Дали постои оправдан злостор?

Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Човекот постојано ја има онаа потреба да ја покажува својата моќ и големина. Убиецот како таков ја имаа таа моќ со самото тоа што се осмелил да одземе живот на друг човек, а зар го има тоа право? Не. Но ако убиството е единствениот начин да се спаси сопствениот живот?
Друго нешто, повеќето сте пишувале за убиство, но тоа не е единствениот злостор. На пример, кражба. Еве да речеме, дали може да му се прости на некој без денар у џеб ако украде векна леб за да го исхрани своето семејство?

Heh i jas sakav da go napisam istoto,no za zal zakonot ne gleda za sto i kako ukral bitno ukral dali da se prehrani ili ne ne e bitno.Zalosno.Iskreno taka sodrzina ima Kletnici za toa za opravduvanje ili ne na zlostorstava i prv pat na nesto takvo(film ili kniga)da zaplacam.Sepak od strana na covekot takvi raboti se opravdani zlostorstvo za da se prehranis(normalno ne i da ubivas za toa)Ili ubistvo vo samoodbrana(predhodno spomenato na pr.ubistvo na tatko ili slicno od strana na malo devojce koe e postojano maltretirano)no za zakonot toa e zlostorstvo so umisla ili bez zlostorstvo e.A toa za samoodbrana e toa mislam deka e opravdano:)
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Мала дигресија...
Natural-girl, следејќи ја темава, имам чувство дека е некако преопширно поставена, односно недоволно одредена, па ја отежнува дискусијата и ја носи во премногу различни правци.
Имено, темава почнува со злостор казнив со закон, па се дава пример со убиство во самоодбрана, се споменува неправедноста на војната, за да стигнеме до моментот на изгладнет човек кој краде векна леб. Да, се е тоа злостор гледан низ очите на законот но, некако премногу се оддалечени примерите еден од друг.
Затоа ако сакаш, би те замолила малку да ја конкретизираш насоката, т.е да ми кажеш(на мене лично, затоа што ми е нејасно...на други можеби не им е) дали е главното прашање, во стилот:" Дали сето она што е злостор според законот, е и злостор според човечките, лични мерила?" или "Дали правото како збир на закони е и морален, етички закон?"
Истотака, кога велиш да се оправда злосторот, на какво опрадвдување мислиш?
Благодарам однапред:smir:
Во ред. Како што се гледа од досегашните мислења, прашањево е субјективно, на пример за убиството некои се изјаснија дека никогаш не би одзеле човечки живот, а некои рекоа дека има x-околности, како ете самоодбраната кои ќе те примораат на таков чекор.
Сакав да ве прашам дали тоа што е сметано за злостор пред законот може според наши лични принципи да биде оправдано, секако кога ние ги имаме во предвид околностите на "злосторот"? Или пак не можеме да оправдаме нешто што е казниво со законот па и колку да се убедливи околностите и x-факторите?
Примерите ги пишав за да ги натерам луѓето да помислат, да им го илустрирам некако тоа што сакав да го кажам.
 
Член од
16 февруари 2008
Мислења
13
Поени од реакции
0
За сестра ми....СЕ ќе направам!!!

Ма некој не дај Боже да и направи нешто на сестра ми, било како да ја повреди, срцето ќе му го откорнам откако ќе го скршам од ќутек, ќе му ги скршам сите можни коски и ќе го пукам у раце и нозе....
 
Член од
13 април 2008
Мислења
429
Поени од реакции
7
Zlostorstvo si e zlostorstvo i nema opravduvanje
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Da,celta gi opravduva sredstvata.
На пример, имаш за цел да го подобриш човештвото, но како средство за исполнување на таа цел, ти е потребен некој метод за истребување/ликвидирање на оние неподобните, според тебе.
Значи, сакаш да го направиш светот поубаво место со тоа што, у глава ти е увретено дека тоа се постигнува само со отстранување на "лошите" од планетава, чија бројка може да варира помеѓу 1000, милион или милијарда.

Дали тогаш целта ги оправдува средствата?
Дали, и покрај своите добри првични намери, не би извршила страшен злостор?

Затоа, дај размислете барем 1 минута пред да склепате пост од "дури" цела реченица, и тоа на тема која бара сериозна дискусија.
 
MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Не постои злостор кој може да се оправда! Се извршило некое злодело против некоја личност, и тоа треба да се казни!
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Тешко прашање... Сепак според мене има оправдан злостор. Неможеш да му судиш на некој кој убил друг со цел да си го зачува животот. Во тој случај е живот или смрт, а се знае чиј живот е помил.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Не постои злостор кој може да се оправда! Се извршило некое злодело против некоја личност, и тоа треба да се казни!
А ако некој украде заради тоа што бил гладен...тоа е злосторство..но нели на некој начин може да се оправда...
 
MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
А ако некој украде заради тоа што бил гладен...тоа е злосторство..но нели на некој начин може да се оправда...
Глупости, ни тоа не е оправдување..зошто да кради? или оправдано му е дека е гладен и нема пари да купи? па нека побара јадење, ќе му дадам, или нека работа..нормално дека нема да го пријавам или нешто, ама сепак не е оправдување тоа!
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Глупости, ни тоа не е оправдување..зошто да кради? или оправдано му е дека е гладен и нема пари да купи? па нека побара јадење, ќе му дадам, или нека работа..нормално дека нема да го пријавам или нешто, ама сепак не е оправдување тоа!
Да бе ќе побара јадење..знаеме во колкава мера е денес хуманоста ќе ти речи оди бегај или нешто...Дури и да украде тогаш јас би оправдала...Или пак како што спомна некој погоре убиство во самоодбрана..и тоа е злочин и тоа оправдан и тоа законски оправдан..:smir:
 
MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Да бе ќе побара јадење..знаеме во колкава мера е денес хуманоста ќе ти речи оди бегај или нешто...Дури и да украде тогаш јас би оправдала...Или пак како што спомна некој погоре убиство во самоодбрана..и тоа е злочин и тоа оправдан и тоа законски оправдан..:smir:
Сепак е злостор крадењето, зависи од личноста, кој како го сфаќа...дали ќе го оправда или не!
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Дали жената која била затворена 24 години во подрум од страна на татко и би била оправдана доколку го убие?
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Дали жената која била затворена 24 години во подрум од страна на татко и би била оправдана доколку го убие?

Aко тој чин ја задоволи нејзината совест,дека полесно ќе живее кога би го убила за да му врати за нешто кое едноставно неможе да се врати и доколку мисли дека со тоа што ќе му го одземе животот ќе и се смири душата дека заслужил таква казна-Да тогаш е оправдан злостор.

Едноставно ништо нема да се смени ако го убие,зошто не постои нешто со кое таа би му нанела ни приближна болка како онаа што тој и ја има приредено.
 
потполно си во право, нема ништо да смени, но од кај знаеш може ќе и помогне.
Факт е дека живееме во свет каде што имаме привилегии и обврски, од правна гледна точка несмееш сам да казнуваш но сепак луѓе сме, убаво кажа CafeDelMar можеби тогаш полесно ќе живее ако воопшто една таква жртва може лесно да живее
 
Kajgana Shop

На врв Bottom