Колку што знам на темава нема некоја забрана на кој јазик да се пишува, а пошто јас сум страстен љубител на шпанскиот јазик понекогаш се изразувам и на него (нели и никот ми е таков- Ла Еспањола)
Но ете се радувам што некој ја чита и мојата поезија и што искрено кажува дека јазикот е препрека да разбере и фино ме замолува да преведам... Значи еве го преводов иако како што рече ти може малку да изгуби смисла
Кога ќе ти направат трага
не можеш да ја избришеш.
Кога ја криеш,
расте повеќе и повеќе.
Ако ја покажеш
сите ќе те нападнат.
Буква по буква,
стих по стих,
никогаш не се гледа крајот,
го барам мојот спас во пишувањето.
Соништа или само една илузија,
судбина или само една случајност
што ме исполни со страст.
И зарем е веќе важно
разликата не се гледа,
само размислуваш и размилуваш
а знаеш за што?
Се ми изгледа исто сега,
дали се досадувам
и имам насмевка како Монализа,
дали гледам без да видам,
или слушам без да чујам.
Затоа вака си седам,
нека се случи што треба да се случи,
иако немам мир,
неможам да направам ништо повеќе.
Ете :smir:
П.С. Ова е превод на последната