П
Паспарту
Гостин
Мене па исти пациенти ми се и оние кои навиваат за Партизан и Звезда, а и оние кои срцето го даваат за Реал, Барса, Интер и другите такви тимови кои најблиску до нив биле кога играле против Базел во Швајцарија... Едно е да симпатизираш некој клуб, а друго е да ти е навлезен тој клуб и да го сакаш повеќе од родената мајка, а верувај на форумов има премногу такви. Секој си има право да си навива за оној клуб што го сака, но пред се треба да се цени и почитува оној локалниот/градскиот клуб. Она што може да ви го овозможи гледањето во живо на Вардар, Победа, Пелистер, Тетекс, Шкендија, Брегалница, Македонија ЃП, Слога и уште многу други тимови, верувај дека овие странскиве можат да ви го овозможат само преку телевизија, а тоа ти е исто како да лижеш сладолед преку стакло.
Тоа со просекот нема ама баш никаква врска, баш на тие деца треба да им се спушти капата бидејќи во услови на мизерен македонски фудбал одат да го следат нивниот омилен тим, за разлика од "стручњациве" кои чекаат линкови за да можат преку нет да ги гледаат нивните апстрактни тимови. Препејување на песни има во цел свет, а не само кај нас, тоа и дете од 5 години може да го види. Нема навивачка група во светов што има "уникатни" песни, било тоа да е од Аргентина или пак од Грција, Турција, Израел итн. Англиските и шпанските навивачки групи не ги сметам за достојни бидејќи не се ниту на нивото на "Паткари", а за некоја поголема навивачка група и да не правиме муабет...
Фудбал сигурно нема да има во Македонија додека Реал-Барса-Челзи навивачите дремат по 24ч дома и пишуваат на форумов, а притоа немаат никакво познавање од македонскиот фудбал, а одењето на стадион за нив е слично и еквивалентно со одењето на Хаваи...