DimceY
Jimmy
- Член од
- 20 ноември 2007
- Мислења
- 5.863
- Поени од реакции
- 5.737
Ако не не примат во НАТО на самитот во Букурешт и ако не добиеме датум за преговори со ЕУ, радикализмот, кој сега е софистициран, може да добие такви размери што ќе го загрози нашиот пат кон европските интеграции. Вака размислува бившиот премиер Владо Бучковски, кој тоа го заклучил врз основа на калкулациите што ги прави ЕУ во односите со земјите од регионов, а кои придонесуваат радикалните опции само да се засилуваат.
“Добра вест е што во Србија победи Борис Тадиќ. Но, сега работите во Брисел ќе се гледаат со поинаква диоптрија. За нив ќе биде опомена тоа што предолгото калкулирање со Србија успеа да ја радикализира состојбата што во еден момент два милиони граѓани на таа земја гласаа против Европа и нејзините вредности. Тоа пак треба да биде добра шанса за нас. Некој ќе рече веќе го нема Љубчо Георгиевски, но го има Никола Груевски кој е бетер од него. Така што, ако не ни дадат датум за преговори со ЕУ и не не примат во НАТО, може радикализмот во земјава да добие такви размери што ќе го забават нашиот пат кон тие институции“, изјави Бучковски.
нетпрес
мислам дека непотребно треси глупости ама што да праи коа тоа му е работа и убаво викаше лицето Б.Ц. на Еднооки "Треба со закон да си забранам да тресам глупости" епа ова важи и за Бучко