60% од средношколците не ја положиле пробната матура

Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Цацо, не се занесувај, штрајк никад нема да биде успешен.
Колку за матурата, конкретно јас не знам дали сум поминал, зашто никако да ги добијам на тоа телефонскиот број.
У секој случај, штрајк не треба да има...
Штрајк...ебаго штрајк, ебаго пак ли да се глупира некој пред камера?
 
Macedonia2007

RED DEVIL
Член од
20 декември 2007
Мислења
1.273
Поени од реакции
3
А толку ли не си ја чукнете тоа главата дека ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ за факултет се трансформираа во ДРЖАВНА МАТУРА?!
!
Ова не е така како што изгледа демек нема да има приемни испити
Кој има тато, мама, чичо, стрина, баба, вујна и да не набројувам па ќе помине на матурата и тоа со многу добар резултат и што праиме ако се појават за 50 слободни места 100 ученици со исти резултат?
Матура како матура добро е да се полага да се издвојат малце едни од други проблемот е во моделот на полагање на матурата не е довршен до крај има многу недоречени работи
 
Macedonia2007

RED DEVIL
Член од
20 декември 2007
Мислења
1.273
Поени од реакции
3
На бројот за проверување на резулатите нема шанси да добија ѕвонев може едно 1000 пати и џабе
 
shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Јас ќе штрајкувам во петок, ама против штрајкувачите :pos:
Глупости се ова, не излегувам на штрајк, а имам и истомисленици :)
 
K

KomitaMKD

Гостин
Абе луѓе немате појма колку беше лесна матурата . Барем по македонски . Проблемот е што многу матуранти не го ни решаваа тестот .
 
А

Адриано

Гостин
добро бе стварно не ве разбирам како може да се жалите на матурата која веќе со години беше најавувана.Ај 1 година се извлековте демек не сте го учеле материјалот а ја како што знам и преклани Дон Кихот беше несалам и уште што ке го учат ке биде несалам.Тоа значи дека и пред тоа тој бил и материјалот и сега е истиот само што сега немате зелени учебници туку плави со нови автори.

од другари разбрав дека на матурата(пробна)сте имале да напишете текст во врска со тоа како ја разбирате денешницата,да напишете нешто за дрогата или некој текст за определена содржина,вториот дел бил со заокружување зарем толку е тешко да погодиш дека Хомер ја напишал Илијада или Чорбаџи теодос е од Васил Иљоски.Стварно срамота.
 
еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Моето мислење се поклопува со мислењето на оние кои полагаа пробна матура, а кои истото го сторија со цел да се запознаат со концептот,начинот и процедуата на одвивање на испитот и испитните прашања. Ваквата цел на пробниот испите беше потенцирана и од бирото, и од министерството и од нашите професори.
Токму ради тоа, задоволителниот процент на положена пробна матура, како што го кажа тетката од бирото, е послеица од тоа што повеќе од повеќето матуранти полагаа пробна маура, без претходни подготовки, а најмногу заради горенаведените цели.

Ај од прва да си кажам, за да не ме кудите и пцуете после, дека сум за државна матура и како ученик кој не дозволил на тромесечие да има оценки помали од 5ка, сум иритирана од фалшираните и купените петки, па затоа државната матура повеќе од се ме радува.

Она што не ме радува, а што вие кои гледате од страна, не можете да го сфатите, е мојот револт против неорганизираноста на концептот на одвивањето и на оценувањето на оваа фамозна државна матура.

Значи, како почетно и основно ќе ја наведам неизвесноста во корелацијата на државната матура и факултетите, која еве, 3 - 4 месеци пред одвивањето на матурата, сеуште трае, а од која зависи нашата ИДНИНА. Повеќе не би сакала да се уморувам и да објаснувам,зашто го губам времето и трпението.

И грешка сте сите, кои мислите дека ние не се трудиме и не учиме, и дека сме генерација/ии на пропаста и глупавоста. Размислете како би ви било вам, кои порано сте полагале матура и слично, кога 4 месеци пред одлучувањето на она каде сакате да студирате, односно пред одлучувањето на иднината, 50 проценти од прашањата ви се неодговорени и ова се пролонгира и пролонгира.

Сепак, на нас останува да учиме, без разлика на се. Мислам дека сите тоа многу убаво го знаат, а самото тоа што на сите пробниот дел ни изгелдаше лесен, верувам дека по изведувањето на матурата, процентот ќе се движи некаде од 90 до 95%, уствари не верувам, туку сум уверена во тоа.

И протестите се залудни, посебно сега, кога веќе поплнивме молби за полагање на матурата, кога веќе има писмено потпишани документи од страна на нас самите, дека МОЛИМЕ да ни се дозволи да полагаме матура. Ај да не бидеме цинични и апсурдни во размислувањето, па некој уште погоре кажа дека веќе почнавме со зрелоста бе дечки.

И нормално е, конфузии ќе има, а последиците ќе ги сносиме ние, како и нормално. Ама секогаш е така, секоја трансформација и напредок се такви, погледнете низ историјата.
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
Искрено....мислам дека никој не дал се од себе да реши нешо на оваа пробнава матура, затоа и се такви резултатите. Кога ке дојде вистинското нешто ке бидат поозбилни и валда нема да има волку срамни резултати.....
 
shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Искрено....мислам дека никој не дал се од себе да реши нешо на оваа пробнава матура, затоа и се такви резултатите. Кога ке дојде вистинското нешто ке бидат поозбилни и валда нема да има волку срамни резултати.....
Јас, искрено, се трудев да не оставам ни едно прашање неодговорено, затоа што сакав да си проверам до кое ниво сум со знаењево :)
А резултатите од пробната матура ги напишав во некој пост погоре.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Абе луѓе немате појма колку беше лесна матурата . Барем по македонски . Проблемот е што многу матуранти не го ни решаваа тестот .
Па тука чекав некој да биде реален..... хихи ме израдува. :vozbud:
Јас очекував поголем процент да не положи оти знам дека само некои си се потпишале и си фанале патот... и сеа 60 % не положија, па јасно дека нема да положат. Сите што се против државната матура се плашат за оценките кои ги добиле во средно да не се покажат дека подарок од професорот..... ама не важо за сите има исклучоци (не си давајте надеж тие исклучоци се ретки :pos2:).
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Искрено....мислам дека никој не дал се од себе да реши нешо на оваа пробнава матура, затоа и се такви резултатите. Кога ке дојде вистинското нешто ке бидат поозбилни и валда нема да има волку срамни резултати.....
Јас кога полагав (генерацијата пред вас) решавав се (математика), а оти не ни беше важно професорката што се грижеше за регуларности ми рече :“Ајде бре дете да си одиме порано дома“ :pos: , а послендите 2ца требаше да останат за да видат дека се е во ред со тестовите, во плико се ставаат и не знам што имаше друго....а предпоследен беше еден мој другар па имав обзир за него малце да не ме чека и ај доста ми беше еееееее (btw беше ептен лесно) :pos: :helou:
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Моето мислење се поклопува со мислењето на оние кои полагаа пробна матура, а кои истото го сторија со цел да се запознаат со концептот,начинот и процедуата на одвивање на испитот и испитните прашања. Ваквата цел на пробниот испите беше потенцирана и од бирото, и од министерството и од нашите професори.
Токму ради тоа, задоволителниот процент на положена пробна матура, како што го кажа тетката од бирото, е послеица од тоа што повеќе од повеќето матуранти полагаа пробна маура, без претходни подготовки, а најмногу заради горенаведените цели.

Ај од прва да си кажам, за да не ме кудите и пцуете после, дека сум за државна матура и како ученик кој не дозволил на тромесечие да има оценки помали од 5ка, сум иритирана од фалшираните и купените петки, па затоа државната матура повеќе од се ме радува.

Она што не ме радува, а што вие кои гледате од страна, не можете да го сфатите, е мојот револт против неорганизираноста на концептот на одвивањето и на оценувањето на оваа фамозна државна матура.

Значи, како почетно и основно ќе ја наведам неизвесноста во корелацијата на државната матура и факултетите, која еве, 3 - 4 месеци пред одвивањето на матурата, сеуште трае, а од која зависи нашата ИДНИНА. Повеќе не би сакала да се уморувам и да објаснувам,зашто го губам времето и трпението.

И грешка сте сите, кои мислите дека ние не се трудиме и не учиме, и дека сме генерација/ии на пропаста и глупавоста. Размислете како би ви било вам, кои порано сте полагале матура и слично, кога 4 месеци пред одлучувањето на она каде сакате да студирате, односно пред одлучувањето на иднината, 50 проценти од прашањата ви се неодговорени и ова се пролонгира и пролонгира.

Сепак, на нас останува да учиме, без разлика на се. Мислам дека сите тоа многу убаво го знаат, а самото тоа што на сите пробниот дел ни изгелдаше лесен, верувам дека по изведувањето на матурата, процентот ќе се движи некаде од 90 до 95%, уствари не верувам, туку сум уверена во тоа.

И протестите се залудни, посебно сега, кога веќе поплнивме молби за полагање на матурата, кога веќе има писмено потпишани документи од страна на нас самите, дека МОЛИМЕ да ни се дозволи да полагаме матура. Ај да не бидеме цинични и апсурдни во размислувањето, па некој уште погоре кажа дека веќе почнавме со зрелоста бе дечки.

И нормално е, конфузии ќе има, а последиците ќе ги сносиме ние, како и нормално. Ама секогаш е така, секоја трансформација и напредок се такви, погледнете низ историјата.
Пишав неколку пати на темава и нема да повторувам пак зашто Еци кажа се што мислев и јас:smir:
Јас сакам матура, од проста причина што ме заебаа во 2ра година останав со една четворка и таа најверојатно би значела дека нема да влезам во државна квота. Вака со матурата сигурен сум дека ќе ја надокнадам.
Меѓутоа дури деновиве се дозна кои интерни предмети ги бараат на факулетите, а да не зборам за тоа што во самото биро за развој не знаат колку ќе се гледа матурата а колку успехот од 4те години при уписите. А и за интерните, како може ја да знам како ги оценуваат во некое друго школо учениците, па и они кај мене? Никој професор нема да сака неговите деца да бидат најслаби па ќе има попуштање. Ако веќе сакаат да биде објективно покажаното знаење нека биде само со екстерни.
 
Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464

иако сум трета година уште од лани професорите ме гњават со таа фамозна матура.да ти одговорам-за упис се рачуна 70% од резултатите од полагањето,а 30% од оценките.
мислам дека треба да се полага,да се види кој навистина си ги заслужил оценките,само едниствено лошо нешто е што не може да се полагаат изборните предмети,али тоа е тоа:toe:
некако ќе се извлечеме со проектите:)
и дефинитивно сум против штрајковите-да,минатиот пат и нашата генерација се приклучи(морална поддршка и глупсоти,всушност не ни се идеше на часови)-ама едноставно џабе е се кога нема да се одложи матурата,сигурно ќе се полага
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Денес во Биро за развој рекле дека најверојатно ќе биде 70 - 30 ама сеуште не е сигурно. А не знаат ни дали ќе се собираат да речеме освоените 73 бодови или ќе се трансформираат во некаква оценка па ќе се дели со успехот, ништо не е дефинирано. Мислам зашто сега да му ја мислат кога можат во 5 до 12. Во однос на изборните има ншто што не го сфаќам - филозофија учам само во 4та год и можам да го полагам затоа што го имам 3 пати неделно. Ама и економија имам 3пати неделно, а не можам да го полагам. И ај сеа?:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom