Сите ја вреѓаат Југославија,но всушност во неа луѓето можеа да живеат супер.Се две добри плати градеа куќи,а бидејќи сите работеа немаше невработени луѓе,граѓаните имаа среден живот.По завршувањето на средното образование,тебе ти стига писмо за работа,а не ти да бараш работа.Владата сама ти нуди работа,а не ти да се отепаш сега ништо нема да се превземе.Луѓето се дават сега со кредити во банките,но тогаш тоа го немаше.Во неколку претходни постови видов за здравството дека го вреѓате.Што сега за една мала операција или обичен преглед ти требаат пари,а тогаш кој сака ќе иде на лечење и нема да му бараат цело богатсво за еден лек.
Југославија додека беше Тито жив беше сила,ни Германија ни Русија,ни Италија не можеа да и се споредат.Имаше добра организација во се,имаше почит кон владата,сите имаа добар живот.Супер одбрана и сите членки на Југословенската федерација беа признати и беа рамноправни.По смрта на Тито,САД удри во најголемата слабост на Југославија,а тоа беше Босна и Херцеговина,која имаше мешано население.И тогаш Косово сакаше независност,и тогаш албанците во Македонија и во Србија сакаа да создадат своја држава но не смееја да пуштат глас.Еве сега и Србија изгуби дел,а ке изгуби и Македонија ако вака се продолжи.