Најлошите работи што допреле целулоид и се видени по нашите ТВ

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Гледам дека нема ваква тема и инспириран од неодамнешно за џабе игубено време со Истерувач на ѓаволот 3 дајте тука да пишуваме за филмови и серии кои не заслужуваат внимание и на нив да се губи драгоцено време, епа филмаџии и сите кои знаат за детали за т.н премиери по телевизииве нека пишат тука.
 
Eeee сте ги напишале едни од најгледаните серии! Бетмен и Робин како помали сите ги гледавме, башка квалитетни серии како Округот Оринџ и Лост се тие што му требаат на нашиот телевизиски спектар.

Хрватските теленовели - не велам дека не ги гледам, но во последно време многу ги форсираат, масовна хиперпродукција, Канал 5 доживотно имаат потпишано договор за откуп на сите серии од Ава продукција, штом една заврши, веднаш почнува друга. Темите се изгустирани (копија на латиноамериканските теленовели) и актерите се 90% истите во сите серии.

Да, Апокалипто, Телма пред неколку години имаше навистина интересен избор на филмови ама сега е за никаде. Исто така и филмовите од МТВ1 не се за гледање бидејќи се или француска продукција, или некои стари кои се репризирани по 100 пати!
 
чисти 70% од филмотеката на Телма.
Молам?
Филмската редакција во Телма е најдобра само што се гледа дека немаат многуо пари.
Често купуваат art house филмови или поалтернативни наслови. Се гледа дека тој што ги бира има вкус или барем некој концепт.

Ја даваа и серијата Мајсторот и Маргарита пред некој месец.
 
Серии;
О.С. --најдебилна на сите времиња!!!
- Канал 5 Раткаевци,
-Шпанските сите4 и мислам дека помина модатда ниедна не треба да се дава(научив више шпански довлно sd)
-Вошебнички,(малоумна)
-ЦСИ Мајами(Хорацио е куртон невиден)
Емисии;
-Исленички Џубокс(додуша освен К-15 све од МТВ)
-Куќен Совет на Сител,
-Никој да не знае на Телма(грда водителка)
-Бошко 13 доста му беше не е интересен више,
-Лила сиктер одма
на повидок Џет Сет(тешко чифте е водител иритира со гласот)
Вртелешка Весна Петрушевска бљак а и овој е ужас жив Василчо

ова ми е почеток ке им текне некоја уште па ке додадам
 
Лила Филипоска со емисијана сега шо и е
Бојанка 13ка
Сузана Турунџиева
све шо се нарекуват шпанска серија или копија на неа
ај друго ко ќе ми текнит:pos2:
 
Шпанско/Венецуелско/Аргентинско/Колумбиско/Мексиканско/Уругвајските серии со сигурност водат на листата, ама тука се и Покемон, „хумористичните“ серии од типот на Фрејзер, оние „Брзи пари“ глупости или како и да ги викаат тие со онаа брзозборката што мавта со илјадарки цело време и повторува како папагал...многу ги има...ретки се добрите работи на ТВ (секоја чест на Сител за Ало Ало, ама и тоа одамна беше).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom