Шагринскa кожа

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Можам да успеам и да го постигнам она што го сакам и без таа шагринска кожа.

Премногу го ценам и сакам животот,премногу,така да по ниедна цена не би го скратила и тоа свесно.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Шагринска кожа е најШИТ лектира шо сум ја читал досега, Балзак место да кажел накратко шо како е, тој јајт л**на 400 страни. Јас читај читај скокни на опис праев. Не ја читајте! :)
И јас ја плукав книгата на времето, и мене ми пречеше истото. Ама нема, тоа е Балзак. 10 страни ќе ти потроши на опис на едно казино. Ќе читаш уште од него понатаму, па ќе видиш. :)

Инаку, на темава... Ја нејќам кожата, фала. :pipi:
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
Јас вака размислувам на темава...

Балзак во оваа книга сите не става на поле да размислиме барем 10 минути после читање на книгата. Не тера да живееме во филм, во кој ја имаме кожата, каде се е розово и прекрасно.

Но сите вие шо викате дека нема да ја земите кожата, во тој момент кога некој ви би ја понудил сум сигурна дека нема да ја одбијате.
Јас да би ја зела, да, секако. Кој не сака да живее како што живее Рафаел во книгата?

Но кога би подразмислила подобро, носам заклучок, дека цел наш живот е всушност шагринската кожа. Со сите наши грешки направени во нашиов живот со што ги плаќаме? По цена на животот! За пример ги земам, пушењето, пијањето, дрогата. Со сите овие наркотични средства, ние само си го скратуваме животот, а плаќаме единсвено со нашиот живот. Затоа како заклучок на сето ова би рекла дека, мене не ми е потребна шагринската кожа, бидеки јас ја имам неа, ја живеам, и треба да пазам каде и кога ја искористувам и смалувам.

:)
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Претпочиташ да живееш 90 години, и ништо интересно да не ти се случи, наместо да изживееш некои 40-45 со турбо живот?
Фичо, а подобро би било да живееш 90 години опкружен со фамилија и пријатели, отколку 40-45 години затворен, испотен од мака, нервозен со дволични пријатели шо само заради парите ќе бидат со тебе? о.0
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Не би ја земала... Ако сакам нешто да постигнам, сама ќе си постигнам, а не на сметка некој или нешто, зашто така не би била задоволна и би било исто како да не сум го постигнала.... Тоа е едното, а другото е тоа што за да постигнам нешто сигурно нема да си го скратам животот зашто тешко дека тоа нешто е вредно за тоа....
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Фичо, а подобро би било да живееш 90 години опкружен со фамилија и пријатели, отколку 40-45 години затворен, испотен од мака, нервозен со дволични пријатели шо само заради парите ќе бидат со тебе? о.0
Ќе ти одговорам јас.

Желбите од шагринската кожа не се ограничени да бидат само материјални работи. Значи би можел да посакаш се` што би те правело среќен, да бидеш опружен со вистински пријатели и фамилија што ќе те сака и почитува.
А и онака без кожава никој не ти гарантира дека ќе живееш 90 години сакан и ценет од околината. :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Не ми е потребно кожа за да имам се што сакам:) хаха
Ako e точно за 21 12 2012.. ПА зошто да не ја земам,ке искористам многу А НЕ ГУБАМ НИШТО:vozbud: :helou: :D
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Но сите вие шо викате дека нема да ја земите кожата, во тој момент кога некој ви би ја понудил сум сигурна дека нема да ја одбијате.
Зашто си толку сигурна? Не можеш да говориш за другите, така?

Јас нит сум била, нити ќе бидам пред работ на самоубиство за да прифатам нешто што би ми ги решило проблемите. Каква личност би била ако не можам сама да се справам со моите проблеми и чекам некој, пардон, во случајов е “нешто“ да ми ги реши наместо мене...
Останувам на моето- не би...
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Шагринската кожа се намалува во зависност од барањата, така да ако ја имаш тешко дека ќе живееш 40-45 години задоволен како што кажаа погоре. Кога нешто ти се исполнува сакаш се повеќе и повеќе и тоа ќе се истроши за неколку месеци. Кога ти е убаво не знаеш да запреш и ставиш крај.

Па според мене не вреди да живееш неколку месеци царски, а за тоа да го гарантираш животот. Затоа не ја сакам, убаво ми е и вака, кога си живеам нормално.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Ќе ти одговорам јас.

Желбите од шагринската кожа не се ограничени да бидат само материјални работи. Значи би можел да посакаш се` што би те правело среќен, да бидеш опружен со вистински пријатели и фамилија што ќе те сака и почитува.
А и онака без кожава никој не ти гарантира дека ќе живееш 90 години сакан и ценет од околината. :)
Заклучокот уствари поентата ми беше дека подобро е да живееш 90 години (90 не се ко 90, туку така е зборот :)), отколку 40-45 со незнам шо :uvo:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Заклучокот уствари поентата ми беше дека подобро е да живееш 90 години (90 не се ко 90, туку така е зборот :)), отколку 40-45 со незнам шо :uvo:
И јас не мислев буквално на 90 туку на долг живот.
Џабе ти е долг живот ако не си го одживеал како што си сакал. Кон тоа целев... :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не би ја зела под никој случај. Си го сакам животот онаков каков што ми е и каков ми го дал Господ, а и непријатностите се дел од животот. Што е тука е. Така да, и ние не знаеме што ни се пишува понатаму :)
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Добро книвче. Кожа од некое волшебно магаре што го јавале дервиши ли беше? Би зел, ако не се исплашам после остварувањето на првата желба добро е. :)
 
С

Сатори

Гостин
Сигурно ја имате прочитано : Шагринска кожа од Оноре де Балзак.

Еве на кратко што е штосот во книгата за оние кои ја немаат прочитано : еден млад човек, кој е на раб да направи самоубиство, наидува на трговец кој продава Шагринска кожа или во превод би значела кожа на тигар. Оваа Шагринска кожа, ги исполнува сите можни желби, но по цена на животот, што значи со секоја нова исполнета желба се скратува животот.

Е сега прашањево ми е, дали вие ако се најдите во таква ситуација би ја зеле оваа Шагринска кожа?
Не ми е потребна окултна магија, затоа што во практика, тоа би била кожата за да ми го даде тоа што ми е потребно.Ако нешто заслужувам тогаш ќе можам тоа и сама да го добијам.
Крајно, што ќе ми се желбите ако немам живот за да им се препуштам кога ќе се исполнат?:retard:

Јас вака размислувам на темава...

Балзак во оваа книга сите не става на поле да размислиме барем 10 минути после читање на книгата. Не тера да живееме во филм, во кој ја имаме кожата, каде се е розово и прекрасно.
Се се ... ама ова последново не ти требаше.Се издеградира сама себе до крајни граници!
 

Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Скоро сите што пишаа дека не би ја зеле имаат максимум 18 години,и некако ми се чини дека реалноста уште не ви удрила во глава.
Верувате во правда?Или дека ќе имате вечен детски живот?

Земајте кожата,скратете едно 20 години старачки живот,мочање во пелени,склероза и итн..за да изживеете бар еден асален и исполнет младачки живот...инаку кожата ќе фунционира кај луѓе што знаат што сакаат и што се умерени.Инаку ќе има ист ефект како дрога.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom