B
Borg_Drone
Гостин

1. Официјално ќе се прекине времената спогодба и нејзината важност ќе престане да постои. Наедно ќе прекинат сите понатамошни преговори за името.
2. Ќе се упати официјално барање до ООН за признавање под уставното име. Ќе започне правна процедура за него. Земјата ќе се обрати до Советот за безбедност или до генералното собрание, или пак до двете ако се оцени дека така е најдобро.
3. Во земјата ќе се организира референдум за задржување на уставното име на кој сите граѓани би излегле да гласаат, со цел на кој било сегашен и иден политичар на висока функција да му биде оневозможено да помисли за варијанта промена на уставното име како опција.

5. Од истите причини ќе започне процедура за враќање на уставните амандмани кои во 1992 година беа укинати со цел да се одговори на Грција со добра волја.
6. На соодветен начин ќе се започне со правна постапка за малцинското прашање за Македонците во Грција, како и имотните прашања на Македонците со потекло од егејскиот дел на Македонија.

8. Стотици улици, патишта, згради, стадиони, спортски сали, плоштади ќе бидат преименувани и ќе ги носат имињата на големите македонски личности од античкиот период. Исто така ќе се изградат голем број нивни споменици во поголем број градови. Ќе се преименуваат и повеќе села и градови.

10. Новиот аеродром во Штип, ќе се именува ФИЛИП ВТОРИ.
11. Ќе се подигне нивото на комуникација и ќе се воспостават поблиски релации со Северен Кипар. Ќе се продолжи и ќе се зацврстува сојузништвото со САД и Турција и ќе се разгледа можност за нов вид воен сојуз со овие две земји..
12. На дресовите на македонските спортски репрезентативци ќе има обележја од македонската антика.
Овие предложени мерки од државниот врв се неофицијални и се во фаза на разгледување доколку соседна Грција стави вето на влезот на Македонија во НАТО.
Изјава на Владата
По објавувањето на овој работен план за мерки кои државниот врв би ги преземал во случај Грција да издејствува одложување, или непосредно блокирање на поканата од НАТО до Република Македонија, портпаролот на Владата Ивица Боцевски, одговори на прашањето за владините ставови во врска со објавениот текст на Сител телевизија и во ВЕЧЕР. - Позицијата на Грција за вето станува извесна, поради што државниот врв е во постојана комуникација. Но, не би сакал да коментирам состојби и прашања кои се хипотетички. Односно, состојби што би било кога би било. Да видиме првин што ќе биде.
http://vecer.com.mk/?ItemID=68721F49F743774CBB6770B09EF6791F