Хехе, што мислите лавовите во Прилеп што ги уапсија ќе ги погалат? Да се разбериме војна не водат академски граѓани, паметни, образовани или не знам какви. Војна најчесто водат криминалци, како на едната страна така на другата. Со ретки исклучоци, луѓе кои националната кауза ја ставаат пред личната, кои што ќе повторам се многу РЕТКИ, и сепак не се нешто многу многу образовани. Специјалци, лавови,волци, тигри ако бидеме реални претежно се тоа луѓе извадени од затвор. И пак сето тоа се сведува на нивен интерес, криминален интерес, значи тие сакаат војна оти ловат во матно. Макар и оние поштените пред војната, после војната карактрено се променуваат, од тешките трауми и слично, најдобар пример за ова е главниот лик во една од романите на Петре М Андреевски, мислам дека беше Пиреј, се работи за Македонец кој ќе служи војник во прва св. војна.
Значи сума сумарум, за да сожалуваш некој таков, треба да си горе долу колку него во немање мозок. Под таков подразбирам секој еден со дебело криминално досие, има еден куп такви Македонци, од кои некои во затвор со добра шминка, некои и убиени (Поштарот) итн итн.
Штета што МВР за специјалните сили излезе со погрешен концепт и нив ги вработи во МВР, тие луѓе или требаше да се институционализираат со пензии, да се префрлат во војска и после во Авганистан или Ирак, или пак да се вратат од каде што дошле во затвор.