Сител ги објави плановите на државниот врв ако Грција стави ВЕТО за НАТО

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Не постојат пречки за влез на Македонија во НАТО. Критериумите се исполнети, велат политичките аналитичари. Единствената пречка за влезот во НАТО е опасноста од ВЕТО од соседна Грција, поради спорот со името. Неофицијално дознаваме дека државниот врв во случај на ВЕТО од Грција ќе преземе мерки.

1. Официјално ќе се прекине времената спогодба и нејзината важност ќе престане да постои. Наедно ќе прекинат сите понатамошни преговори за името.

2. Ќе се упати официјално барање до ООН за признавање под уставното име. Ќе започне правна процедура за него. Земјата ќе се обрати до Советот за безбедност или до генералното собрание, или пак до двете ако се оцени дека така е најдобро.

3. Во земјата ќе се организира референдум за задржување на уставното име на кој сите граѓани би излегле да гласаат, со цел на кој било сегашен и иден политичар на висока функција да му биде оневозможено да помисли за варијанта промена на уставното име како опција.

4. Ќе започне процедура за враќање на старото знаме, имајќи предвид дека промената на знамето не придонело за намалувње на проблемот со името. Имајќи го предвид и фактот дека и Македонците и Албанците имаат пиетет кон Александар Велики и го чувствуваат за свој, се очекува идејата да биде прифатена.

5. Од истите причини ќе започне процедура за враќање на уставните амандмани кои во 1992 година беа укинати со цел да се одговори на Грција со добра волја.

6. На соодветен начин ќе се започне со правна постапка за малцинското прашање за Македонците во Грција, како и имотните прашања на Македонците со потекло од егејскиот дел на Македонија.

7. Севкупната пошта која ќе биде испратена со референцата БЈРМ (ФИРОМ) или Поранешна Југословенска Република Македонија ќе биде враќана на испраќачот со назнака дека таква земја не постои и дека поштата залутала во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

8. Стотици улици, патишта, згради, стадиони, спортски сали, плоштади ќе бидат преименувани и ќе ги носат имињата на големите македонски личности од античкиот период. Исто така ќе се изградат голем број нивни споменици во поголем број градови. Ќе се преименуваат и повеќе села и градови.

9. Автопатот од коридорот 10, трасата Табановце-Богородица, ќе се именува како автопат Александар Македонски.

10. Новиот аеродром во Штип, ќе се именува ФИЛИП ВТОРИ.

11. Ќе се подигне нивото на комуникација и ќе се воспостават поблиски релации со Северен Кипар. Ќе се продолжи и ќе се зацврстува сојузништвото со САД и Турција и ќе се разгледа можност за нов вид воен сојуз со овие две земји.

12. На дресовите на македонските спортски репрезентативци ќе има обележја од македонската антика.

Овие предложени мерки од државниот врв се неофицијални и се во фаза на разгледување доколку соседна Грција стави вето на влезот на Македонија во НАТО.

Изјава на Владата
По објавувањето на овој работен план за мерки кои државниот врв би ги преземал во случај Грција да издејствува одложување, или непосредно блокирање на поканата од НАТО до Република Македонија, портпаролот на Владата Ивица Боцевски, одговори на прашањето за владините ставови во врска со објавениот текст на Сител телевизија и во ВЕЧЕР.
- Позицијата на Грција за вето станува извесна, поради што државниот врв е во постојана комуникација. Но, не би сакал да коментирам состојби и прашања кои се хипотетички. Односно, состојби што би било кога би било. Да видиме првин што ќе биде.


Што мислите за ова ќе го биде или е уште еден циркус на Латас и компанија, пошто не видов на ниту еден друг медиум.

Мое мислење е дека ако се спроведе ова, баш ќе биде интересно....
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Најискрено ова треба да го сториме и без тоа fucking вето од циганите.:helou:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Алооо онли :smir:
Вчера јас напишав за ова во темата Што ако грзија стави вето.
Тука
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Алооо онли :smir:
Вчера јас напишав за ова во темата Што ако грзија стави вето.
Тука
во ред не видов, ама нека се разговара на оваа тема стриктно за овие против мерки на владата на Македонија, тука се објавени сите против мерки кои беа објавени на Сител
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ај да не се дискутира стриктно за мерките тука. Оти истото се прави на другата тема.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom