Divider
Seraphim
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 27.337
- Поени од реакции
- 3.062
Министрите за економија и за локална самоуправа се во оставка, министерот за одбрана е со сериозно нарушен легитимитет и кредибилитет, еден вицепремиер и министрите за здравство, образование, култура и за животна средина се со ковертирани оставки. Тоа е сликата за Владата на Македонија во пресрет на самитот на НАТО во Букурешт, кога очекуваме покана за членство во Алијансата, и пред решавачката рунда преговори за надминување на спорот околу името со Грција. Исто така, и во пресрет на раѓањето нова држава на Балканот, сосед на Македонија, со која се' уште имаме нерасчистени прашања околу границата.
Но, Владата како да е десеткувана од смртоносен вирус. Дел министри се повлекоа од функциите, а на нивно место Груевски не поставува други, дел чекаат што ќе им пресуди Тачи. Ќе останат ли на своите функции или ќе бидат заменети со нови кадри. Да не го споменуваме тука и Тито Петковски, кој деновиве е во своевидна војна со Владата во која партиципираат и негови министри. Исходот од оваа војна е крајно неизвесен. Буквално човек да се чуди кога ќе стане рано наутро дали Владата паднала или се' уште е на нозе.
Како шлагворт на ситуацијата е проблемот со стечајните работници. Коалицискиот партнер НСДП притиска кај Груевски да се најде решение за нив, а Груевски го игнорира овој притисок. Се пишуваат и писма, паѓа и по некоја закана, но резултат нема.
Груевски и Петковски не можат да ги усогласат своите десничарски и левичарски политики и, наместо да ги хармонизираат своите односи, запаѓаат во се' подлабока криза. Тоа значително ги лимитира капацитетите на Владата пред која навистина претстојат големи искушенија.
И сето тоа се случува во услови кога нашиот јужен сосед ни зема мерка да не' присили да го смениме уставното име на земјата, а дел од северниот сосед се подготвува за голема прослава по повод независноста која особено може да ја засега Македонија во иднина.
Со право се поставува прашањето како Владата воопшто функционира со таков внатрешен амбиент. Има ли сила да се справи со она што ја очекува земјава во наредните неколку месеци.
Имајќи ја предвид ситуацијата, притисокот врз премиерот и неговите министри ќе се зголемува од ден во ден. Но, прашање е дали Груевски може соодветно да одговори на таквиот притисок. Во моментов изгледа дека Владата функционира само со министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека министрите од редовите на коалициските партнери се во аут.
Има ли премиерот решение на ваквите состојби или вози по инерција. Неговата определба да ги менува министрите во од наместо со еднократна реконструкција се покажа како контрапродуктивна.
Во Владата постојано има ресори што не функционираат поради оставките на првите луѓе. Според некои информации, и Тито Петковски се збогувал со Лазар Еленовски. По телефон му соопштил на Груевски дека Еленовски повеќе не е дел од тимот на НСДП во Владата. Така, одговорноста за министерот за одбрана кој подолго време е на тапет во јавноста сега и формално и суштински е во рацете на Груевски.
Ако може да послужи како некаква утеха, и политичките врвови на соседните земји со кои Македонија има отежнати релации се во своевидна криза. Владата на грчкиот премиер Костас Караманлис се задушува во безброј афери и политички уцени во сопствените редови, политичка криза е на повидок и во Србија, а Владата во Косово се' уште нема право на автономна надворешна политика.
Но, сеедно, Груевски мора поскоро да ги среди владините редови затоа што сега повеќе од кога било на земјава и' е потребна силна влада.
Паѓа ли владата??? Ако не се среди со НСДП, кој ке ја држи владата со 61 пратеник минимум??
Ако не се среди со ДПА, како Груевски ќе оди понатаму??
Освен ако не ги земе и ДУИ во коаЉиција И другите мали партии на етнмичките заедници и дел независни пратеници, а тоа значи дека пак килава и климава влада??!!!
Ете, како од незнаење, се губи власт и се прават непотребно предвремени иозбори кога цел свет вели дека тоа не смее да се случи.
И? Паѓа или Не?