Наметната религија?

Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Низ неколку теми на форумов прочитав: Мојата религија е вистинска, бидејќи се залага за ова и ова и ова... вашата е лажна итн итн...

Читав и многу луѓе кои цврство веруваат во тоа... Сега следуваат прашања:
  1. Велиш дека Христијанството е она правилното, но, што ако се родеше во Ирак?
  2. Велиш дека Православието е вистинска права христијанска религија, но што ако се родеше во Бразил?
  3. Велиш дека Будизмот е вистинската верба, но што ако се родеше во Германија?
  4. Велиш дека Исламот е онаа религија која ги знае правите вредности, но што ако се родеше во Канада?
Мислам споредбиве се со цел да се одговори на прашањето:

Дали сметате дека онаа религија во која верувате е вистинската, или во неа верувате само поради тоа што сте се родиле во местото каде таа религија се практикува, сте се родиле во семејство кое е верник на Вашата религија, Вашите родители ви ја наметнале религијата?

Дали верувате дека, ако бевте родени во опкружување на друга религија, еден ден, кога ќе почнете да расудувате и размислувате ќе излезеше на површина - вистинската религија?
 
Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Интересна тема во секој случај. Јас сум христијанка и си верувам во мојата религија, ама не кажувам дека мојата религија е вистинската што е можеби малку иронично ако си верник апсолутист на пример. И религијата не е нешто што можеш да го менуваш ете грубо кажано како чорапите. Значи не сум Мадона, која ако и се допадне некоја религија повеќе и се чини поатрактивна, ќе и премини во верување или култ или поверодостојно кажано ,,брќање мода,,. Инаку сигурно е дека ако моите родители беа муслимани ќе бев и јас. Се се сведува на потребата од некаква вера потребата од религија. Според мене нема разлика како истата ќе се вика. Во мојот случај тоа е христијанството и немам потреба да го менувам (затоа што не ја сваќам религијата како нешто што се менува или трпи промени).Во таа смисла и изразот наметната (барем мене) ми звучи несоодветно. Јас сум христијанка и поради сплет на околности и поради тоа што сакам да бидам христијанка подеднакво. Инаку сите религии се вистински, нема една вистинска религија. Во суштина не е вистнска религијата, вистинска е само верата.
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Зашто менувањето религии го асоцирате со мода? Ако некои познати личности тоа го прават од тие причини незначи дека некојискрен обичен човек го прави од исти причини.

Можеш во текот на животот и те како да ги промениш гледиштата и со тие околности да преминеш во нешто друго кое што сметаш дека поубаво те претставува или ти тоа верување го преставуваш.

Ја се осеќам како да ми е наметнато и затоа не се декларирам како христијанин. Не ме интересира што некој ме крстил кога јас не сум ни знаел за себе. Имам свој систем на верување разработено колку што можам да го разработам со моите години и искуство и целта ми е никому да не наштетувам или разубедувам. Кога се осеќам нападнат пробувам да го натерам тој човек да се замисли за своите наметнати верувања доколку сфатам дека тој човек не одбрал, туку земал здраво за готово и сака да наметне нему што му е наметнато.
 
Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Зашто менувањето религии го асоцирате со мода? Ако некои познати личности тоа го прават од тие причини незначи дека некојискрен обичен човек го прави од исти причини.
Гижо, ок ти е размислувањето само едно не ми прави логика. Ако јас не верувам во Исус (на пример) што би ме натерало да верувам во Алах? Муабетот ми е дека, сите религии се сведуваат на истото-на верата. Ако ти не веруваш во едно свето писмо (еве така да се изразам) зошто би верувал во друго. Нити една религија не е научно заснована. Затоа ми е малку неверојатно дека кога некој менува религија тоа го прави од ,,религиозни причини,, или просветлување. Инаку за причините за менување на религијата можат да бидат различни и тоа да нема врска со со искреност или вистинска потерба од некоја конкретна религија.
 
Затоа реков: Можеш во текот на животот и те како да ги промениш гледиштата и со тие околности да преминеш во нешто друго кое што сметаш дека поубаво те претставува или ти тоа верување го преставуваш.

За мене религија не е да имаш потреба од идолизирање на лик, туку прифаќање цел систем на вредности и размислувања.
 
Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Ne e vistina.
Eve brat mi i tatkomi bea rodeni kako Muslimani, pa sega se Hristijani.
Jas sum roden kako Musliman, pa sega sum agnostik:)
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.542
Поени од реакции
2.727
Пикасо друже малце оф топик али ме интересира што е тоа агностик?
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Гижо, ок ти е размислувањето само едно не ми прави логика. Ако јас не верувам во Исус (на пример) што би ме натерало да верувам во Алах? Муабетот ми е дека, сите религии се сведуваат на истото-на верата. Ако ти не веруваш во едно свето писмо (еве така да се изразам) зошто би верувал во друго. Нити една религија не е научно заснована. Затоа ми е малку неверојатно дека кога некој менува религија тоа го прави од ,,религиозни причини,, или просветлување. Инаку за причините за менување на религијата можат да бидат различни и тоа да нема врска со со искреност или вистинска потерба од некоја конкретна религија.
Многу религии се базирани на иста/слична основа/стебло. Сите тие се разграниле на дрвото баш поради некоја разлика, каде поголема, каде помала.

Разликата е онаа што верниците кои ја променале верата ги натерало на таков чекор.

Инаку за твојот прв пост. Мислам дека си целосно во право. Остануваш христијанин, но сепак ти не си христијанин кој ја прочитал Библијата (ок моја претпоставка). Не го имаш прочитано Куранот за да направиш некаква споредба. Немаш многу читано за другите религии, и не си била во таков контакт, за да знаеш што нудат тие...

Значи верник, онака, колку да се верува во нешто.. нели?

Ne e vistina.
Eve brat mi i tatkomi bea rodeni kako Muslimani, pa sega se Hristijani.
Jas sum roden kako Musliman, pa sega sum agnostik:)
Тоа и ми е муабетот... Колку се чести таквите промени? 1 на 100? на 1000? Толку...

Значи ли дека не си ја знаеме верата во која веруваме туку едноставно земаме готово како што ни ја сервирале? Не Господ... туку нашите родители...
 
Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Многу религии се базирани на иста/слична основа/стебло. Сите тие се разграниле на дрвото баш поради некоја разлика, каде поголема, каде помала.

Разликата е онаа што верниците кои ја променале верата ги натерало на таков чекор.

Инаку за твојот прв пост. Мислам дека си целосно во право. Остануваш христијанин, но сепак ти не си христијанин кој ја прочитал Библијата (ок моја претпоставка). Не го имаш прочитано Куранот за да направиш некаква споредба. Немаш многу читано за другите религии, и не си била во таков контакт, за да знаеш што нудат тие...

Значи верник, онака, колку да се верува во нешто.. нели?

Тоа и ми е муабетот... Колку се чести таквите промени? 1 на 100? на 1000? Толку...

Значи ли дека не си ја знаеме верата во која веруваме туку едноставно земаме готово како што ни ја сервирале? Не Господ... туку нашите родители...
Библијата ја немам цела прочитано, ама квалитетен дел да. Од Куранот имам читано по нешто можеби недоволно за да ги забележам тие ситни разлики кои ни се потребни за да направиме разграничување помеѓу двете религии. Не мислам дека ми треба вискока стручна подготовка и целосно разбирање на сите постоечки религии за да одлучам во што да верувам. Можеби не сум во право ама колку и да читам ваква религиозна литература ако јас одлучам да не верувам во никаква виша сила нема ни да верувам. А дека сум рандом христијанин можеби и сум.:) Тоа ти е.
 
Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Тоа и ми е муабетот... Колку се чести таквите промени? 1 на 100? на 1000? Толку...

Значи ли дека не си ја знаеме верата во која веруваме туку едноставно земаме готово како што ни ја сервирале? Не Господ... туку нашите родители...
Vernik?
Koj e vernik?
Nekoj shto nosi krst, shto se krsti sekogash koga ke vidi krst i crkva, nekoj shto pali sveka pri smrten slucaj, nekoj shto mu baknuva raka na Petar itn...
Shto ako jas utre staam bel mantil i stetoskop na mene... Lekar ke bidam?
Sigurno ne.
Toa tradicionalnoto prefrluvanje na verata, ili nekoja forma na indoktrinacija trae vo tie minorni godini na deteto, pokasno sekoj sfaka i dozivuva kako shto nalagaat zakonite i opshtestvenite fenomeni.
Racionalnite no i empirickite zakoni se imperativ no i eden vid na sintagma vo podocneznoto sfakanje i dozivuvanje na religijata i veruvanjeto, bilo ontoloshki, bilo antropoloshki, bilo gnoseoloshki, bilo eticki itn...
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Toa tradicionalnoto prefrluvanje na verata, ili nekoja forma na indoktrinacija trae vo tie minorni godini na deteto, pokasno sekoj sfaka i dozivuva kako shto nalagaat zakonite i opshtestvenite fenomeni.
Racionalnite no i empirickite zakoni se imperativ no i eden vid na sintagma vo podocneznoto sfakanje i dozivuvanje na religijata i veruvanjeto, bilo ontoloshki, bilo antropoloshki, bilo gnoseoloshki, bilo eticki itn...
Колку тоа го сфаќаат тоа? Тоа ми е прашањето? 10%

А колку се воспитани на таков начин што сметаат дека САМАТА помисла на сомнеж кон религијата со која си одгоен е грев кон Бога, иако тој Бог им го наметнал некој ДРУГ? Верувај МНОГУ... 90% од верниците...

п.с. Не се однесува на некоја религија посебно... зборувам ОПШТО за сите... бидејќи сите кои ги знам се базирани на стравот од казната...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Дали сметате дека онаа религија во која верувате е вистинската, или во неа верувате само поради тоа што сте се родиле во местото каде таа религија се практикува, сте се родиле во семејство кое е верник на Вашата религија, Вашите родители ви ја наметнале религијата?
Родителите на нас со триесет и кусур години не ни наметнуваа ниедна религија, сите бевме воспитувани во духот на Марксизмот, многу ретко стварно ептен ретко меѓу младите имаше вистински верници, претежно беа Евангелисти, Адвентисти.... во црквите одеа претежно баби и дедовци, освен за велигден(се користеше прилика за до покасно се остане во град,а не од религиозни причини),имено зборот ми е од каде помладите ја прифаќаат религијата, од дома сигурно не, родителите им се од онаа другачие воспитувана генерација, во скоро секое семејство се чувствува таа разлика.
На крај, за мене веќе е касно прифаќање религија, како викаат....вол не се учи, теле се учи.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не се осеќам како да ми е наметната, навистина верувам во мојата религија и сум навистина голем верник, иако можеби не се тепам и расправам со луѓето зато што сметам дека религијата не е нешто што се наметнува туку нешто што луѓето сами си го определуваат. Горда сум што сум православна христијанка и никогаш не би променила вера или слично и кај и да се родев ќе верував во истото.
 
Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Родителите на нас со триесет и кусур години не ни наметнуваа ниедна религија, сите бевме воспитувани во духот на Марксизмот, многу ретко стварно ептен ретко меѓу младите имаше вистински верници, претежно беа Евангелисти, Адвентисти.... во црквите одеа претежно баби и дедовци, освен за велигден(се користеше прилика за до покасно се остане во град,а не од религиозни причини),имено зборот ми е од каде помладите ја прифаќаат религијата, од дома сигурно не, родителите им се од онаа другачие воспитувана генерација, во скоро секое семејство се чувствува таа разлика.
На крај, за мене веќе е касно прифаќање религија, како викаат....вол не се учи, теле се учи.
Воне е во право. Ако подобро размислам со моите родители никогаш не сме разговарале на тема религија, нити тие некогаш ме убедувале или ми го наметнувале христијанството како религија. Вистина е дека постојат многу верници ради-реда, што би рекол Димитар (што не ја прочитале библијата), или традиционални верници. Моите на пример, се декларираат како христијани би рекла заради тој социјален момент, инаку да бидеме искрени тие повеќе веруваа во Тито одошто во било што друго, условно ова, и благе везе немаат од религија, поготово татко ми :).Тогаш зошто сум јас верник, кој ми наметна или ме натера да верувам во нешто? Нити во образованието до сега сме имале веронаука. Значи можам да зборувам само за мене лично дека не ми е наметната туку дека самата сум се одлучила за таа религија.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Не се осеќам како да ми е наметната,навистина верувам во мојата религија и сум навистина голем верник,иако можеби не се тепам и расправам со луѓето зато што сметам дека религијата не е нешто што се наметнува туку нешто што луѓето сами си го определувзат.Горда сум што сум православна христијанка и никогаш не би променила вера или слично и кај и да се родев ќе верував во истото.
Верувам дека не би променила вера... но, прочитај ги четирите прашања од првиот дел...

Што доколку се родеше во Иран во муслиманско семејство? Мислиш дека ќе ја променеше (одбереше) на некои 12-13 години (кога веќе почнуваш да расудуваш како индивидуа) православната религија?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom