Најголемиот шверц на оружје или купување на мир?

Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
По распадот на СФРЈ сите бившо југословенски републики донесоа одлука дека имотот на поранешната федерација кој се наоѓа во некоја од републиките е имот во сопственост на таа република. Таков заклучок донесе и Македонија, беше решено тој имот да се брани од пљачкосување со сите средства, па по тој повод беше поделено оружјето од магацините на МВР и се формираше територијална одбрана.
Но од неразјаснети причини по осамостојувањето не беше побарано заминување на кадарот на ЈНА од Македонија, некој ова прашање го држеше статус кво. Председателот на државата место официјално да побара напуштање на кадарот на ЈНА на Македонија, замина на некакви преговори во Белград кои не вродија со плод, а ЈНА остана во Македонија противуставно. Македонија го имаше примерот пред себе како правните држави го бранат имот на својата земја. На режимот на Милошевиќ му беше потребна секоја пушка па во првите години од војната пред да биде уведено ембаргото беа потрошени 6 милијади долари за оружје.
Војните во Словенија и Хрватска беа разгорени а на прагот беше и војната во Босна, сите аналитичари знаеја дека Србија не може да војува на толку фронта. Ова се покажа како точно па Србија и стави крај на војната во Словенија се вкупна штета по земјата од 2/3 милони долари.
Во такви околности зацврсната Македонија постигна договор за мир со заслабнета Србија во замена за Македонскиот имот од ЈНА во противвредност од 10 милијарди американски долари.

Две прашања остануваат спорни, зошто овој договор не е постигнат веднаш ако на Србија и била целта само имотот на Македонската армија. Зошто се чекало цела година во моменти кога Србија е заслабната да и се дозволи пљачкосување на Македонија. Или можеби се чекало од тактички причини да се крене цената на имотот па со тоа и провизиите доколку имало.

Впрочем, дали има основа за корупција, ако се земе предвид дека ниедна земја не го поклони својот имот на друга. Примери се Словенија,Хрватска, Босна , Црна Гора, Словачка,Чешка итд.
 
Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Што мислисш ти како ќе одреагираше Србија/ЈНА и Милошевиќ ако тогашната мак.полиција и ТО му застанеше на пат и му речеше не даваме “нешто“ вредно 10 милијарди долари(иако мислам дека е преголема цифрата).
Ке речеа, добро момци ОК ние си идеме само со шињелите?
 
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Дали сакаш да ми кажеш дека доколку утре независно косово го побара имотот на Македонската армија, ние во име на мирот да ги пуштиме со шлепери да го однесат онаа сто ние со децении го одвојуваме од уста.
Која е границата кога една земја треба да употреби сила, според тебе не треба да пружаме отпор кога се работи за класичен грабеж.
Која држава во светот има реагирано вака?
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Што се оденсува до оружјето и заминувањето на ЈНА се се штекерите од касарните постојат два моменти...
Првиот е господинот Тупурковски кој во тоа време уште беше член на претседателството на бивша СФРЈ и како таков беше врховен командандт на вооружените сили на бившата ни заедница..и мислам дека тој држи голем дел од "заслугите" за повлекување на ЈНА на начинот на кој што тоа се случи..
Вториот е бившиот ни претседател Глигоров..кој во 1992 склучи договор со генерал Благое Аксиќ со кој потпишуваат документ за повлекување на војската на Јна..а тој документ важи колку и рецепт за готвење...оти е прогласен за меѓународна спогодба а не ратификуван во тогашниот ни парламент...
Да беше истиот потпишан на министерско ниво ќе ќарефме нешто од оружјето...
А што изгубивме..доволно е да се спомене дека 80% од бившиот имот на СФРЈ отпаѓаше на воениот дел..па сега пресметете колку процентуално сме во минус...
Од друга страна..постоеа моменти кои можеа целата работа да ја одведат во несакан тек..па наместо ...мирното отцепување од СФРЈ денес во учебниците по историја ќе пишуваше нешто друго...
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Tоа нешто друго можеше во најлош случај да биде нешто како на Црна Гора,каде сега нашите работници одат на печалба за по 500 евра да донесат и да ги прехранат своите фамилии.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Tоа нешто друго можеше во најлош случај да биде нешто како на Црна Гора,каде сега нашите работници одат на печалба за по 500 евра да донесат и да ги прехранат своите фамилии.
Или тоа или Куманово ќе беше новиот Вуковар..кој знае..колку сме патриотски настроени може уште ќе постоеше СРЈ...среќа што јужниот фронт ќе беше преголем залак за Слобо...кога веќе имаше полна уста..
Ама тоа не е поентата тука ..поентата е што ЈНА донесе политичка одлука за повлекување од Македонија во моментот кога Бадинтеровата комисија излезе со резултатите, а ние како и секогаш преговаравме на наша штета...
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
По распадот на СФРЈ сите бившо југословенски републики донесоа одлука дека имотот на поранешната федерација кој се наоѓа во некоја од републиките е имот во сопственост на таа република. Таков заклучок донесе и Македонија, беше решено тој имот да се брани од пљачкосување со сите средства, па по тој повод беше поделено оружјето од магацините на МВР и се формираше територијална одбрана.
Но од неразјаснети причини по осамостојувањето не беше побарано заминување на кадарот на ЈНА од Македонија, некој ова прашање го држеше статус кво. Председателот на државата место официјално да побара напуштање на кадарот на ЈНА на Македонија, замина на некакви преговори во Белград кои не вродија со плод, а ЈНА остана во Македонија противуставно. Македонија го имаше примерот пред себе како правните држави го бранат имот на својата земја. На режимот на Милошевиќ му беше потребна секоја пушка па во првите години од војната пред да биде уведено ембаргото беа потрошени 6 милијади долари за оружје.
Војните во Словенија и Хрватска беа разгорени а на прагот беше и војната во Босна, сите аналитичари знаеја дека Србија не може да војува на толку фронта. Ова се покажа како точно па Србија и стави крај на војната во Словенија се вкупна штета по земјата од 2/3 милони долари.
Во такви околности зацврсната Македонија постигна договор за мир со заслабнета Србија во замена за Македонскиот имот од ЈНА во противвредност од 10 милијарди американски долари.

Две прашања остануваат спорни, зошто овој договор не е постигнат веднаш ако на Србија и била целта само имотот на Македонската армија. Зошто се чекало цела година во моменти кога Србија е заслабната да и се дозволи пљачкосување на Македонија. Или можеби се чекало од тактички причини да се крене цената на имотот па со тоа и провизиите доколку имало.

Впрочем, дали има основа за корупција, ако се земе предвид дека ниедна земја не го поклони својот имот на друга. Примери се Словенија,Хрватска, Босна , Црна Гора, Словачка,Чешка итд.
Se gleda deka si mlado...ti kaza Jakov.
Nego realno nitu imase potreba od nesto,nitu pak narod toa sakase.Ne zaboravajte pojceto MK bea za so Srbite...
 
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Se gleda deka si mlado...ti kaza Jakov.
Nego realno nitu imase potreba od nesto,nitu pak narod toa sakase.Ne zaboravajte pojceto MK bea za so Srbite...
Mладо сум, ама се уште се чудам зошто бар мудриот македонски потег не го следеа ни Естонија,Белорусија,Летонија,Литванија,Украина па дури ни смешната Молдавија. Дури и германската ДДР си го зачува „својот„ имот.

Да, во право си , Македонија водеше и се уште води попаметна политика од Словенија и Хрватска, тоа и слепиот го гледа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom