Читам тука, и гледам доста постови има за бојкотот на наставата кој демек треба да се случи утре!
Да разјасниме една работа, се приближуваат можните предвремени парламентарни избори, и на некоја партија и треба рејтинг!
Јас како матурант, ТВРДАМ дека 95% од матурантите сакаат матура, и ќе учат за нејзе, и не се неуки како што мислите вие постарите. Само проблемот е во тоа што еве 3 месеци пред полагање на матура, јас не знам кои предмети треба да ги полагам за да се запишам на факултетот каде планирам. Има листа, ама сите ни велат дека не е сигурна и дека може да има измени. Затоа постои незадоволство, но не го поврзувајте тоа со протестите кои ќе бидат утре. Протестите утре ќе бидат класично бегање од часови, нема да имаат врска со матурата (освен некои слепци кои навистина веруваат дека се борат за правда)!