Д`ткање, тревливење, потфаќање ( р, л, ш, ... )

Јас сум грд - ми се смејат, они дткат - им се смеам. Балансот во универзумот е задржан.

*посебно имаше едно од клас, збореше нормално, али на табла ептен кочеше. :pos:
 
Не можам да кажам Л , и најчесто на Лале , Шлап и други такви зборови сум предмет за исмејување :)
 
Ја го потфаќам Р-то(многу) и премногу ме нервира неможам да бидам опуштен во разговор(освен со најблиските 2-3 пријатели)
Гледам да одбгнувам зборови кои ја имаат буквата р дури и во школо кога одговарам па се добива впечаток дека помалку знам

Или друг пример во друштво кога избирам зборови само да не употребам некој со буквата р се добива впечаток незнам да склопам обична реченица па затоа и во некоја мера зборувам потивко за помалце да ме разберат

Запознавањето други луѓе ми е смрт, по претставувањето ќутам ко муле бидејќи ми е срам да кажам една обична работа плашејќи се дека ќе ми се згази од смеење во фаца:nerv::nerv::nerv:
Па уште на ова додајте му го тоа дека по природа сум срамежлив...

Знае ли некој некои вежби со кои може да се подобри изговорот на оваа буква барем во некоја мера?


А за тоа дека има кретени кои живеат да те исмеат кога е возможно ги има бајаги
Пример имам едно дете во клас кое на секое мое одговарање на табла ме емитира и предизвиква смеа во цел клас. По тоа се чувствувам ... неможе да се опише како... во тие моменти се мразам самиот себеси заради ова

П.С. да не идеше 8 години во теретана и на кик бокс до сеа ќе му го дотерав паметот ама знаете како викаат: "кај што има сила нема правдина"
 
Не е за смеење ни нај малце..само жално е ..имам еден другар пред нас се најнормално си зборуе..излезе ли пред табла неможе збор да каже и се слаби оценки вади или писмено некако едвај...али пред табла се мачи се топи тоа ми е најмногу жал
 
Ма шокети школо за Д ткачи ти супер си Д ткаш :pos2:
Знам дека е оф топик ама морав,
 
Јас неможам да ја изговарам р правилно односно наместо со јазикот ја изговарам со грлото .
 
Ја ко помал до 6-7 одд имав проблеми со Р и Л и ме курчеа луѓе што кога ке кажам нешто се смееа,и така накурчен секоја вечер пред да легнам и кога ке станам пред појадок си вежбав онака,и еден ги подобрив Р-то и Л-то,сега не се ни приметува тоа.
Полесно го научив Л-то,за Р-то малце потешко али бидна,а ни јас самиот незнам како.
 
Ја мислам дека нормално зборуем, ама коа ќе се јавам на телефон коа звони одма се здткуем.
Или коа ќе се јавам на Кејблтел за некој проблем, 15 пати ќе ја свртам реченицата.
Или со било кој непознат, чудни работи ми се дешаваат.
И на табла коа ќе излезев исто ми се дешаваше, и затоа му викав на професорот, ја ќе ја решам, објаснување не знам.


p.s. Мојот 1111 пост
 
Јас имам другари што лагираат кога зборуваат или што неможат да кажат Љубичица или Рајна Рипна Преку Река (Wајна Wипна Пwеку Wека) но јас искрено немам никаков проблем со тоа, него со мојата вилица од многу смеа понекогаш.
 
Кога бев малечка дткав, ама тоа ми беше од траума од забавиште од негователката :) па во прво ич не отворив уста, па послем второ, трето почнав да дткам, но ми помина со тек време.
сега ретко, скоро никогаш не ми се повторува тоа.
зборување пред огледало многу го оправа:smir:
 
Кога бев малечка дткав, ама тоа ми беше од траума од забавиште од негователката :) па во прво ич не отворив уста, па послем второ, трето почнав да дткам, но ми помина со тек време.
сега ретко, скоро никогаш не ми се повторува тоа.
зборување пред огледало многу го оправа:smir:

Тоа „негователките“ од градинкине и забавиштана во голем процент се лица со психо-социолошки проблеми. Сериозно зборувам.
 
Воопшто не ми смета кога енкој има говорна мана. Тоа ,,Р,, дури понекогаш звучи слатко :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom