По којзнае кој пат: Ќе се искривува историјата

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Алтернативни историски читанки на македонски и на албански јазик, наменети за наставниците по историја и за учениците во средно образование, беа промовирани вчера во Скопје, од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа (ЦДПЈЕ).

Историските материјали, кои предлагаат ново толкување на националното минато на база на заедничкото културно и институционално балканско наследство, се дел од осумгодишниот Проект за заедничка историја, во кој учествуваат 12 земји од ЈИЕ. Се работи за четири изданија: Отоманската империја, Нациите и државите, Балканските војни и Втората светска војна, кои досега се излезени и на англиски, српски, грчки, хрватски, босански, а наскоро ќе бидат отпечатени и на јапонски јазик. Содржините кореспондираат со наставните програми по историја во регионот, во чија изработка биле вклучени и шеесетина историчари и наставници по историја.
Целта на материјалите не е обид да се менува националната историја, туку се предлага ново толкување на националното минато преку компаративен метод, рече на вчерашната презентација уредничката на изданието Христина Кулури.

- Во сите балкански земји историјата е многу важна. Училишното образование во нашите земји се концентрираше на националната историја и останаа многу празни страници за историјата на нашите соседни земји. Затоа, првата тема на нашиот проект беше знаење кое треба да даде информации едни за други, за вековите минати живеејќи заедно во мир и во војна, како пријатели, но и како непријатели. Мора да се соочиме со овие работи, рече Кулури.

Според нејзините колеги од Македонија, Ирена Стефкоска и директорот на Институтот за национална историја Тодор Чепреганов, во програмите по историја има големи промени од крајот на 1990-тите години, зашто првпат се воведуваат различни извори, идеи и интерпретации, промени кои донеле нов квалитет и пристап од историчарите. И заменик-министерот за образование Јован Лазаров верува дека на овој начин на учениците ќе им се укаже на различните толкувања во врска со поделбите, разликите, заедничките и обединувачки елементи од историјата на регионот.

Специјалниот координатор на Пактот за стабилност во ЈИЕ и претседател на бордот на директори на ЦДПЈЕ Ерхард Бусек рече дека главниот предизвик на проектот е помирувањето. Како пример ја посочи првата заедничка книга по историја меѓу Франција и Германија, објавена во 2006 година, 61 година по завршувањето на Втората светска војна. Евроамбасадорот Ерван Фуере додаде дека за помирување во Европа беа потребни над 60 години, но дека тоа не ги спречило земјите-членки на ЕУ од шест да станат 27 и да работат заедно во градењето на иднината на граѓаните.

--------------

Што ли тоа ќе се додава/менува/изостава од учебниците?!
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
па , најверојатно Мкедонија нема да постои ...
сатира , не е хумор и не ми се смее ...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Добро...а нема истакнато што ќе се менува?

Не се ни надевам на нешто позитивно... да произлезе!
 

efendi

Трпение Спасение
Член од
20 јануари 2008
Мислења
271
Поени од реакции
0
Што е ова бе, како така си дозволуваат да си играат нати го дајми го со истори, иам иам иам неам неам неам, работава. Еве ти филип дај ми александар. Ја колку што знам ние немаме дирекција за цензура, ама имаме министерство за култура, имаме универзитет за каталогизација. Ова треба да се спали на плоштад. Ме интересира само кој намлатил новац за рецензија!!!
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.030
Поени од реакции
625
Треба да изменат тоа дека сме дојдени до зад Карпатите...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И да.. Трн дај бе нешто позитивно постирај веќе еднаш :smir:
 
Х

Ханзо

Гостин
Ова е смешно...да...смешно...или не е...не бе, смешно е...
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Јасна е приказната уште штом се спомене вмешаноста на Институт отворено општество какво "кроење" ќе падне.

Паралелни истории, ново толкување, помирување...Што убаво!
Уште малку ќе испадне дека историјата е поезија, па ќе си ја толкуваме во зависност од расположение, моментални асоцијации итн.

Ова некако ме посеќа на муабетот на мојот средношколски професор по историја, кој, кога му го презентирав мојот матурски труд на тема Самиол и српските и бугарски манипулации со тој дел од историјата, ми одржа "предавање" за новите токови и тенденции во историјата, во кои се избегнува употреба на се што би можело да асоцира на национализам, нетрпеливост и слично(у превод, треба да се премолчат и извртат реалните факти за да не делуваат "вознемирувачки").
Па така, сега имаме учебници во кои се говори за присуството на турците во Македонија (зборот ропство се смета за непожелен) или за тоа дека Карпош бил егзекутиран (а, не набоден на кол, затоа што истото се смета за вознемирувачко).
А, во суштина се создаваат амбивалентни учебници, кои не му пренесуваат никаква слика или чувство на ученикот за сопствената нација и кои создаваат национално инфериорни генерации.

Значи повторно тони лаги и дезинформации...Само така може дефакто спорни и непомирливи нешта да се "проголтаат".
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Zosto Dpmne se obiduva da ja izbrise 40-45.
hint, Prilep, 11 oktomvri , napad ??? na sto ?????
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Ченто се самоуби, Тито беше педер и Бугарите беа “алтернативно настроени“ во Втора светска војна.

Ах, и Егејците си заминаа поради климатските непогоди во јужна Македонија.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
134
Поени од реакции
0
доста делби доста ооооооо ввввввввиииииииеееееее
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Абе што се чудите бе, па нормално е ова!!!

Кога заборавате борис трајковски каков “врховен командант“ беше 2001, и каде беше али ахмети таа иста година, и кој го намести Љубе Бошкоски за хаг и ред други срања кои се поттурнуваат под тепих, ќе го прифатите и ова. Не е првпат да се случува!

Кога нема нацијава свое ЈАС, ќе не дупат сите!!!!!:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom