Не е религијата крива за смртта на многу луѓе,туку црквата.
И ти реков ако ти смета религијата,биди си атеист никој не ти брани.Ама на многу луѓе таа им е потребна и нема смисла зашто на некого му пречи да ја нема.
За тебе нека не постои и готово.
И не зборев за оптимизам...за други работи..ама ме мрзи да ти објаснувам...
Црквата е дел од религијата,
ако црквата е виновна за смртта на огромен број луѓе,тогаш, и религијата е виновна за смртта на луѓето за кои што е виновна црквата...
( еве пример: ако мојата рака е дел од мене,и таа е виновна за смртта на некој човек,тогаш и јас сум виновен за смртта на тој човек... )
И јас сега ова и викам на црквата:
Ако ви смета „кодот на давинчи“,тогаш игнорирајтего,никој не ви го забранува тоа...
или во времето на инквизицијата би го рекол ова (и потоа веднаш би бил запален на клада):
Ако вас ви смета вистината,тогаш престанете да правите и таа да им смета на идните генерации...
А ова би ти го рекол на тебе:
Ако религијата ти е потребна,тогаш верувај во што сакаш,но оставиги оние кои што сакаат да размислуваат слободно да го прават тоа (во сегашноста тие луѓе се: генетските инжињери и многу други).Нема смисла религијата да постои само поради тоа што таа им е потребна на некои луѓе кои живеат во сопствен виртуелен свет,затоа што постојат многу луѓе кои се жртви на религијата,и поради тоа што религијата им наштетила на многу повеќе луѓе одколку што им помогнала.
Хмммм...немам коментар. Тврдоглавоста е тешко илзечива категорија, но не е толку страшно. Оние кои сега веруваат, до „вчера„ и самите беа неприемчиви за Божјата вистина. Најдобар пример за тоа е разбојникот на крстот, кој во Христа поверува ПРЕД да издивне и да отиде од овој свет. Така, јасно е дека ПРВ кој влезе во Рајот е багабонтот од крстот, кој ЦЕЛИОТ живот го поминал во неверие и кој бил учесник во некое убиство во Ерусалим, но ете, Божјата немерлива милост го однесе на вистинското место.
Во право си,тврдоглавоста е речиси невозможно да ја излечиш,
на оние кои веруваат дека религијата постои за да го направи овој свет подобро место за живеење и имаат решено да живеат во сопствен виртуелен свет,поради нивната тврдоглавост,никако неможат да ја сватат вистината во овој реален свет,во кој сите живееме,а тоа е дека целта на религијата е да прави лоши работи низ овој свет,и да ги држи луѓето во мрак и незнаење...
Патем кажано, Бог не присилува никого да се однесува вака или така, што значи дека не притиска врз човековата СЛОБОДНА ВОЛЈА. Невидениот пораст на криминалот и развратот во светот сами по себе се најдобар доказ за тоа. Уштте помалку Бог ги ограничува луѓето да ги испитуваат световните вистни. Влезот на науките во „црвено„ сам засебе зборува дека Божјата забрана не ПРИСИСЛУВА никого, но затоа НАВРЕМЕНО укажува на последиците.
Тоа што бог,и неговите ученици,
НЕ УСПЕВААТ во: присилувањето,оневозможувањето на слободната волја, ограничувањето на човечкото знаење,докажувањето дека она што за верниците е вистина во нивниот виртуелен свет, во овој свет тоа е лага и. т. н. незначи и дека не се обидуваат да го сторат тоа....
Навремено укажува на последиците:
кои последици?
На последицата од развојот медицината ( т.е. зголемувањето на просечниот животен век на човекот ) ?