарфиелд , кој во своето капитално дело ќе го наведе решението согледано од реалната опција .


соопштението од институтот за решавање критични мислења
директор
гоца

Аферим за болдираното.:cuc: :salut:
Сепак треба да се дополни твоето излагање за да се дообјаснат некои работи, посебно за оние кои сметаат дека треба таквите лица да се убиваат, тие лица кои се инаку наши родители, дедовци или баби.
Како прво, нивниот начин на создавање на мисла и донесување заклучок е резултат на силна и сурова систематска манипулација која беше спроведена врз нив од тогашната власт.
Второ, нашата историска и посовремена општествена реалност на поробен народ исто така создава негативен однос кон се` што е власт во Македонија.
Едно, затоа што секоја власт во Македонија во подалечното и поблиско минато не била ниту е од народот за народот туку била наметната или со сила како окупатор или преку измама врз институционално небразовано население.
Друго, затоа што претходниот режим, како и окупаторите, работеле по системот покори се или умри. Нормално при такви услови за живеење таквиот избор лесно се решава бидејки и не е некаков избор.
Трето, кога некој неможе себеси да се обвини за сопствениот неуспех тогаш премногу лесно може да изнаоѓа секакви виновници секаде и секогаш.
Четврто, левичарството кое сеуште доминира кај нас функционира преку мал број на пеодинци кои апсолутно владеат со останатите по системот на стадото овци со својот овчар. Овчарите размислуваат и донесуваат одлуки додека другите послушно и покорно ги спроведуваат. Овчарите се тие кои се грижат за стадото. На овците не им останува (дозволува) сами за себе да се грижат затоа се апсолутно зависни. Така и лицата во нашето општество со поодминати години се директно зависни некој да се грижи за нив, ако тоа не го прави како што треба тогаш им останува само да блеат од незадоволство бидејки им е отстранета самоиницијативата. Најлошо е тоа што и одреден процент на млади живеат на ист начин иако за тоа нема потреба, односно е крајно непродуктивно.

Покрај се`, во се` што уживаме денес го уживаме токму поради трудот, вложувањата и жртвувањата на тие кои денес во овој пост се критикувани.
Патем, секој кој не се занимава со потрагата по сопствената среќа и постојано се занимава со среќата на колективот неминовно ќе заврши како лицата во прашање на овој пост.

Забелешка
Се обидов упростено да ја прикажам сликата на нашата општествена и индивидуална реалност. Причините и последиците од состојбите кај нас се толку обемни што не може во еден пост да се опфатат. Доколку има нешто нејасно.... Знаете веќе!!!
 
прф. Гарфиелд
A ti zlato da ne se cepkas kaj sto ne te ceska?!

temite, koi se objavuvaat, a ne se objasnuva tocno sto od niv se bara, kako i prvicnata diskusija na koja ima postovi koi mozat da se resat so smalji e neproduktivna tema.
Za edna tema da bide seriozna i za na podforum politka, potrebno e istata da ima pocetno prasanje i obmisla koja bi vodela kon natamosna diskusija.

Da ne go povtoruvam protivpraopaganda, se slozuvam maksimalno so se sto napisa, osobeno onaka plasticno za sekoj da moze da razbere, duri i tie koi ne sakaat da vklucat mozok.
 
Покрај се`, во се` што уживаме денес го уживаме токму поради трудот, вложувањата и жртвувањата на тие кои денес во овој пост се критикувани.
Патем, секој кој не се занимава со потрагата по сопствената среќа и постојано се занимава со среќата на колективот неминовно ќе заврши како лицата во прашање на овој пост.

Забелешка
Се обидов упростено да ја прикажам сликата на нашата општествена и индивидуална реалност. Причините и последиците од состојбите кај нас се толку обемни што не може во еден пост да се опфатат. Доколку има нешто нејасно.... Знаете веќе!!!
Само би додал колку од тие што се за на камени мост за со чекич по глава со нивната пензија ги издржуваат своите џелати?
Имаат право да критикуваат, па не се вечни, законот на биологијата е јасен, ова е ненормално, пензионери да издржуваат две наредни генерации.
 
Тоа се само старци кои им фали чистиот комунистички систем...
 
Back
На врв Bottom